Фала ти ,за бебе прегледиве што мислите? Ги направивте?Нешто прочитав и вакцина се прима(на Гак знам прими малата).
Veke preteraa so cenite,vistinska zlobotreba pravat privatnite so faktot deka nemame drzavno zdrastvo, pa sme primorani Po sekoja cena kaj niv
Јас ги правев и за двете (интолеранцијата само за второто, тогаш беше бесплатна). Ортопедски не мораш ако си го однесеш бебето за брзо на ортопед и онака таа докторка таму за ништо не ја бива, а другите јас би ги правела обавезно. Се прима вакцина за хепатит 24 саати од раѓање, после 8 дена бсг и после продолжуваш во диспанзер.
Јас ги направив сите прегледи. И за цистична фиброза испитуваат по ново, тоа е веќе влезено во пакетот, не прашуваат дали сакаш. Вакцини прими две. БСЖ утредента откако се роди и на ден на испис прими и за хепатитис Б.
Зависи кога ќе почнеш со ЦТГ, тогаш се плаќаат тие 7000. Јас во 34+ почнав, тогаш платив. Во тие 7000 спаѓаат сите прегледи до крај, проверките за крв и урина, инфективен скрининг. А пред да си одиш, прават пресметка и тогаш плаќаш за царскиот.
Цистична фиброза и тсх скрининг прават на детска клиника, задолжителни и бесплатни скрининзи се, од сите породилишта во државата ги праќаат таму. Ова и пред 2,5 години беше јас кога се пораѓав. Инаку мене во Ремедика ништо не ме прашаа, на крај на испис ми кажаа само кои анализи се направени и сѐ ми наплатија дополнително (крвна група мораше зошто сум рх негатив, скрининг за слух, ортопедски преглед и ехо на мозоче)
Да, само во државна ги прават и најбезвезе работа ми беше за резултатите, ‘ако има нешто ќе ви се јават за две недели, ако не ви се јават значи се е ок.’ Втф, јас најчесто и не знам кај ми е телефонот, на непознати не кревам, тие две недели не го испуштав од раце. А за дополнителните испитувања, исто и мене пред 3 години не ме прашаа туку на цтг кога бев ми кажаа што ќе испитаат и си знаев. Ама сега пред 8 месеци кога се породив, дојде вработена од администрација ми објасни и ме праша што сакам да испитаат. Се потпишав за трите прегледи, овој за интолеранција на лактоза беше бесплатен до нова година и по избор и си реков зошто да не. За крвна група поминав со картончето од црвен крст.
Не се сеќавам јас што ми кажаа на испис, Марина сигурно ми објасна ама јас во бунило бев па после се чудев што им значи во отпусната листа CF направен, од други дознав што е, дека е скрининг за цистична фиброза Не се сеќавам ни дали ми кажале дека ако има нешто ќе се јават да кажат. Ништо инаку не ми кажаа ни претходно за дополнителни анализи, никаде не ми дадоа да потпишам. Крвна група мораше за бебе, зашто требаше Рогам да примам. Само усно ме известија дека треба да останеме 2 дена плус заради бебето (првите 2 дена во инкубатор беше) и на крај вкупната сумата што ја плативме ми дојде исто како царски да сум се пораѓала, а природно се породив. Тогаш инаку тие 6000 што се оставаа како капар кога ќе почнеш со цтг во 36-та и што влегуваа во сумата за пораѓај, имаа заборавено да ми ги одбијат, дури и мм заборавил, ама фер беа, ми се јавија ми кажаа и ми ги вратија парите.
И ние ги направивме,и еве сега ми спомнаа дека ортопедот препорачува широк повој ,ќе видам утре на испис што ќе кажат.Некој друг доби ваква препорака?
Препорачуваат и кај нас исто беше препорака да се става. Имаше проблем со едно колкче ама не ставав широк повој само со вежбите се среди и еве супер е.
Ортопедот од Ремедика требало не требало препорачува, на сите истото. И сестрите обука кога прават за бањање, го кажуваат тоа и истото го пишува во извештајот од нивниот ортопед. Јас тој преглед го направив во Ремедика само за да имам колку толку инфо дали е сè во ред додека отидам кај саглам ортопед, совети од Иванка не ми значат.
@0ли @Brpbrp значи кај сите исто...Да сеа на едукација за бањање ми кажаа сестрите,ќе видам утре на испраќање што се ќе кажат.И незз дал да ги послушам за повојов
Истото ќе ви го каже и педијатарот што ќе ви е на испис. Мене ми нагласија дека така препорачува нивниот ортопед, а јас како сакам, важно сè е во ред. Превентивно препорачувала повој Ни за првото не ставав, не планирам да ставам ни сега.
И во Систина препорачуваат широк повој и исто на испис повторуваат сестрите. Јас не ставав, ниту отидов таму на препорачаната контрола на 2 месеци. Си отидов кај друг ортопед, ја видоа на ехо, ми дадоа совети за се што треба во наредните неколу месеци да се прави и ми рекоа супер што не сум ставала широк повој, затоа што и да има проблем повојот нема да го реши.
Исто! Породена во Ремедика, свесно го игнорирав советот и Талески кој ја прегледа малата на 2м ми го кажа истово
Некој што се породил сега брзо на Гак? Искуство искрено од прва рака?Конкретно за царски,со првото сум царски Многу претераа со цениве во Систина....Со Првото таму бев сеа со второво ми е многу пари стварно...