Ти си прошла добро некоја друга не прошла и затоа си одат во приватно. Јас на ГАК за прв скрининг бев цел ми го утна и тоа на убав ехо апарат, што повеќе? Првата неуспешна бременост во рана фаза матичната ме праќа како за вонматерична и таму во амбуланта на ГАК 3 доктпрки ме гледаа јајникот ќе ми го извадеа дека се сомневале на вонматерична среќа друга докторка дојде па виде дека е во матка само прерано е да се види. Кога бев со стомачен вирус не сакаше таа на ГАК да ме прегледа ми вика оди на токсикологија имаш труење со храна, а уствари мене и плодова вода ми се намалила али среќа ова го увиде таа во систина и превзема мерки. И да 3то да би раѓала пак би земала кредит да родам зошто на гак не успеав да мрднам од 6та недела понатака, а во систина 2 родив.
Па мене ми е пологично да земам кредит за пораѓај отколку за одмор пример. Навистина незнам што е чудно.
Ок, ама уште почудно ми е што се зима кредит за породување, ама ако детето е предвреме родено или има компликации и треба да е во инкубатор, тогаш може на клиника, пошо се нема пари за приватно? Нели е малку крипи?
Досадни сте со ова "зошто се фрлаат пари на приватно". Што ве боли пичона на што си ги даваат парите луѓето, кои сами си ги заработиле?
Имаше еден виц, во парк некоја жена ја прашува мајкава, ваше ли е детето? И оваа вика уште три рати од кредитот имам па после мое е..
Abe smeshno e ama i zhalno e. Se slagam deka e ok o na drzhavno cisto, sredeno. Ama luge od traumi zemaat krediti ili za da ne gi dobijat tie traumi zemaat krediti. Ne mozhe covek da se.stai na sekomu vo kozha
Ич да ти кажам не ми е гајле, ама на пример многу е неубаво кога истите плукаат по оние кои земаат кредит за одмор, а не за приватно породување! Мислам
Не знам што толку се осеќате повикано да коментирате кој за што зема или не зема кредит во животот. Да не збориме дека кредитот ти е уствари рати без камата во Систина ама си посигурна за односот кој ќе го добиеш од персоналот и ќе се фокусираш на пораѓајот и детето а не да се тресеш на каков фрик ќе налеташ во најосетливи моменти и дали ќе те истретираат или земат на време. Па јас рака сечам дека 90% од жените овде земале дебилен кредит за епилатор лумеа, тв, фрижидер од сетек нептун каде сме плаќале мин 3000ден плус скриено мало каматиче ама нели сега ако земе на рати да си плати за дете е глупо и ретардирано. Како се дрзнувате да коментирате а притоа не знаете која од каква причина посегнала по тоа? Еве пример знам човек што има 2500еур плата па кога има рати без камата некаде си ги зима за да не ги даде топтан сите пари наеднаш и сега што?! Мене ми беа побарани 1000еур унапред за да ме "третираат" на клиника (цел тим не се возбудувајте и барајте инфо и детали не давам не ми е тоа поента) па со мм одлучивме дека 1000еур да ги дадеме на незавршена работа и притоа ни рекоа ако е ноќ,викенд,празник не би дошле нормално одлучивме дека ќе си продолжиме во Систина кај доктор што веќе имаме доверба и искуство. Многу би ни било на сите поубаво кога би си ја гледале својата работа да не речам буџет И да крајно жална е состојбата во здравството каде си плаќаме со години осигурање и на крај не може да се искористи без дебели врски и тресење. Приватниве затоа отидоа во плафон зошто состојбата ни е таква каква е за жал и кадарот е тој, преморен, растрчан и незадоволството го истура врз пациентите.
Еве да ви кажам дека луѓе зимаат кредити ланче сваровски да купат... не па за пораѓај. И тоа дека комплицирани случаи праќаат на клиника не е точно, џабе се збори. Во Систина бар има тим од секакви доктори и услови за третирање на секакви состојби. Ако имаш да платиш, никој нема да те прати на ГАК. Јас лично знам за две докторки специјалистки што работат на Клиника и они и сопрузите им се доктори и се породија во Систина. Едниот случај беше баш комплицирана бременост и поголем тим ја водеше во Систина. Ако тие не можат да најдат врски за да се породат најдобро на ГАК, не знам кој може. Зошто идат у Систина? Така што, кој за што сака ќе троши пари. За жал, сум осетила на своја кожа рано во животот дека џабе се сите пари на светот без здравје, па и последен денар да ми е, ќе го дадам за се чувствувам безбедно и сигурно. Пари се заработуваат секако.
Често читам за додатни скриени трошоци, па тие што се пораѓале во систина без да ја следат таму бременоста само во склоп на пакетот за породување што ви имаат наплатено додатно и колку?
Најлошо искуство што имам е да не видат аномалија кај бебето кое ми почина во 39та недела. И јас водена по тоа прва нормална бременост се породив државно супер искуство здраво право дете. Втората бременост нормална исто, опуштено цело време, не ни помислував на приватно да одам. Се случи тоа што се случи, да изгубам дете. Не велам дека во приватните не грешат но нема споредба... Трета бременост од позитивен тест одма почнав на приватно. Не стапнав ниту на Гак ниту во Чаир.
Zdravo majki, Dali i znaete momentalnite ceni za carski rez vo Sistina, Remedika, Sante Plus i Plodnost?
Здраво на сите Дали сте информирани за цената за спонтано породување во Ремедика е сеуште 70.000 денари или се покачени цените? И дали има некоја што е штотуку породена во Ремедика, може да ми пише би ми биле потребни дополнителни информации Поздрав,
Ремедика 120000 и нешто илјади е спонтано,јас се породив царски во јуни али цените им се покачени.ќе си носиш се за тебе од хигиена,во врска со негата им е врв сестрите се злато.Два пати сум породена и педијатрите се многу многу добри
И мене ме интересира.. и сакам инфо од членка што се пораѓала природно сега скоро... сакам да одам приватнп ажа мз како оди процесурата.. кокку претходно треба да се отиде там.. па да се каже дека сакаме таму итн
После 35 недела треба да се започне со прегледи кај акушерот што планираш да те пораѓа. Откако ќе завршиш кај последниот преглед кај матичниот лекар, јави се во болницата во која планираш да се пораѓаш и ќе закажеш преглед кај гинекологот со кој планираш. На самиот преглед ќе се договорите да ти биде он/она акушерот. На лице место ќе ти ги дадат сите потребни информации. Искрено помеѓу Ремедика и Санте Плус кога би бирала дефинитивно би ја избрала Ремедика. Санте плус може е поефтино но има доста големи незадоволства долги години од породени жени. Во случај ако бираш Санте плус моја препорака ти е кај д-р Ненад Лазаров. За Ремедика кој сакаш доктор избери го сите се одлични. Можеш слободно да отидеш во двете болници имаат “отворен ден“ за трудници каде ќе ги добиеш сите потребни информации.