1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цени за породување

Дискусија во 'Бременост' започната од love23, 16 февруари 2012.

  1. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    298
    Е извини тогаш ова е ново со епедуралов. Прегледите за мајката ПРЕД пораѓај не спаѓаат во тие 6000. Само ЦТГ, крвна слика и едно ехо мислам на крај. После пораѓајот имаш еден преглед на 40 ден со ехо .
    За бебето пред 3 год. беа бесплатни прегледите до месец дена, а сега ни наплаќаа преглед (а одевме на 3 дена) по 300 денари. Малку ме изнервира тоа ама ај.
    А за тие 6000 ден не се замарај, значи 100% на крај ќе ти бидат обиени од цената. За епедуралот стварно не знам. Порано се наплаќаше. Ти испринтај ова од страната со цениве и на крај ако ти ја наплтатат епедуралната, ќе се побуниш, што ти е гајле.
    Иначе да изгубени се тие на шалтер. Тие наплаќаат што ќе им напише док.
    пр. тој може и пап и брисеви да ти зема, а да стави за наплата консултација.
    Те читам одиш таму на контроли цела бременост. СИТЕ прегледи ти ги наплатаја???
    Мене не.
    Е сега мене ми е познат док што ме прегледуваше и пораѓаше така да некои од прегледите не ми беа наплатени. Јас кога одев не закажував на пола од прегледите, со него си се договарав и не ми ги наплќаше тие прегледи. Ти цело време си одиш кај ист док?
    Те прашувам бидејќи и другарка ми си оди кај друг док. во ремедика (не и ни познат ни ништо) и тој не и го наплаќа секој преглед.
     
  2. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    189
    Одам кај двајца и секој преглед ми го наплатуваат. Кај докторкава одам за скрининзи, воедно и докторот ме праќа кај неа, а за останатото си одев кај него. Ма да останатото беше преглед некој на почетокот, повеќе за консултација и си го избрав него да ме пораѓа. Инаку точно што велиш дека не секој преглед докторите го наплаќаат, јас кога бев да се видам со докторов ми рече сега цтг-то не се наплаќа, ќе се јавиш само која смена сум за да дојдам да направиме повторно и да ме зирне на ехо, ама јас веќе претходно си закажав кај докторкава за брисеви затоа што тогаш неможев да дојдам таа смена кога ми беше докторот и ми наплатија се :| а воедно и ми рече ајде да те видам на ехо, ме прати крв да ми земат за нешто а јас не ни очекував и кога ја видов фактурата ми се стемни. Убаво си рече докторот, збореше за некоја подготовка за пораѓајот дека нема потреба од тоа, за што сега сфаќам дека мислел на тие 6000 денари, да знаев немаше да одам кај докторкава ама тоа е, бидна веќе :| Убаво си велиш, да си го испринтам јас ценовников да не ме изненадат на крај, само едно ме чуди, за тие 6000 денари ти дадоа некаква потврда дека ти е платено? Незнам зошто ама некако се осетив како на пазар да сум, одиш и прво нешто те прашуваат а за плаќањето знаете како оди, нели... :|
     
  3. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    298
    За 6000 ден. ми дадоа фактура. Нели оние стандарните листови што ни ги даваат како доказ дека сме платиле. Плус на неа фискална закачена од 6000 ден. и на сметката (листот од кај нив) ми пишува подготовка за пораѓај = 6000 ден. - баш сега ја проверива сметката. Јас си ја чував нели да не ме изненадат на крај, ама немав никаов проблем, си доплатив ете ти кажав 84000 ден.
    Ти кога ги даде тие 6000 ден не ти дадоа таква сметка-потврда каде што е специфично нагласено дека се ПОДГОТОВКА ЗА ПОРАЃАЈ?
    Значи да не те опнала таа 6000 ден за прегледов-ЦТГ, крв, брисеви и ехо онака стандарно????
    Не сакам да звучам губо ама си требала да си одиш кај док што ќе те пораѓа.
    Сеедно, ако те опнала (односно да си го платила прегледот) да одиш кај док што ќе те пораѓа и да му кажеш. Пожали се таму, ај кој ги врти. Ова се зависи што ти пишува на сметката.
     
  4. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    189
    На фактурата стои дека треба да се платат брисеви од 1100 денари и породилната подготовка од 6000. Јас затоа што не знаев и не носев толку пари со мене, си ги платив само брисевите а за подготовката потпишував некаква изјава дека во рок од 7 дена ќе го надоместам долгот, ми зедоа фотокопија од лична карта на фактурата стои дека се платени брисевите и има фискална само за тоа. Е сега треба да одам утре пак за цтг-то па прво ќе си побарам да се видам со докторот и ќе му кажам што била работата а после пред заминување да си ги платам тие 6000 ама ќе им барам да ми издадат нова фактура каде што ќе ми стои дека ми се платени тие пари, само незнам кој ќе ми ја куца пак, нели тоа докторот го дава и се оди на шалтер за плаќање :^) Како и да е, се надевам ќе ми издадат неаков документ за да можам на крај да си го покажам. Него што ме филма мм, вели а замисли сега докторот да отиде во Систина, ќе си ги почастиме со 100 евра и пак на друго место за пораѓај :lol: Иначе да си знаев јас дека вака ќе ми тутнат да си платам ќе си одев кај него, убаво си рече тој нема потреба од нкакви подготовки, ама бидна. Ете за наредните после мене нека си знаат однапред и да не се летнат како мене вака :|
     
  5. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    298
    Ако отиде док во Систина ти ке си најдеш нов док во Ремедика, сигурно нема да им ги опростиш парите :) Штом така ти пишува на сметката тоа е добро, значи доплати си ги тие 6000 ден, и на крај ќе ти ги одбијат, всушност тие 6000 така ги викаат - подготовка за пораѓај.
    Бидејќи нели ти можеш да си тераш ЦТГ на клиника за 150 ден. и кога ќе ти пукне водењак или те фатат болки да одиш во Ремедика сигурно дека ќе те породат, и тие 6000 ден ќе ти ги наплатат пак.
    Вака си тераш ЦТГ таму, те пратат (ако има проблем ќе те зинат на ехо и нема сигурно да ти го наплатат пак). ЈАс така на едно ЦТГ имаше некој проблем и ме гледаа на ехо, па ми рекоа дојди вечер пак на ЦТГ, па вечерта немаше проблем.
    Така да не се секирај, само опуштено, верувај дека ќе ја добиеш цела потребна нега и винимание. Само со лесно.
     
    На Cliona му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bela-imela

    bela-imela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    128
    Клиона обавезно да пишеш како си поминала во Ремедика :*
     
  7. fionas

    fionas Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    10
    Знае ли некоја мамичка што се пораѓала во Систина да ми каже како се движат цените за природно породување и за царски рез.
     
  8. DanielaXyz

    DanielaXyz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    5
    Имам едно прашање.
    Јас треба да се породам во државната болница во Тетово.
    Хипотетички, ако сум во Скопје кога ќе ми пукне водењакот и нема време да отидам до Тетово и морам да идам во Државна болница во Скопје без упат - дали ќе ме примат? Колку ќе чини породувањето?
     
  9. kostadinka24

    kostadinka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересираат цените во плодност битола иако ми е рано за порајгај сепак да се информирам,доколку се има некоја сега брзо породено таму.
     
  10. gjul

    gjul Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2012
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    245
    devojki piste mi kako e u drzavna za poragaj kako se odnesuvaat so pacientki so dijabetes inaku i jas sum dijabeticar pa me interesira zasto vremeto si letadali nekako posebno postapuvaat so takvite pacienti mislam ne da gi mazaat pazaat ili sto bilo nego dali ima nekoj tretman zasto slusnav imalo slucaevi nemozat spontano da se porodat pa so provokacija odat i me interesira kaj e podobro cair ili drzavna :)
     
  11. iva-na-na

    iva-na-na Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    http://plodnost.com.mk/portal/mk спонтано породување 35000 денари со 3 болнички денови, царски рез 62500 со 5 болнички денови, досега според мене најефтино во приватна болница...алал да им е
     
  12. Daci07

    Daci07 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    21
    Да колешката од работа се породе во Плодност-Битола со царски рез и ептен е задоволна од услугата ако имаш вреди да дадеш,а богами и да немаш за доброто на детето ќе се снаоѓаш само се да биди во ред со малиот ангел....а и јас здравје боже планирам таму па ќе видиме како ќе е што ќе е........Поздрав мамички :inlove:
     
    На kostadinka24 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Не им е добро за цениве па нема со златна лажица да сркам срамота е ова јас од каде да најдам толку пари за на приватно,цела година да собирам па нема да соберам цццц. Плаќам здравство и да одам со сини картони на приватно епа не е нормално тоа озбилно на 2 места плаќаш и да не поминеш бесплатно па бременоста нне е болест тоа е природна работа.
     
  14. Daci07

    Daci07 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    21
    Е да во право си можеби се многу пари кога ќе видиш на прв поглед....но тие пари ги даваме за нешто безврска а кога гледам дека сум задоволна од услугата во Плодност кога гледам како ме третираат таму,како не треба да доплаќам нисто освен тие еднаш дадени пари да ви кажам ич не жалам...Но тоа е индивидуално секој си знае што е најдобро за него и секој има право на предлог и мислење.... 8)
     
    На kostadinka24 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Најбитно е бебушите и ние да сме здрави и живи
    Ако раѓам не сум кралица,па да се лигавам некој да ми виси на глава
    Што ни фали на нас државно што сме се породиле?
    Не ми треба насмеано лице со чашата вода над глава,ако скраја да е со бебето нешто не е во ред
    И онака ако зашкрипи нешто одма на државно ги депортираат
    Па вие како сакате
    Јас немав пари за приватно,а не ни помислив
    А кредит не би ни земала за тој луксуз,пре би направила подобри (домашни ) услови за тоа бебе
     
    На natemila и artemidis им се допаѓа ова.
  16. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    И јас така мислам.
    Не сум сеуште бремена, ама не помислувам да давам толку пари, мислам 1000 евра, кај да ги најдам. Што знам... :^)

    А девојки дали знаете прилеп како се цените, и во државни и во приватни, ако некоја знае, баш ме интересира дали се скапи и овие нашиве хехехе
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  17. StEfAnIjA-84

    StEfAnIjA-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    33
    Некогаш кога имаме некои работи кои ни се побитни од се, не гледаме на пари само на решавање на проблемот... Со оглед на тоа кај се сум била и како сум поминала, можам да кажам дека и јас одам во Плодност и баш сум задоволна... :D немам зажалено воопшто, баш напротив :)
     
  18. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Не сум бремена,а не ни планирам во скоро време.Но за неколку години здравје.
    Се надевам дека ќе имам средства за приватно,од проста причина што условите државно се лоши,да бидеме реални.
    А особено коса ми се дига,кога ќе ги видам мед.сестри од средно што одат на пракса и тие да се грижат за мое бебе?Некое девојчурче што нема ни основни познавања што се вика,да ми го бања таму и слично.Е тоа ме вади од такт.
    не викам не,можеби тие девојчиња пазат многу повеќе од возрасните вработени таму,ама некое 16-17 годишно дете да ми се грижи за бебето-е мало морген.
    А на нив се им даваат да прават,не се будали да се замаараат вработените што се.
     
  19. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    јас пред 6 години се породив во државна болница во скопје, а другарка одеше во систина и на прегледи и на породување и до породувањето не успееа да откријат дека детето е со некој си дефект и се роди мртво, значи ако е се во ред и ако треба да биде кади и да се порагаш е исто, а дека тебе некој ке ти го бања бебето без искуство мислам нема логика, може само хигената да е поразлична а дека тие на приватно се нешто по обучени од овие на државно немора да значи.
     
    На Draginja, forumka, TSS и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Аха а ако и падне ко на пример,бидејќи не е доволно обучена?
    Не можеш да ме убедиш дека тие државно пазат повеќе од приватно,и не е само хигиената подобра верувај.
    Братучедка ми се породи скоро во приватна болница и помина одлично,храната супер,хигиена,редовно доктори,сестри посети,било кога безразика ден или ноќ има луѓе.
    А не државно,за вода ќе умреш,нема да има кој да ти даде.