1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Центри за кариера и студентски организации

Дискусија во 'Барање работа' започната од ladymici, 29 април 2011.

  1. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Го завршивте студирањето и се прашувате што сега???
    Ова прашање поттикнува низа на други прашања за кои исто така немате конкретен одговор.
    Сакате да се вработите? Каде? Како? Имате досегашно искуство? Сакате да имте пракса во одредена компанија? Која? Сакате да имате постојана работа или повремена?! Можеби сте заинтересирани за волонтерска работа?
    Имаме цел, но немаме стратегија.
    Она што е потребно во оваа ситуација е посредник, некој кој ќе може успешно да ве поврзе со некоја компанија. Во нашата држава постојат студентските организации и центри на кариера кои БИ ТРЕБАНО да се насочени кон реализација на краткорочни и долгорочни проекти чија цел е обука и збогатување на вештините на студентите за подобар пласман на пазарот на трудот, бесплатни тренинг курсеви на различни теми и тоа административни и легални рамки за вработување, пишување на биографија и мотивационо писмо, подготвување за интервју итн...
    Учествува ли некој во ваква организација, или центар за кариера, во која, и дали нешто му помогнале???
     
  2. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    70
    Има и центри за кариера и студентски организации колку сакаш,а и саеми за кариера...неколку во годината...и што ли уште не за кариера...па инкубатори,итн итн...
    Но сето тоа е организирано најчесто од студенти,кои виделе нешто во странство и сега ајде ќе го ископираме и кај нас...мислејќи дека толку е едноставна работата и дека одма ќе фрчат вработувања...
    а при тоа забораваат дека околностите се сосема поинакви и фирмите кои соработуваат со нив најчесто се таму за да си направат реклама а не за нешто многу многу да вработат...
    тоа е така бидејќи факултетите се тотално незаинтересирани и не учествуваат со својот авторитет да ги обврзат фирмите ако сакаат да се шетаат по саеми и да се промовираат да мора навистина да ангажираат некој одреден број на кандидати на месечно или годишно ниво и во секое време да се достапни за обезбедување пракси...бидејќи и така не планираат да ги плаќаат...
    а не како во реалноста и за најобична пракса е многу тешко да ја добиеш...имам претстава дека има одредена одбивност да се сподели практичното знаење од страна на работодавците...тие мислат дипломиран студент одма треба да знае се како функционира кај нив и е спремен да почне да биде 100% продуктивен...тоа е нон сенс...

    накратко...имам учествувано,имам праќано cv неколку години по ред,преку саеми за кариера и центри за кариера и немам добиено никаков одговор...да чекав на нивната милост далеку ќе стигнев...

    совет:земајте ги работите во свои раце и не чекајте на никој :!:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.