1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цени за породување

Дискусија во 'Бременост' започната од love23, 16 февруари 2012.

  1. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    значи не ми беше целта да убедам некого, и јас можев да се породам во приватна болница но тие пари што ке ги фрлев таму за еден ден ги искористив за многу поважни работи, дека нема кој да ти даде вода не е точно или дека нема да јадеш, само сакав да кажам дека ако треба да се роди здраво бебе ке се роди секаде, да не и падна на некоја моето дете, НЕ, фала богу здраво право дете и поминав супер, за разлика сто на другарка ми на приватно до последно немозеа да и откријат дека детето и е со деформитет. Секој си има право на избор кај ке се породи. И им посакувам на сите идни мајки лесно породување каде и да одлучат да се породат.
     
    На Iviste, forumka и buba4e89 им се допаѓа ова.
  2. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    се породив во државна во тетово, значи презадоволна сум, се случи се набрзина,не значи дека ако си во приватна клиника ке биде масло и вода,битно е да си човек во моментот,да си прибран и да не ги гледаш сестрите со омраза,бидејки колку и да се наопаку,од нив зависиш зад тие врат. природно се породив, бабицата ми беше одлична,не пискав не врескав,и се однесуваа увабо со мене. I уште нешто, се зависи од господ. работите он ги контролира.
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.643
    Допаѓања:
    95.694
    Пол:
    Женски
    Средношколци колку што знам на клиника не идат на пракса, пред се ако одат ќе одат на општа медицина, не на гинекологија. Значи 16-17 девојчиња нема на ГАК. Друго, сега болницата е реновирана и да не ја препознаеш е, до толку е чисто и убаво, не е веќе она старата зграда. И што е најбитно, во приватна не те пораќаат ако недајбоже имаш некој проблем, згусти ли те депортираат во државна, па сакала не сакала се пораѓаш таму. За оние кои викаш недообучени, не им даваат да пипнат дете а камоли да го бањаат, од искуство ти кажувам, они само стојат позади сестра, доктор, и учат ;)
     
    На MilaP му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
    Јас кога учев средно, одевме на пракса на Гак бидејќи имаме предмет гинекологија.Присуствуваме на прегледи, интервенции, пораѓај итн. Тоа беше во старата зграда. Дека е средено и чисто во новата зграда тоа се сложувам со мали исклучоци :) .
     
  5. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Јас сум зачудена од државна дури мислам дека е подобра сега реновирана од Систина. Се е ново,чисто и мирно.Од вежбите за трудници не прошетаа низ сите простории и мислам дека е предобро.Само ме интересира со цените што како се плаќа и дали царски за недајбоже се наплаќа??
     
  6. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    Супер е средена Гак, да. Само што персоналот е исти. Нека ви е со среќа на сите. Инаку не се плаќа ништо.
     
  7. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.722
    Допаѓања:
    3.365
    секако дека и условите се битни али според мене џабе и како хотел да биде Гак кога персоналот е за нигде од доктори до сестри ретки се тие асалните што би се рекло , моја другарка се породи во систина и помина како со песна, додека друга се породи во гак и и викаа што плачеш , само ти ли рагаш и се издеравале , како на времето што правеа ехее од еден куп жени имам чуено што им викале , што цимолиш сега а арно ти беше кога го правеше :lol: |(
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  8. baby2014

    baby2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    125
    Јасно е дека односот во ГАК е ист како во приватните (пошто таму плаќаш дебело да те третираат како принцеза), но од друга страна пак не ми се допаѓа кога се прават луѓето во ГАК како да се немилосрдни ѕверови. butterflysk ова нема никаква врска со твојот коментар, да не ме сфатиш погрешно :) чисто мое размислување што е малце оф топик...
    Јас лично незнам каде би се пораѓала кога ќе дојде време, но изборот ќе го направам заради докторот кој ми ја води или ќе ми ја води бременоста и ќе ме пораѓа, а не заради односот на сестрите во тие три дена или заради цената...
    Јас отсекогаш сум застапувала теза дека секако ќе се породиш и во ГАК и во приватна и лично не би платила цена во приватна болница само за да бидам поинаку третирана...ако имаш добар доктор на ГАК на кој можеш да се потпреш воопшто не ме занима односот, а и ќе заштедиш пари со кои ќе можеш да му купиш нешто плус на бебушко кога ќе се роди... :P
     
  9. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.216
    Допаѓања:
    30.178
    Пол:
    Женски
    Ех драги мои, дискутирате за персоналот, да дојдете во Прилеп да видите што се случува, никогаш повеќе нема да сакате да стапнете пак. Прво, еве персоналот,некултура на НИВОУ, ако се расположени ок ако не тешко тебе, зависи како ќе ти се погоди, бабицата ја има цела улога во пораѓајот, матичниот лекар во Прилеп НЕ те пораѓа, тој ја следи само бременоста, ако сакаш да те породи лекар за кој се слушаат убави муабети, ќе си платиш се разбира(иако е државна болница) и што е најново, не знам дали знаете но за секој царски рез, докторите дополнително се платени од државата + 6000 ден. па така во Прилеп секоја втора родилка е со царски рез.Плус, доаѓаат доктори од Битола, поради ,,немање,, персонал, а со нив ќе си платиш колку сака тој.Второ, и најважно, луѓе престојот во Прилеп е катастрофален, кебиња има од платно од 1903 год. перници каде има каде нема, ВОДА и вц еее ќе се миете на лавабо за раце, НЕМА купатило каде мајката треба и мора да ги изврши хигиенските потреби, зашто не е исчистено од кога е пуштено во употреба, па можете да замислите што се има внатре,тоалетна хартија во ниедно одделение не можеш да најдеш. 4д ехо имаше, ама пред 5 месеци се расипа и сеуште не им е направено, ако имаш можности оди си на приватно ќе ти речат.Ова се случува во цела болница на сите одделенија. И трето, не можам да си објаснам како може да е толку запоставено место каде се раѓаат нови животи,каде хигиената треба да биде на прво место и никој да не реагира. Многу сум револтирана затоа што во време на какви технологии, во време на брз развој и напредок, ние тонеме надолу.
     
    На kostadinka24 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Чекај малце полека со муабетивее.. Тие се тука за да научат од секоја област. Како они да научат ако им се придеравате како да ќе ве убијат или детето ако ви го придржат?? Сите хистеришат ко ние да сме ретардирани бе мајката ако сме средно. :fubar: Како прво прв стручен предмет што се изучува е НЕГА НА БОЛЕН, без тоа не проаѓаме, и да сакаш и да нејќеш тој предмет мора да го научиш.. Нема основни познавања.. од каде ти се увери дека немаат основни познавања?? Да, има многу кои не учат по своја желба, но има и многу кои стварно сакаат да научат што повеќе и се интересиаат. Мн ме револтираат вакви мислења кои ги опфаќаат сите. Може да даваат да го пресоблече, памперс да смени итн пд контрола на сестрата дур да научи и после може и сама. И како е да е, верувај дека тоа 17 годишно девојче многу повеќе ќе ти помогне и со однос и грижа за тебе и бебето и ќе ти се тресе отколку сестрите ;) И јас имам 17 години па не бебе, работам со најкритични пациенти во кома и шок што се на раб на смрт и е потреба апсолутни грижа. Ради вакви предрасудни мислења после се жалите и рикате од докторите вакви такви неспособни.И тие сестри што се грижат за вас почнале од ученици и тие биле праксанти не заборавајте !!! Ако не си имала директно искуство, не зборувај подобро зашто се дава многу лоша слика за учениците, а на прво место ми е довербата на пациентот :!:



    Идеме на клиника на пракса 2 пати неделно, само 3 дена идеме во школо. И идеме на секоја клиника и поготово на Гинекологија се оди зашто се учи предмет Гинекологија и Акушерство со Нега. Се иде и на породување и на царски, секаде влегуваме со цел како завршена медицинска сестра да имаш оформено знаење од сите области кое го дополнуваш и надградуваш со вишата за сестра или општата за доктор.
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kostadinka24

    kostadinka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Tешко нас и после зошто оделе Битола да се пораѓаат јас имам роднина што работи на болница во прилеп и покрај сите убедувања да се пораѓам во Прилеп си појдов Плодност не велам е ефтино скапо е ама секој денар вредеше за разлика од кај нас каде сите барале под рака паричка а услови, однос на персонал катастрофа. Еднаш имам појдено и да ме чува Господ да не појдам пак.
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.216
    Допаѓања:
    30.178
    Пол:
    Женски
    ^ Е ова е нашата чудесна Македонија и здравството во неа кое ,,цвета,,. Кога постои државно здравство, не треба да има потреба да одиме во приватни клиники, но кај нас зажалуваме што воопшто сме отишле таму, едноставно тие те бркаат од таму.
    Паричка под рака обавезно, и третманот кој пациентот го има е далеку под нормалата.
     
  13. Super-Mama

    Super-Mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2014
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    13
    Би сакала да добијам мислење од вас каде е подобро за породување...
    Бидејќи спаѓам во групите на патолошка бременост,матичниот доктор ми препорачува да се породам во Државната болница во Скопје,но колку што ве читав има доста незадоволни а докторот ме убедува дека таму се најстручни и најспремни за разлика од приватниве клиники.Инаку јас сум во можност да се породам во приватна клиника а докторот ме разубедува во тоа,бидејќи како што кажав се работи за ризична бременост и демек таму не би ме породувала ако нешто се искомплицира ке ме прателе повторно во Скопје,а парите ќе ми пропаднеле.Е сега сакам мислења од вас,каде е подобро за породување...?
     
  14. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Ако си во можност да си дозволиш приватна клиника воопшто не размислувај. Точно е тоа дека докторите кои се во приватните клиники се излезени од државна, ама исто така е точно дека се тоа подобрите доктори, затоа и направиле трансвер. Дури и да е стручноста на исто ниво(мое мислење е дека подобрите доктори се веке отидени во приватните клиники) третманот никогаш нема да биде на исто ниво. Затоа ти викам ако си во можност не размислувај, сигурно нема да се покаеш. Поздрав и со лесно!
     
  15. Super-Mama

    Super-Mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2014
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    13
    Незнам тогаш зошто мојот доктор ме убедува да одам во скопје во државната болница,знам дека во приватниве се доста спремни,ама докторката ми рече дека за мојот случај со ризична бременост најдобро решение е во скопје да одам,бидејќи во приватниве клиники биле само дом за родилки а кај мене можело да се искомплицира и сите итни случаеви ги праќале да се породуваат во скопје.
    Таа ми рече не е е проблем дека ќе ми напишела упат за каде што сакам јас да се породувам но најдобро е да одам скопје во државната.стварно се двоумам што да правам :?:
     
  16. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    298
    А во што се состои твојата ризична бременост? Јас се пораѓав во ремедика и во исто време имаше една жена која се пораѓаше со прееклампсија, и баш беше соодветно згрижена во однос на пост-породилна нега, бебето во инкубатор го ставија ден/два, така да не знам што е пробелмот во твојата бременост. Со прееклампсија ја породија во приватна болница.
     
  17. Super-Mama

    Super-Mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2014
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    13
    Jас ќе се породувам со царски рез,е сега не би сакала многу да откривам поради кои причини,мене не ми е битно дали е во приватна или државна туку каде е најдобро.Ако прашам во приватниве нормално би ми рекле дека кај нив е најдобро(можи и да е така)нормално секој ке си ја брани својата страна.
    Но мене малку ме буни мојава докторка ми вели сите со ризична бременост ги праќаат во скопје во државната,бидејќи овие од приватниве клиники не го преземаат ризикот да породуваат некој во таква состојба,туку ако е нормална бременоста тогаш ги породуваат во приватните.

    Мислам дека е искрена докторката нема никаква корист од тоа каде јас би се породувала,но би сакала некои мислења од вас тие што се водат како патолошка бременост дали се породиле во приватни клиники.Јас искрено повеќе сум за во приватна,но се предомислувам бидејки сепак докторката моја повеќе знае од мене и фала богу би ми кажал што е најдобро за мене.
     
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.196
    Пол:
    Женски
    ^
    Јас би ти рекла да си ја послушаш докторката. Истиот муабет го имам слушнато од доктор кој истовремено работеше и во приватна клиника и на ГАК и секогаш велеше дека никого не советува да оди на приватно, бидејќи доколку, не дај боже, има некаков проблем со породувањето пациентката веднаш ја праќаат на ГАК. Така да... :)
    Јас ќе се пораѓам во ГАК и здравје боже се надевам дека се ќе биде во ред.
     
    На MilaP му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Јас за среќа немам искуство со патолошка или ризична бременост и во тој поглед неможам да советувам. За Ремедика имам слушано само пофални зборови од искуства на мои блиски. А муабетот дека приватните клиники(зборам за тие во Скопје, за другите немам информација) неможат да се справат со патолошка бременост не држи вода. Имаат стручни доктори, а што се однесува до апаратура, во државните сеуште не виделе таква. Навистина не ми е јасен ставот на твојот доктор.
    И на крајот на краиштата ти треба да си одлучиш, ова е само мое мислење.
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.643
    Допаѓања:
    95.694
    Пол:
    Женски
    Ризичните бремености во приватна клиника не ги ни третираат, веднаш ги препраќаат во државна, зошто да губиш време? Дека приватна е приватна и дека е подобро да, ама докторите се тие, плус сега државна е бомбона направена така да главната причина поради која бегаа ја нема. Ако ти е за стручноста, мислам дека во државна е подобро, сепак за работи за клиника, тука се сите други клиники кои можат да ти помогнат. Појди на еден преглед во приватна и ќе видиш што ќе ти кажат. А парите нема да ти пропаднат, ако не се породиш нема што да ти наплатат, не може да наплатат нешто што не го направиле, услуга и слично.
    Идење на пракса и работење работа на сестри под надзор не е исто. Вие надгледувате, можеби ви даваат и да повивате бебиња, да ги храните и се тоа, ама дека се однесувате како што наведе феминката дека ви паѓаат од раце или не знам што е не знам баш. И сигурно на 15 годишни девојчиња не им даваат да повиваат бебиња ;)
     
    На MilaP му/ѝ се допаѓа ова.