Да фала ти, најдов флаер за цел пакет не знаев само дали и колку се наплаќа цтг. Јас цела бременост ја терам таму па ако одлучам 100% за таму ми кажаа дека цтг влегува во пакетот
И на приватно ги исклучуваат порано клексаните, бар во мојот случај пред 3 години беше така. Неколку дена пред термин ми ги прекина докторот во Систина клексаните.
Со царски беше? Јас баш на следна контрола ќе прашам и за фраксипаринот кога би го прекинале за природно породување здравје имам време 26та недела сум ама со комплицирана бременост, серклаж, цела историја и од пред бременост операции и сега во Систина, некако се посигурно се осеќам да се породам таму, ептен па ако тргне бебе да излегува рано тогаш мислам би отишла на ГАК не друго, немам финансии за дневната грижа за прематурче во Систина.
На итен царски завршив, а почнавме со провокации ама не сакаше на природно да излезе И јас одам во Систина таму се осеќам посигурно исто сум со серклаж ама и јас уште се немам одлучено за породување најреално заради финансиите. Ќе ти каже и самиот доктор за фраксипиринот, јас сега треба да правам контрола на трансфузиологија па ќе видиме дали ќе продолжам со клексанот.
Иста сум ја сум со клексани од трансфер, значи ми рекоа цела бременост ке примам по совет на скрининг кај Димчев, дека е добро за бебенцето да има проток и сл,и најчесто се оди на царски , дека после тоа пак ке ми ги дадат, значи џабе им збориш, се навредуваат као еве демак ние доктори сме ние знаеме, и на крај бегаат од секаква одговорност. Искрено јас и од Систина сум разочарана, тоа веќе таму не личи на приватна болница,никаков пристап, исто е ко на државна само подобри услови. Трагедија ни е здравството само Бог да не чува.
Премногу пациенти имаат Систина и н можатда издржат искрено зошто и таму се сведува на неколку доктори,а за да ги задоволат сите не можат и да сакаат.Мислам дека Ремедика и плодност го немаат овој проблем.
Абе нека си примат плус луѓе или нека намалат со трката за пари. Систина почнува да личи на јавно здравство. Начукале цени, а искрено на пултовите добиваш арогантен однос и никаков одговор. Јас тоа се би истерала.
Леле тие стринките на пулт само се мислам кога ќе ги замава маж ми јас на строг бед рест, ај чекав за кај докторот 40мин одам за извештај таа ми вика ај иди доле нека ти дадат (а седат 4) молам? Да се шетам јас за ти да испечатиш еден лист кокошко Проблемот е што кај 3 4ца доктори мислам форсираме сите и тој хаос настанува поради премногу пациенти на малце доктори, НО не ги набивај прегледите на 5 10мин за повеќе пари во денот кога гледаш дека е невозможно да се запазат термините.
На први кат на Гинекологија има по четири смрдли на пулт, а само една работи и плус, секако, е намќор. Ни повелете, ни пријатно. Неколку пати чекав да ми наплати ,а таа со колешката си покажуваше слики за некоја блуза.
Знам дека се преоптоварени, ама менаџментот затоа служи, треба да вработат повеќе доктори, зошто минатиот преглед мојот доктор беше отсутен, и ме упатија кај друг доктор , требаше ехо да ми направи, не знаеше да го вклучи мониторот, ми стави кило гел на стомакот, и си платив 4000 ден без да ја видам беба а тргнав на пат, значи што понатака.
Да и плус тоа, и јас го имам забележано, значи мислат не знам кај се, абе твое е да ми се насмееш и услужиш а не ти и се обраќаш она си прави муабет, баш ги опиша прави кокошки. Значи треба да се позанимаваат со персоналот оти болницата е иста ко на ГАК да си, само што после секое излегување од преглед си полесен за 4000-6000 илјадарки. Епа мало морген.
Абе ајде викам што ке реагирам ако ми затреба нешто да не правам драми, ама реално треба како они што се понашаат така и да си добиваат.
Нема процедура. Треба да имаш кредитна картичка, тебе ти ја наплаќаат цела сум после ти враќаш рати кон банката.