Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цигарите и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Svetle, 15 ноември 2009.

  1. Enni545

    Enni545 Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Еј страшно да не може човек на раат да си каже свое мислење! Сега вие знаете како се чувствувам јас, знаете и зошто немам секс, знаете и дека ќе бидам лоша мајка само заради тоа што пушам. И ако ви каже некоја јас штедам не јадам за да му купам нешто на бебето, ќе биде Па зошто така, треба здрава исхрана бебе расте во тебе... Јас не очекувам да ме поддржувате и да ме тапкате по рамо дека е во ред ова, ама крајно сте безобразни. И видете го првиот пост убаво јас не нападнав никого само кажав мој став бидејки сум свесна дека секој има право на избор. Човек неможе да се изјасни а да не го удавите и депресија да го фати! Блазе си на вам, совршени сте.
     
    Последна измена: 17 февруари 2016
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.121
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    Sama kaza deka seks nemas bez nekoja posebna pricina. Inace od kaj bi znaele, sama sto si pisuvas toa citame. Aman be devojce, denes dojde vo temava i odma se nafrli na karanje. Vo drugi postovi koga te bodrat ne se karas, tuka lom se napravi so site. Epa znaes sto... Forum e ova, ke si kaze sekoj svoe mislenje. Nemora da se soglasuvas so site. I stvarno, postot ti e sranje, izmesa bebinja so deformiteti, Ebenje, cigari i ishrana, i sto li uste ne. Bezvrska muabet si napravi.
     
    На Luna91, joy1, anastasijaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Enni545

    Enni545 Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Слободка една дотична рече дека сум немала секс бидејки не ми било мене кејф, а не дека сакам а ми е страв за бебето како што е вистина. Прочитај поназад, па зборувај!
     
  4. Enni545

    Enni545 Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    А добро стварно ли никој не ги разбира моите споредби со исхраната, сексот, одлуките за абортус каква врска имаат со цигарите или чукнати се правите ако ви е мувата на капата?
    Гледам почнале да се изјаснуваат кои се лоши и добри мајки, некои што не пушеле никогаш ќе држат предавања колку супер мајки се тие а нас останатите по муабетиве треба да не стават на бесилка. Епа ме иритираат такви и крај. Многу работи што ги правите освен пушењето се штетни, ама за тоа има оправдание секогаш. А ние ќе си ја свиеме опашката и ќе молчиме. Епа нема.
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  5. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Јас ќе те прашам едно извини нее убаво ова да се прашува но морам а после ќе видиш зашто те прашувам.
    Колку примања имате месечно?
     
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ако има пари за пелени и останати работи, зошто е битно дали пуши или не? Сигурно нема да питачи или пак детето гладно и босо да го остави.
     
  7. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Неми беше прашањето за тоа.
    Ама девојкава направи такви катасрофални споредби кои врска немаат.
     
  8. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Знам дека темата е за цигарите и бременоста, ама на мене во очи ми паѓа тоа што низ сите теми има некој што се удара во гради како ќе гледа дете со посебни потреби, како да е најлесното нешто на светот.
    Одете во темата Предизвици во мајчинството и видете со што се соочува една мајка секој ден со ЗДРАВО дете, па помножете го тоа со 1000 пати потешко колку што доживува мајка со БОЛНО дете.
    Знам дека е офф топик, ама сите сме јаки додека се' е во ред на секој преглед и контрола.
    Не дај Боже да треба да донесеме таква одлука.

    А за темата, јас не пушам и мое мислење е дека треба да се откажеме од секое наше задоволство за доброто на нашето дете.
    Ако веќе не може да се откажете, барем намалете го пушењето на минимум.
     
    На Luna91, kjukli, WarriorAngel и 6 други им се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Во ред е. Споредбите можеби и не беа на место, но се прашувам како на ниедна од вас не и текна дека хормони се во прашање. Како на ниедна не и текна дека девојката можеби едвај издржува овие 3-4 часа без цигара? Можеби се бори да не запали нова оваа вечер? Како на ниедна не и текна дека можеби девојката покрај хормоните има и поголеми маки, па цигарите и постот и се издуван вентил?
    Значи мајки, девојки, феминки, се работи за трудница, бидете полабави и помеки. И колку што приметив, таа никого лично не нападна, туку си кажа свое мислење, без намера за навреда, понижување или солење памет.
     
    На Asiana, kikin и Enni545 им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^
    Кaкo не нaпaднa, сaкaше дa изврти индиректнo и дa ги стaви вo ист кoш пушењетo сo сексoт, плус oние кoи не би рoдиле дете сo дефoрмитет. Зa дa се oпрaвдa декa пуши, прoбувa нa друг винa дa ствoри. Некa си пуши aкo сaкa, aмa некa не се спoредувa сo други зa дa си нaмaли винa.Некa бaрa други aргументи, aкo вooпштo ги имa.
    Или aкo веќе oди сo тие куршуми некa ги издржи критиките нa сметкa нa пушењетo.
     
    Последна измена: 18 февруари 2016
    На kjukli, Sunshine_1979, slobodka и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Enni545

    Enni545 Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Има таква страшна потреба на форумов за преувеличување на секој еден муабет што веќе мислам нема да ми текне да се исповедам за мој порок кој го има пола свет. Нејсе, секоја чест на исклучоците кои пробаа да ме разберат.Јас пак ќе си застанам зад своето, правиме свесни и несвесни работи со кои наштетуваме на бебето. Докторот прво ќе ми рече на секој преглед да не качам повеќе од 12кг заради притисок и дијабет и ете знам дека многу не го почитуваат тоа. Зошто? Што е разликата? И тие свесно како и јас го доведуваат животот на детето и својот во опасност. А јас водам борба секој ден, која е за поцврсти карактери остварлива. Јас незнам дали сум една од тие...
     
  12. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Според мене секој може да откаже цигари...ако сака нормално.
    Ова го кажувам од искуство. Само треба желба за тоа.

    А за цигари во бременост и во присуство на дете не сакам да коментирам многу. Не оправдувам во никој случај, ама не осудувам. Секој си знае за себе.
     
    На eloves, Kaetana, SamovilkaH и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Enni545

    Enni545 Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Нека 'дигнат рака' сите што излажаа дека комплетно ги оставиле цигарите за да им аплаудираат лажно!

    Е ова е напагање, гледам многу жени се бунат да не биде не сум кажала па споредете со другите мои мислења.
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  14. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Ако се однесува коментаров на мене ќе ти одговорам.
    Пушев 8 години и ги откажав скроз цигарите во јануари 2011 година. Значи цели 5 години не пушам и вешто избегнувам пушачка атмосфера.
    Инаку и јас си кажав свое мислење за темава и не мислам дека некого навредив.

    Доколку не се однесува на мене коментарот, во ред.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Enni545

    Enni545 Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Не се однесува на никој конкретно, им се правдам на осетливите тука што е напад а што не. Јас само се бранев, после сите кои ме нападнаа.
    Браво за тебе, ако е така.
     
  16. julia87

    julia87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2016
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    jas sum bremena 5 nedeli i se trudam da gi otkazam cigarute ,go prasav doktorot rece po 4-5 cigari na den moze no podobro e ic.no jas imam i drug problem ,kaj sto sum na rabota vo kancelarija se pusi i non stop disime cad,strasno e isto kako da pusam po 20 cig na den ;(
     
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.103
    Пол:
    Женски
    Еве јaс ќе кaжaм мм не пуши веќе пет гoдини, нaеднaш ги oстaви без никaквa пoмoш. И знaеш кoјa беше причинaтa? Јaс. А верувaм декa свoетo чедo е пoгoлем пoттик дa се oстaвaт. Кoгa тoј мoжеше дa ги oстaви зaрaди девoјкa (тoгaш му бев девoјкa сo кoјa идеше некoлку месеци) секoј мoже. Изгoвoри не прифaќaм, зaштo личнo бев сведoк штo се мoже кoгa се сaкa.
     
    На Luna91, kjukli, CocaColla и 2 други им се допаѓа ова.
  18. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.361
    Пол:
    Женски
    Јас пушам , но не многу , а сум и во поодмината бременост веке. Нормална бременост имам , бебето е здраво и јас сум здрава , е сега да несмее да се пуши во бременост , и јас многу се трудев да ги откажам , но неуспешно за жал :( плус кај мене дома сите пушат освен син ми , но тој е навикнат на чад од скроз бебе .. Јас кога он беше бебе ( бидејки не пушев тогаш ) на сите им велев да не се пуши во негово присуство , ама никој не ме слушаше ниту свекрва ми , свекор ми ниту мм . И ете јас почнав да пушам , и сега неможам да ги откажам , а многу сум против пушење , особено во бременост . Му кажав и на матичниот , ми рече дека најдобро е ИЧ , ама ако веке неможеш да се одкажеш , барем да намалиш со пушење . Ете по 2-3 цигари на ден пушам , и тоа уз кафе само .. Некогаш ако не се напијам кафе само едно цигаре палам , бидејки ми доага на мисла . А би сакала да може воопшто да не пушам , барем додека сум бремена :( а познавам на свекрва ми колешка и пријателка , која се породи скоро и беше во лоша состојба и таа и бебето , бебето повракало густ жолт секрет ,ама жената свесно пушеше по две кутии , а некогаш и три дневно . Се породи царски и раната нонстоп и се отвараше , од кашлање , бидејки во болница несмее да пуши . Ова ме плаши најмногу од се .. Јас одам со нормален порагај ама сепак сум исплашена околу бебето ... Ах камо да не запалев цигара воопшто .. Никогаш да не почнев со пушење ...:(:(
     
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Женава пуши по две кутии во близина на бебето? Божеееее. Ме зачуди за ова со жолтиот секрет што го повракало.
    Како е бебето сега? Сонце мало.
     
  20. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    @Enni545 мене зошто прашав каде во книшката се запишува пол на бебето, што е обично прашање паа се најде феминка не да ми одговори на прашање зошто тука сме да си помогнеме туку да ме обвини дека ми е побитен полот отколку здравјето на бебето, со едно глупо прашање, па каде тебе нема да те осудуваат што си кажала дека пушиш, јас не подржувам цигарите не сум пушач и незнам како е да си зависен од пушење, ама го гледам како кога ти се јаде благо а знаеш дека не е добро за бебето ама ајде кога ти се јаде како да не изедеш еден два реда, кај мене сите пушат мојте ,сестра ми, мм ама во мое присуство им имам кажено дека несакам да пушат ни во присуство на детето, иако мајка ми има пушено во бременост таа кажува како демек не пушела ама не верувам фала богу и јас и сестра ми сме здрави и не сме имале проблеми со здравје, само сакав да кажам дека не треба да се ставаме во друга кожа и да се удараме дека ние не би направиле нешто а незнаеме како е , не сме искусиле, тука ке ти замерам за тоа што велиш за дека би чувала детенце со деформитет, не си била во кожа на тие мајки па да знаеш што значи тоа , имам керкичка ми се случи да бидеме 5дена во болница поради бронхидсо неа низ какви трауми и детето и јас не поминавме за тие 5дена што сега ко окото во зеницата ја чувам да недај Боже нешто се случи а камоли нон стоп да си по болници, трауми , нервози а неможеш да му помогнеш, за жал имаше мајки што запознав со таков проблем и само можам да кажам ни на најлошиот душман не му го посакувам истото.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.