Здраво.Дали ги знаете цените за породување во Ремедика со сите испитувања колку би можела да биде цената и Санте плус.И некоја да сподели искуства.
Ете, тоа е убаво За без осигурување не знаев па затоа и не коментирав, за со осигурување знам дека сите испитувања за трудници се бесплатни во државно здравство.
Ако си осигурана сите испитувања ти се бесплатни на државно, во авицена за трудници имаш бесплатна крвна слика и урина.
Да да.. Исто упат за тоа шо треба да испитуваш, приска, скрининг, торч, д димери, скриен шеќер итн...
Тоа да, мислев за во Авицена конкретно со упат од матичен можеш бесплатно да испиташ само крвна слика и урина така?
Дали сте сигурни за д димери? Мене сестрата кај матичниот гинеколог ми рече дека упат за д димери може да ми даде само за на трансфузиологија, но не и во приватните ланоратории. За таму може само крвна слика/ урина, скриен шеќер…
2 бремености имав, со двете испитував бесплатно на клиника за трансфузиологија. Се што ти е на државно не плаќаш, како што пишав погоре. Во авицена испитував к слика и урина кажуваш трудница си и толку.
Zdravo na site, Nekoj sega vo poskoro vreme sto se porodil carski rez vo Remedika, da ni kaze kakvi se trosocite i uslugata?
Здраво, ова прашање е повеќе е за пост породилниот преглед. Се јавив во систина да прашам дали прв преглед се наплаќа (не вадење конци) и ми рекоа докторот одлучува, и одговоров ми е малоумен. Викам дали е вклучен овој преглед во пакетот, тас пак, докторот одлучува Некој скоро да бил па да ми каже да знам дали да закажам таму или лжкак матичната да одам. Фала.
Јас се водев во Систина кај Корнелија, прегледот после 40 дена не ми го наплатија. ( ова во јануари, се надевам немаат сменето нешто... ) Исто и вадење конци. Исто имав и проблеми со раната па бев два пати плус да ми ја видат, не ми наплатија ништо
Не се наплаќа. А и не може матична да ти вади конци, не е оператор, нека те види докторот што те оперирал.
Некоја што има искуство од Санте плус и ГАК да сподели за цени,искуство со доктори,општо услугите на болниците како се?