Младен Ристевски Докторот ми правеше хистероскопија ,HSG,инсеминација,сега бременост ми води. Систина ја избрав ради докторот,не дека ми се даваат многу пари. За скрининзи Павле Димчев.Не збори многу ,но доволно е да ти потврди дека е во ред со бебето
Кога се покачиле цените во Систина? Колку е сега преглед и пораѓај. Јас бев претходен месец 4300 си беше ехо. Инаку сум кај Иванов и сум презадоволна.
Јас бев сега на 2 скрининг, ама исти се цените за скрининг и првиот беше толку иначе ќе идам и на 3ти
Да и јас го имам обој флаер, мислам дека околу нова година ги сменија цените, затоа се зачудив дека има ново поскапување
Јас денес се јавив во Систина и истите цени ми ги кажаа 2000€ спонтан со 2500€ за царски ... доколку се работи за рана бременост може да се даде депозит од 200€ и имате гратис масажи и јога за трудници ... јас прашував за цената поради што сакам да извадам приватно здравствено осигурување па да видам како е поубаво да се иде дали кеш или со осигурување
Провери од кога ќе ти важи приватното здраствено. Јас во јули уплатив и за породување ми важи од мај .Пред тој период не покриваат.Имаат каренца 9,10 месеци.
Јас како што го разбеав е од кога сакам да се осугурам од тогаш, само што обврзана сум да се осигурам 2 години... е сега ме интњресира повратот на парите за породување кога го даваат? Од кога ќе поднесеш или од кога ќе заврши осигурањето?