Еве ќе ти го кажам мојот пример. Плаќаме највисока семејна месечна премија, детето со грип лежеше во болница и бидјќи назначиле дека е вирусна инфекција, а таа во медицинскиот картон има веќе вирусни инфекции (кое дете нема) не одбија затоа што било претходна состојба. Сега сум повторно бремена, правев испитувања приватно бидејќи ги нема кај нас во болница реагенсите, ништо не ми вратија. Буквално од се до сега што имам испратено за ништо немам рефундација, тотално невалидна полиса. Можеби преку фирма се други условите и поповолни но мојот пример со семејно приватно е тотален промашок.
Зависи од полисата која ја имаш, што покритија има. Јас рефундирам и забар, и очно и стакла за наочари. Само едно нешто треба да се има во предвид, ниту една полиса не покрива здравствена заштита на трудница ако ја извадите кога сте веќе бремена. Сите имаат преиод на каренца. Мојата конкретно е 10 месеци. За се друго беше 2 месеци, за ова е 10 месеци.
да и кај мене е каренца 10 месеци, ама има логика така сите бремени ќе уплаќаа приватно осигурување пред пораѓај
Искрено имав некоја среќа.. каренцата од 10 месеци ми поминува до 1ви мај , а јас од 15ти мај влагам во 9ти месец од бременост . Само да искочи се како што треба до 9ти
Ама зависи од полисата, пак ќе речам… Затоа до детал се проверува кога одбираш каде сакаш да се осигураш, а дефинитивно фирмите имаат најубави полиси, особено ИТ фирмите (од искуство) каде полисите се без каренца и покриваат и минати болести/состојби. Конкретно мојата полиса дури покрива да ми плати оштета доколку лежам во државна установа. Едит: За случајот со детето требаше да им нагласиш дека сакаш приватно здравствено да ти ја покрие услугата. Они многу добро знаат што да напишат за приватното да ти ја покрие.
Majki za vo sistina spontano poroduvanje kolku nokjevanja vklucuva? bez predoperativniot period posle 18h
За породување е услов да не си бремена кога ја потпишуваш полисата, парите ги исплаќаат за една недела отприлика
60.000 денари ама не е изрично за породување туку е наведено породување и здравствена заштита на трудница. Значи ако решиш 500 евра да потрошиш на пренатален, 100 на скрининг ти се одзема од агрегатот и ти се намалува сумата за породување.
И јас сум од работа преку триглав, исто на 1ви мај ми истекува каренцата од 10 месеци, значи после тоа можам да ги користам парите за скрининзи и пренатален?
Бремена си? Искрено не знам. Не знам дали треба да останеш бремена после тие 10 месеци, па така ти покрива или може да останеш бремена ама ти покрива после 10 месеци. Најубаво прашај си директ во Триглав зашто се фаќаат за се.
Чисто информативно, цените за породилни пакети во Систина се покачени за 10-тина илјади плус од 1ви мај и спонтано и царски Мислам дека точно ми спомнаа на наплата 133000 спонтано,165000 царски (ме збунија ,точно ни не запомтив) Во Ремедика ,ништо подобро 147000 спонтано ....Дали е ова нормално и да каде ќе се оди