1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цени за породување

Дискусија во 'Бременост' започната од love23, 16 февруари 2012.

  1. Super-Mama

    Super-Mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2014
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    13
    Па и мене заради тие причини што се вели доколку дојде до нешто критично и да имам закажано во приватна клиника ќе ме испрателе во ГАК,така ми кажа докторката.
    А од друга страна знам дека во приватниве имаат врвен кадар,најсовремена апаратура и што ли уште не,и затоа малку ме буни зошто да одам во државна кога и приватниве се доста спремни.Знам дека на крајот сепак јас одлучувам ама пак не сакам да ризикувам и потоа да си велам зошто не ја послушав докторката.
    А за плаќање во приватниве се плаќа предвреме?Бидејќи знам случај каде имаше платено во приватна,а ја испратиле во ГАК заради компликации и парите не и беа вратени,а сепак не се работи за мала сума на пари...
    Тешка одлука стварно...
     
    На Iviste му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.759
    Пол:
    Женски
    Не се плаќа однапред, како однапред, од кај знаат што и како ќе треба да дадат како терапија, дали ќе биде природно или царски, цените се различни.
     
  3. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.757
    Допаѓања:
    137.581
    Пол:
    Женски
    јас би ти рекла кога веке си одлучена царски да се порагаш оди си во државна ,не си ги давај парите за џабе.за нив е тоа рутинска постапка.3-4 дена и дома си.најди си некој лекар во државна договори се ако треба него некој денар почасти го и решен проблем.бесмислено ми е фрланје толкави суми по приватните.ама тоа е само мој став ;)
     
  4. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.228
    Допаѓања:
    30.378
    Пол:
    Женски
    А доколку имаш време пред пораѓај и како што кажа имаш можности, зошто еве на пр. не отидеш на приватна клиника да направиш еден рутински преглед да видиш што тие ќе кажат за твојата бременост и за твојот пораѓај. Еве за пример ќе ја земам Плодност од Битола, направи еден преглед таму, и сигурна сум дека ако не си за кај нив нема да ти речат со сила да се пораѓаш таму. Сепак, професионалноста, апаратурата, третманот кој го нуди оваа клиника е врвен. И во никој случај не се наплаќа претходно, никој не знае како ти ќе се породиш, дали ќе има компликации, системи анестезии и сл.
    Би ти препорачала да направиш еден преглед пред пораѓај, макар и во државна клиника, види и друго мислење, па одлучи си.
    Поздрав...
     
  5. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Се извинувам за офф,

    ТИ не можеш да заклучиш ДАЛИ јас сум имала или сум немала директно искуство.
    Не мора да ме учиш што како е завршив средно медицинско,И ТОЧНО знам што како ве учат и што вие правите.И за тоа кооолку се напнуваат професорите да ве научат.Ама едно е тероија ,а сосема друго е пракса.И јас можам теоретски да научам да правам нешто,ама ајде де оди направи го ако не знаеш како.
    Ако си толку одговорна good for you,али 99% од девојчурчињата на твоја возраст ги здоболе да не кажам што за нега и слично.Да учите такви предмети,ама кој сите???Ти пример ако учиш,ме убедуваш дека цел твој клас учи и има познавања??????
    Не идат само одлични ученици на пракса идат СИТЕ.Реков дека има исклучоци ако прочита добро,но има и такви што верувај НЕ МИ СЕ ВЕРУВАЛО КОГА СУМ ГЛЕДАЛА ШТО ПРАВАТ А БОГАМИ И СЛУШАЛА.
    јас си стојам на тоа мислење,нема да дозволам необразован кадар да се грижи за мое дете и точка.ти сакаш факти,аргументи вади.Можеш да се објаснуваш со луѓе што не знаат како идат тие работи,а не луѓе што виделе со свои очи што како е.
     
  6. Super-Mama

    Super-Mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2014
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    13
    И јас бев во план за во Плодност,доста ги фалат,а и цените им се супер за разлика од другите приватни клиники.Ќе појдам на контрола и ќе видам што ќе ми кажат секако ништо не губам.Фала многу. :*
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    Јас бев висока ризична бременост и се породив во Ремедика. Не е точно дека не се нафаќаат и ги препраќаат во ГАК сите. Помина се во најдобар ред и со мене и со бебето иако бевме во критична состојба.
     
  8. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе ти кажам дека лично иам пресоблекувано бебчиња на Гинекологија, го имам и боцнато да му ставам инфузија под инструкции на сестрата која ме набљудуваше и го држеше бебето. го држам, го шеткам, си играм, го заспивамм. А дека им паѓаат деца од раце нема врска, досега немам слушнато од сестрите ниту сум видела.

    Точно, јас не можам да заклучам затоа и така ти реков АКО ;) И јас го пишав постот од причина што ако повеќето не учат и одат ради реда, тоа се пренесува и врз оние кои разбираат, учат и знаат што прават. а тоа е многу лошо. Затоа што да, на пракса одат сите ама како ти ќе разликуваш дека јас знам што правам а не дека блеам ко муле пример?? Фактички, со негативниот став ради мнозинството страдаат и оние кои треба да добијат шанса за да научат плус повеќе.. Колку пати се случило на некои неписмени им е дадено да боцкаат и кога ќе си отиде сестрата ме прашува што да праи, и јас ќе земам ќе и ја завршам работата а после неа ќе ја пофалат дека одлично завршила работа. Мене на челото не ми пишува ОВАА РАЗБИРА, ОНАА ВРСКА СИ НЕМА. Како јас да докажам дека разбирам и дека знам што правам и дека сум одговорна, ако не ми даде да се приближам до неа или детето пример, на тој начин не можам ни да научам што значи дека ќе остане на теорија сето знаење што е за џабе во буквална смисла, бидејќи заради мнозинството јас губам знаење.

    Поентата не ми беше да те разубедувам ниту ништо ти држи се до твоето мислење, сепак е твое дете и твј живот, само сакав да кажам да не бидете толку остри со ставовите бидејќи страдаме и ние кои сме одговорни и кои медицината ни е животна желба. Мене искрено ми е многу криво и жал така кога ќе ми се случи да не ми дозволи пациент или било што од таквите предрасуди и од таа причина го пишав постот.
     
  9. baby2014

    baby2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    125
    Значи возраста и образованието не е никаква гаранција за тоа кој како ќе се однесува.
    Јас мислам дека сите, почнувајќи од девојчињата што одат на пракса до најстарите сестри, имаат осет како треба да се однесуваат со бебето, како да го држат и сл....
    ...ако некое девојче не е сигурно во тоа што го прави верувам дека и самото не би се нафатило, ниту пак сестрата би и дозволила да прави со бебето било што што може да претставува опасност за бебето...
    На крајот на краиштата тие „девојчурина“ некогаш треба да научат нешто и подобро е тоа да го прават дури се на пракса и под нечив надзор, а не кога ќе ги вработат без никакво искуство.
    Битно е да постои свест дека од мало невнимание може да настане голема белја, а немам никаква гаранција дека нешто лошо не може да и се случи и на некоја сестра со големо искуство...како Бог не е никој, затоа малку повеќе верба! :*
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.228
    Допаѓања:
    30.378
    Пол:
    Женски
    Нормално е дека кај секој пациент постои одреден страв или недоумица кога ќе виде како практикант треба да заврши одредена работа. Но, мојата баба еве на пример ужива кога ,, млади девојчиња ,, и мерат притисок, шеќер, ставаат инекција и сл. Лично, мое мислење е дека вие што ја сакате медицината и што емчтаете да бидете успешни доктори, имате време кога ќе се покажете и докажете. Да признаеме дека не може да се изостави фактот кој укажува на тоа дека одите на пракса од 2год средно, а средното е 4 години, е вие за 2 год не може да имате научено се, а одите на пракса во сите одделенија, распоредени сте. Тука е факултетот, е тогаш е времето кога вие треба да покажете колку вредите и што сте научиле до тогаш.
    Не можам да кажам дека и учениците од средно немаат знаење, кај нас во мојот град знаат можеби и повеќе од одредени сестри, но едноставно образованието не е дозавршено и токму тоа ствара недоверба кај пациентите па затоа ги оправдувам и оние кои имаат мислење дека практикант не може да заврше одредена работа.
    Пак ќе напоменам, работата на практикантте во мојот град е да им донесат јадење на сестрите, да им пренесат документ од еден на друг спрат, да завршат работа која сестрата ја мрзе да ја заврши и да сварат кафе за персоналот. Е тоа е работата на практикантите. Не сум од ничија страна, а ги оправдувам и двете мислења, но сепак ќе кажам има време кога личноста ќе го докаже и покаже она што го умее и поседува.
     
    На BeautyAndTheBeast му/ѝ се допаѓа ова.
  11. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    298
    Само за моментов да те исправам. На државна никој не ти закажува царски така да и да ти е карлично породено не е сигурно дека ќе одиш на царски (освен ако не ти е татко/мајка/или крвно блиско сродство) .
    Прво одиш на природен пораѓај до крај, па ако ептен не може носат на царски.
    Пред година дена пријателка моја со карлично поставено бебе ја породија природно без епедурнална! Во 21 век! Матичниот гинеколог и препорача да биде царски, бидејќи и бебето беше ем големко ем карлично, а таа прворотка, но тие си ја направија работата по нивни терк, а не како што и кажал матичниот кој ја следел 9 месеци.
    За тоа и те прашав што ти е ризикот во бременоста. А не зашто многу ме интересира па ти нејќеш да ми кажеш.
    Така да не биди сигурна дека во државна ќе бидеш со царски рез.
     
  12. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Закажуваат, закажуваат. Сега скоро една жена од друг град се породи во Скопје со царски, на датум на кој таа сакала, плус свесна беше цело време. Само врски треба да имаш.
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Значи Супер мама , не барај приватно или државно туку кај имаш врски :tmi:
     
  14. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    741
    јас се породив со царски со договор на докторот му кажав дека сакам царски и човекот ме направи и на секој му посакувам така разбран и позитивен доктор и си поминав стварно убаво а се мислев дали да одам во плодност на порајгај и сега кога ке размислам добро е што не отидов ке си дадев кизне колку пари а болките пак јас ке ги тргав
    а како што казват дека хорор е на болница јас викам дека не е и баш сум и задоволна од сестрите што треба да те упатат како доење и други работи со бебето буквално све што да ги прашавме ни објаснуваја со трпение и идеја на секој повик кога ке ни притребаја
    ова зборувам за болницата во битола
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    За жал ова е срамотната вистина :(
    И јас сум една од тие што ќе се пораѓаат со врски. :$ :x Не се гордеам со тоа, ама таква ни е ситуацијава во здравството. Тоа е.
     
  16. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    298
    Тогаш се извинувам. Бидејќи јас кога сакав немаше да закажеш царски, ама очигледно не ми биле доволно дебели врските.
    Тогаш зошто со карлично поставено бебе ги пораѓаат природно не ми е јасно???
     
  17. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Мислам дека одговорот на ова прашање го знаеме сите - се грижат за тебе само ако имаш дебели врски на државно, или 2000 евра на приватно, останатите не се луѓе. Колку случаи има што имаат искрварено на пораѓај, или што се мачат по 2-3 дена да родат па на крај им се смилуваат да им ги скратат маките и да ги породат со царски. А кој има дебели врски ќе си го одбере датумот и часот, ќе отиде вечерта и сабајлето ќе биде породена. Реалноста е таа.
     
    На jb82 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Super-Mama

    Super-Mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2014
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    13
    Оф каде да најдам врски кога не сум од Скопје :(
    А значи постои и варијанта да бидам и природна породена,без разлика што матичната ќе ми напише во упатот да бидам со царски рез :^) Ако е така за во државно тогаш изгледа најдобро ќе биде приватно бидејќи не ми се ризикува.
     
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    ^
    Јас би те советувала да се консултираш со твојот матичен гинеколог. Штом самата докторка ти кажала дека треба со царски рез да те пораѓаат, значи сигурно има причина за тоа и таа причина не може да ја игнорираат на ГАК.
    Ти си знаеш која ти е дијагнозата, не мора јавно да ја кажуваш. Јас мислам дека доколку за твојата дијагноза се препорачува царски рез, истиот ќе биде изведен.
    На крајот на краиштата ништо не те кошта да отидеш на консултација и на ГАК и во некоја приватна болница, па на крајот самата да одлучиш каде ќе се пораѓаш.
    Со среќа ;)
     
  20. iva-na-na

    iva-na-na Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    супер-мама јас се породив во Плодност со царски рез поради проблеми со постелката во 9ти месец , имав критично породување како за мене така и за бебето.. и исто имам само позитивни зборови за тимот на плодност и сметам дека не дај боже да бев на државна можеше лошо да заврши.. сепак фала му на господ се е во ред.. сметам дека ова треба да решиш сама, земи ја историјата одматичната и оди кај др доктор еден од приватна еден од државна и консултирај се без да им го казиш мислењетона матичната.. со лесно да е!