1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цивилист vs. Кривичар

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од AnaKarenina, 5 март 2013.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа дека на форумов имаме доста правници, еве една тема која се надевам дека ќе поттикне интересна дискусија. Секако, можат да се вклучат и оние кои не се правници по професија :)

    За сите оние на кои насловот ништо не им значи – еве едно мало појаснување.
    Цивилистиката претставува наука по граѓанското право. Цивилистите се занимаваат со граѓански предмети кои се однесуваат на неколку гранки во правото како на пример Стварно право, Семејно право, Наследно право и Облигационо право. Што значи дека како адвокат или судија цивилист, би се занимавале со семејни, наследно - правни, имотно - правни спорови и сл.

    Од друга страна, казненото (кривичното) право, претставува систем на норми со кои одредени човекови поведенија се прогласуваат за казнени дела, за кои се пропишуваат казни и други присилни санкции од страна на државата. Негова основна задача е да ги заштитува основните интереси и добрата на луѓето од човековите поведенија прогласени за кривични дела. Во нашиот КЗ, казнените дела се обработени во посебни глави, а бидејќи ги има во голем број, овде ќе наведам некои од нив. Чисто колку да имате претстава со што би се занимавале ако бидете кривичар.
    - Кривични дела против животот и телото (убиство, убиство на дете при пораѓање, наведување на самоубиство, телесна повреда, учество во тепачка, неукажување помош... )
    - Кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот (повреда на рамноправноста на граѓаните, присилба, противправно лишување од слобода, грабнување, тортура...)
    - Кривични дела против изборите и гласањето (спречување на избори и гласање, повреда на избирачко право, злоупотреба на избирачко правопоткуп при избори и гласање...)
    - Кривични дела против работните односи (повреда на правата од работен однос, повреда на правото од социјално осигурување, непреземање мерки за заштита при работа...)
    - Кривични дела против честа и угледот (клевета, навреда, изнесување лични и семејсни прилики...)
    - Кривични дела против половата слобода и половиот морал (силување, обљуба врз немоќно лице, полов напад врз дете, родосквернавење...)
    - Кривични дела против бракот, семејството и младината (двобрачност, вонбрачен живот со малолетно лице, одземање малолетник, напуштање немоќно дете... )
    - Кривични дела против здравјето на луѓето (пренесување заразна болест, несовесно лекување болни, неукажување медицинска помош, надрилекарство...)
    - Кривични дела против животната средина (загадување на животната средина, загадување вода за пиење, пустошење на шума, мачење животни...)
    - Кривични дела против имотот (кражба, тешка кражба, разбојништво, затајување, измама, лихварство, уцена...)
    И така натаму...

    Би сакала најпрвин да ја разгледаме темава од теоретски, а потоа и од практичен аспект.
    За оние кои студирале право, можеме да дискутираме околу тоа кои предмети ви беа поинтересни за учење и совладување? А од друга страна, дали истите би ви „лежеле“ и во практиката?
    На пример, мене предметите од областа на казненото право ми беа многу поинтересни и буквално не испуштав предавање кај тие професори. Имавме многу интересни, реални примери кои знаат да бидат многу конфузни и заплеткани. Но, некако не можам да се замислам себеси како кривичар. Казненото право опфаќа многу сериозни дела, па не ретко се вели дека цивилистите ги валкаат рацете со пари, а кривичарите со крв.

    Би ја споменала и онаа вечна дилема: Дали би се впуштиле во спор во улога на одбрана, ако обвинетиот за тешко кривично дело ви признае дека го сторил делото? Дали ќе ги погазите своите морални принципи во име на вашата професија?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.746
    Допаѓања:
    32.113
    Пол:
    Женски
    Повеќе сум за првото. Отсекогаш повеќе ме интересирале имотно правните односи. Често знам да читам на интернет статии во врска со поделба на имот, со наследство, и др. Ако некогаш го довршам факултетот, би го одбрала граѓанското право.