"Gitanas" e мексиканска теленовела од Telemundo и мексиканската компанија Argos Comunicacion, римејк на чилеанската верзија наречена "Romane". Оваа теленовела кај нас се емитуваше на А1 Телевизија во 18:00 часот. Синопис: Циганите ги предвои Вања, кој сака да воспостави пријателски односи со жителите, а во тоа му помага отецот Хуан Домингез, кој е негов долгогодишен пријател. Хуан се запознава со Јованка, ќерката на Вања, која пред дваесет години имала љубовна врска со Рафаел Домингез, братот на Хуан, со што го предизвикала гневот на нејзиниот татко. Поради забранетата љубов, Јованка го напуштила племето и по дваесет години се враќа со трите ќерки Марија Саломе, Марија Сашенка и Марија Магдалена. Таа крие дека само една од ќерките е од врската со Рафаел и наследничка на имотот на семејството Домингез. Повторната средба на Рафаел со Јованка ќе предизвика опасни ситуации, кои ќе резултираат со немири во градот. Рафаел е во врска со Сандра, но стариот љубовен пламен повторно ќе го опседне, но конкуренција ќе му биде неговиот роден брат. Но, на повидок е нова љубов, која претендира да го повтори гревот на Јованка. Нејзината ќерка Марија Саломе се вљубува во Себастијан Домингез, синот на Рафаел, а на тоа жестоко ќе се спротвстави Викторија, мајката на Рафаел и Хуан. За Јованка ќе биде шокантно откритие кога ќе дознае дека Хуан е брат на Рафаел и дека е свештеник, што ќе ја стави на ново искушение. Дали да и се препушти на новата љубов и да ризикува повторно да биде избркана од својот народ? Улоги: Manolo Cardona ,Ana de la Reguera ,Saúl Lisazo ,Dolores Heredia , Carlos Torres Torrija ,Erick Elías....