1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Центарот за рехабилитација на Кајшаров

Дискусија во 'Религија' започната од carazoreli, 9 декември 2013.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Може. Државата со устав му го гарантира тоа право. Може и муслиман да се нарече и хиндуист и растафаријанец. Ако не ми веруваш, еве можам да го замолам администраторот на асоцијацијата на македонски атеисти (пријател ми е) да ти пише порака на фејсбук „Јас сум растафаријанец“. Ќе ти го пише тоа без око да му трепне и ништо не му можеш :)

    И пак ќе ти кажам дека не знам како се нарекува Кајшаров, ама се сомневам дека се нарекува протестант, бидејќи никогаш не сум го слушнал да го употреби тој термин за себе. Сум гледал многу јутјуб видеа од него, никаде не се нарекол така. А сум зборел со него во живо, го распрашував како станал верник, го прашував како ги лечел луѓето и како истерувал демони од луѓето пред да стане верник итн.

    Сепак многу е едноставно да се докаже дека не е протестант. Протестантите веруваат дека Библијата и само Библијата е веродостоен и непогрешлив Божји Збор и секое верување и духовна пракса мора да биде поткрепена со Библијата. Тоа е основата на протестантската реформација уште во самиот старт со слоганот SOLA SCRIPTURA (Само Писмото!). Кајшаров верува дека имал лично откровение од Исус Христос кога бил во Ерусалим и таму, баш на местото Голгота, Кајшаров вели дека си разговарал со Исус, а и не само таму. Можам да ти пуштам и јутјуб линк каде што го кажува ова ако сакаш.
    Плус Кајшаров верува и проповеда дека ако веруваш и не се сомневаш можеш да се исцелиш од секаква болест. На тој начин тој придобива голема маса на луѓе од нашиов напатен народ кој се фаќа како слеп за сламка. Тоа не е учење на Библијата. Апостол Павле, Тимотеј и други во Библијата верувале, па сепак не биле исцелени. Значи не е Sola Scriptura, не е протестантизам тоа.
     
  2. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Еве го видеото каде Константин кажува за неговото искуство со Бог што го доживеал во Ерусалим.


    Мислам дека за него имав прочитано дека не се декларира никако, но дека неговото учење било најблиско до протестанското. Она што тој верува и проповеда дека можеш да се излечиш ако веруваш и не се сомневаш, сметам дека сепак е библиски поткрепено што од самите примери наведени во Светото писмо и самиот Гиспод Исус Христос ни го кажува тоа:
    - “,Бидејќи немате доволно вера– им одговори Исус. ,Зашто, ве уверувам, дека кога би имале вера само колку едно синапово зрнце, би можеле да и речете на оваа планина: ,Премести се одовде таму!- – и таа ќе се премести. И ништо не би ви било неможно.-” (Матеј 17:20)
    - “А Исус им одговори: ,Ве уверувам дека, доколку имате вера и не се сомневате, не само што ќе можете да го правите тоа што и се случи на смоквата, туку, ако и на оваа планина и речете:, Подигни се и фрли се в море!– тоа ќе се случи!(Матеј 21:21)
    - И се што ќе побарате во молитва со вера ќе добиете (Матеј 21: 22)

    А од друга страна да не ја заборавиме и Божјата волја и план за секој од нас, без разлика што можеби јас сега молам за нешто со вера, но можеби тоа не е Божја волја да се случи сега.
     
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Се сложувам со твојата последна реченица дека сепак ако е Божја воља и план за нас да бидеме исцеление, ќе бидеме, ако Бог одлучи поинаку, можеби и да не земе кај Него, тоа ќе биде без разлика колку ние се молиме или веруваме. И горните библиски цитати си имаат супер смисла и контекст, но сепак целокупното учење на Библијата е дека ако Бог сака ќе бидеме исцелени и молитвите и верата помагаа, но не можат да го примораат суверениот Бог во тоа. Можеш да се молиш за нечие исцеление, но не можеш да му ветуваш исцеление, ниту пак да му велиш дека не верувал или дека направил грев па затоа не се исцелил. Токму тоа го вели Кајшаров и тоа не е библиски. Ова небиблиско учење е познато како „евангелие на просперитет“. Проповедниците на ова учење велат дека болестите немаат право над христијанинот, дека Исус ги понел сите болести на крстот и дека во името на Исус може да се прокламира исцеление. Намерно се користи зборот „прокламирање“ (proclaim = објавува, прогласува), а не само молење, бидејќи учењето е дека битката со болеста е веќе добиена и само треба да се прогласи во вера и исцелението секако ќе се случи.

    Ќе наведам 3 примери од Новиот завет кои го разобличуваат ова погрешно учење:

    • Ученикот на Павле, Тимотеј, имал здравствени проблеми со желудникот. Во 1 Тимотеј 5:23 Павле не му вели „допри се за стомакот и во името на Господ Исус Христос прими исцеление“, туку му вели: „Не пиј веќе само вода, туку земај по малку вино, заради твојот желудник и честите боледувања.“ Тоа била современа медицинска терапија, колку што знаеле медицина тогаш.
      Дали Христовиот апостол Павле немал доволно вера за исцеление? Или можеби Тимотеј за чија вера Павле пишува многу пофални зборови, можеби тој немал доволно вера за исцеление? Секако дека не.

    • Апостол Павле не патувал на мисионерските патувања сам. Тој имал и придружници. Еден од нив, што ги придружувал во неговото трето мисионерско патување, бил Трофим. Павле во писмото до својот ученик Тимотеј вели дека го оставил Трофим болен во градот Милет (2 Тимотеј 4:20). Едноставно Трофим се разболел и така болен не можел да продолжи да го придружува Павле на мисиското патување. Нема сомнеж дека Павле се помолил за неговото здравје, но ете, Бог одлучил Трофим да остане болен и покрај тоа што навидум му бил потребен, особено затоа што многу од придружниците го оставиле Павле. Веројатно сите освен Лука. (1 Тимотеј 4:20-21) Дали Христовиот апостол Павле немал доволно вера за исцеление на Трофим? Или можеби Трофим немал вера? Секако дека не.

    • Во 2 Коринтјаните 12:8 апостолот Павле, кого Бог го искористил многу повеќе од сите други Христови апостоли, апостолот кој е писател на половина од Новиот Завет, тој апостол вели дека три пати го молел Бог да му го отстрани „трнот во телото“ (кој што го нарекува сатанин ангел), но дека Бог не му одговорил позитивно на неговото барање.
      Дали Христовиот апостол Павле немал доволно вера за исцеление? Дали денешниве современи исцелители имаат повеќе вера од Павле? Секако дека не.


      Можеби на ова некој ќе приговори дека апостол Павле немал дар на исцеление. Неточно. Бог преку Павле исцелил многу луѓе во подршка на ширењето на евангелието, пример: „И се случи Поплиевиот татко да лежи болен од треска и болки во желудникот. Павле влезе при него, се помоли, ги положи рацете на него и се исцели. По тој настан и други болни од островото доаѓаа и се исцелуваа.“ (Дела 28:8-9)
    Како што гледаме од овие 3 примери од Новиот завет, христијаните, како и сите останати луѓе, па дури и Христовите апостоли, биле и ќе бидат подложни на болести во овие грешни и распадливи тела. Сепак сувереното право за натприродно излекување го има само Господ, а не Кајшаров или било кој друг „исцелител“.
     
  4. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    А знаците, на оние кои ќе поверуваат, ќе им бидат овие, со Моето име:
    - ќе истеруваат демони,
    - ќе говорат нови јзици
    - ќе фаќаат змии в раце
    - и ако нешто смртоносно испијат, нема да им наштети
    - на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравуваат. (Марко 16: 17,

    Но Тој ги зеде врз Себе нашите болки и ги понесе нашите слабости,
    а ние мислевме дека Тој беше поразуван , казнуван и понижуван од Бога. (Исаија 53: 4)

    А на Оној Кој, според силата што во нас дејствува, може да изврши изобилно се што ќе побараме или помислиме (Ефес 3: 20)

    Кајшаров дефинитивно сам од себе не лекува, ниту он тоа го кажува, но Бог може да лекува преку него, како што може и преку мене, тебе...само што мислам дека греши кога им кажува на луѓето не ти е довлна верата, иако веројатно има и такви случаи. Но лошо е и несакајќи и најдобри намери да има, да го обесхрабри тој човек па дури може и да го одалечи од Бога. Треба мнооогу да се внимава како им пристапуваме на луѓето кои сеуште не Го запознале Бог. И за ова сме предупредени..

    - И покрај твоето знаење ќе пропадне нејаќиот, братот за кого умре Христос. И така, грешејќи против браќата и ранувајќи ја нивната нејака совест, вие грешите против Христа. (1 Кор 8: 11,1)

    Бог не повикува да се молиме за да добиеме, недобиваме зашто не се молиме, не бараме помош од Него, денес за жал луѓето се повеќе се молат за помош кај гатачки и слични на нив па после се чудат зашто им е подобро само кратко време и после повторно проблемот се враќа во повеќето случаи зголемен со секоја посета и се така во круг. Вушност и некои од случките каде Исус лекуваше, причината била грев, па затоа кога беа исцелени, Исус им напоменуваше повеќе да не грешат. Кога избираме да сме Му не послушни и да отвараме врати на злото, да не се чудиме после.
     
  5. Телетабиска

    Телетабиска Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2022
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    45
    Тоа што си пишала не е осуда, туку е прашање. Осуда е да речеш што зимаш пари ако веруваш. А ти си го прашала зошто зема пари ако е верник. А он ти одговорил со клетва према зборовите за осуда ќе те стигне казна на детето. Тој е секташ според вака целокупен негов рад. Не ниту поп, ниту работи во црква. Туку собир прави во некои така наречени цркви, каде нема ниедна икона, ни кандило, ни попови........
     
  6. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    540
    Допаѓања:
    638
    Пол:
    Машки
    Пентакосталци најлошата можна Христијанска секта дел од New Age движењето а не се малце преку 600 милиони ги има низ светот вакви надахнати од темни сили пасторчиња со ''супермоќи" повикувајќи се лажно во името на Исус да вршат егзорцицзми и некакви исцелувања а уствари вршат една голема манипулација со луѓето преку тие нивни обреди само привремено прават луѓето да се чувствуваат добро само колку да бидат намамени од злото да членуваат во нивната организација. Подоцна следуваат последиците ги жалам луѓето што членуваат таму не знаат воопшто во што се впуштиле.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    5.313
    Пол:
    Женски
    Од профил на една познаничка, член на „црквава" прочитав нешто што искрено ме замисли, па се запрашав дали Православието вакво нешто би дозволило, или би го сметало како прелест, па и уште полошо, за припишување самиот на себе Божји својства??
    Еве конкретно за што станува збор:

    -Некаква т.н Богослужба од многуте на Кајшаров, на која се истакнува важноста на верниците да пророкуваат,, со цел надградба на Црквата, а секој што е дел од Царството Небесно треба да научи како да практикува пророкување, секако со присуство на некој гостин-теолог од УСА, СО НАГЛАСОК ЗА ВАЖНОСТА НА ПРОРОЧКАТА ЦРКВА, СО ФОКУС НА ДАРОТ ЗА ГЛЕДАЊЕ???
    Каква е прво таа пророчка црква, познава ли чистото православно христијанство такво нешто, каков дар за гледање, како тоа секој еден од нас да вежба да стане пророк?

    -Што се прокламира воошто со ова, дали треба да се изродат нови гатачи, предвидувачи, самопрокламирани истерувачи на ѓаволи и слично. Ако грешам, или грешно сум разбрала, нека ме поправи некој.
    Друго, гледајќи ги сликите и видеата што ги постираат, јас не чувствувам мир, ниту би сакала да бидам дел од тоа нешто, целиот тој простор нема според мене никаква духовна атмосфера, како да владеат ниски фреквенции како во една болница на пример, место каде духот би паднал, наместо да се подигне и окрепи.Додека при само еден поглед на православа црква или катедрала однадвор дури, чувствувам спокој, ме влече повторно да погледнам, да одам таму.
    Ова живо христијанство кое го промовира Кајшаров, одамна циркулира на овие наши простори, само не знам дали и на кој начин беа организирани. Еднаш запознав брачен пар припадници на истото, слушаат музика која го воспева Исус во поп-рок стил, навидум многу смирени, но имаше нешто во воздухот, како да кажам... што ме вознемируваше.Немав повторен контакт со истите лица, инаку.
    Некој, ги спомена погоре пентакосталците и не е далеку од вистината. Во САД прераспространето, на ХБО имаше филм, каде припадниците од таа црква за секој грев беа подложувани на присуство на отровни змии, па каснувањето од змијата е доказ дека гревот е сторен при сомневање дека е сторен, а воедно и казна за престапникот. Така, едно момче си остана без рака. Инаку, овие чинам не прифаќаат доктори, лекувања, не дозволуваат комуникација со лица надвор од нивните заедници и сли.
     
  8. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    540
    Допаѓања:
    638
    Пол:
    Машки
    https://off.net.mk/lokalno/razno/tino-go-isteruva-duhot-na-hitler

    Ова говедо да не бевме секуларна држава ќе гореше жив или ќе завршеше на голи оток за ова што го прави. Да не сум ограничен со закон лично би го претепал за ова што го прави и си поигрува со маката на луѓето
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  9. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    9.757
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1681589165946.jpg

    8-|
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    6.653
    Пол:
    Женски
    Има некој во државава да ги контролира овие глупости?
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.