И јас да ви кажам баш чудно ми е. На форумов 90% од труднициве не пушат и се против цигари и осудуваат и слично. Од мое лично искуство, значи конкретно за себе си зборам 99,9% од трудниците пушачи кои ги познавам, а повеќето се, ниедна не се откажала од цигари. На секој чекор сретнувам трудници што пушат. Не коментирам дали е тоа добро или лошо затоа што е тоа повеќе од јасно само баш чудно ми падна што на форумов сите имаат баш цврст став во врска со цигарите. Или можеби навистина подобро им е да кажат дека не пушат отколку да бидат осудени.
Зaштo би лaжел некoј, вo живoт немaм прoбaнo ни цигaрa ни aлкoхoл дури ни кaфе, и ми се смееле зa тoa aмa гaјле ми е. Oд сaмиoт мирис нa сетo oвa ми се лoши a не дa гo кoнзумирaм.
Секоја чест што не си пробала, тоа воопшто не е за смеење туку за пофалба. Јас само кажав што ми паднало во очи... Можеби само ете кај мене така се погодило..добар дел од трудниците што ги познавам да се пушачи.
Не е, aмa ете секoгaш сум дoбивaлa шеги нa мoјa сметкa зaштo вo кaфиќ пoрaчувaм сaмo сoк А зa цигaри ужaснo мнoгу ми сметa чaдoт, се гушaм, среќa штo и мм не е пушaч. Тaткo ми секoгaш дури и нa нaјлaднoтo зимнo време излегувaше нaдвoр дa пуши тoлку дa ми сметaaт тoa чудo
Мое мислење е дека не треба бремена жена да пуши бидејќи тоа е чиста себичност. Мислам, веќе не станува збор за тоа дека самата се труе туку зошто уште од ембрион да го труе и бебето. Јас кога би останала трудна знам дека нема да запалам.
Eve jas ke kazam pusac sum koga mi kazaa deka sum bremena mi kazaa do 12nedela kako znam da gi otkazam.Gi otkazav so trista maki i nervozi,i seuste nekogas mi odi mislata na cigara se trudam da ne zapalam,sekako deka ne e lesno tolku vreme da pusis i naednas da gi prekines,no pomislata na samoto dete ke te natera.Ne se lazete deka imate potreba od cigara i deka od 1ne e nis,gospod ne ja sozdal taa potreba tolku imam da kazam pozz
15 години пушев пред да останам бремена. Си мислев дека никогаш нема да успеам да не пушам. Кога дознав дека сум бремена, недела дена ги намалив, но во 7 недела почна толку многу да ми се лоши што цигари не можев да помирисам. Во тек на бременоста се случуваше да запалам една цигара месечно, ептен ако се настрвев, ама одма ми се лошеше. Некаде околу 6-7 месец ја запалив последната цигара... Еве веќе 16 месеци немам запалено цигара. Веќе кога тргна возот, не сакам да застане. Многу ми е поубаво вака. Морам да напоменам дека стварно не се измачив да ги оставам цигарите. Му должам на детето што едноставно премногу ми помогна да не сакам ни да помирисам чад. Маж ми е непушач, па и таа околност ми е погодена. Не судам трудници што пушат, а што се трудат да ги остават / намалат. Сфаќам дека не е лесно. Со хормоните до плафон, чудни емоции се во прашање.
Незнам дали сум пишала на оваа тема ама еве пак.Бев страсен пушач 10 години.Кога го чув тоа мало срценце како бие ми стана грев да го трујам.Пробував да запалам некое со кафе ама не идеше.Ми се лошеше,па прекинав да пушам.Цела бременост запалив само 3 цигари од ради реда,да помине мисла.Од кога се породив,не доев,па пак си пушам по кутија на ден.Се е до карактерот мислам.Никогаш не мислев дека ке можам да ги оставам ама ете за бебчето се решив да не го трујам.Е сеа другарками си пушеше дури по 2 кутии на ден,велеше неможам да ги оставам,ми иде да ги изедам од што ми се слатки.И таа се породи,еве го живо здраво бебче
За цигари пушење си нај против, а уште повеќе против жена да пуши цигари,на што личи тоа? според менее на ништо. Жената е нежна, женствена е цигарите не се за неа, раце здив да ти мирисаат на цигари,уууј одвратно. А највеќеее сум против бремена жена да пуши. како прво за мајката штетно,второ за бебето во неа.
Мене пак не ми е убаво кога жена вози кола. Кога жена се кара со мажот. Кога жена пие алкохол. Кога жена оди сама на улица. Кога жена не ја почитува свекрвата. Кога жена шета со шорц или кратки панталони. Кога жена се шминка. Кога жена работи. Кога жена не гледа во земја... Многу работи ми се одвратни кај жените и предлагам дека се нежни и женствени, да си седат дома затворени. Може да се повредат на улица од што се нежни. Мислам и дека треба цели да бидат прекриени зошто се женствени па да не се случуваат собракајки кога одат по улица ( нели пошто маживе ке зјапаат во нив). На што личи тоа, жена женствена и нежна да шета сама и непокриена? Бруки. Мрш тамо во КСА кога веке не може да се врати 13 век.
Тоа на што личело, е чиста глупост, кој што сака нека прави. Ама пушење во бременост ми е многу себично. Баш дојдов да пишам, и гледам има една феминка погоре пишано. Уште и триста изговори се има..не ме интересира дали некој пуши цигари, се пијанчи или се дрогира. Ама барем ако не мислите на вас, мислете на тоа нежно и мало бебе што уште не е ни дојдено на светов а којзнае што му се случува. едит, мајка ми никогаш нема запалено цигара, ама татко ми многу пушеше. По 4 кутии на ден. Веќе долго време не пуши, ама знам како ми беше кога ќе влезам дома ко мала и изгледаше ко да има магла од димот. До ден денес неможам некогаш убаво и длабоко воздух да земам.
Феминки мои, ако пишувате по 100ти пат ( цели 11 страни) дека цигарите се штетни нема да ја разбудите совеста или пак да натерате некоја да престане да пуши. Резултати се добиваат само со конкретни примери. Тоа и треба да биде поентата на темата.
Ako toa malo sustestvo ne ja razbudi sovesta togas ne gledam kako nie bi ja rabudile,ako ne poveke barem eden primer sekoja feminka ima slusnato za toa barem jas taka msm
Го поштувам твоето мислење до некаде, ама пак ќе кажам мое мислење си е не ми е убаво и лично да гледам жена со цигара, а зошто да не вози кола, да не пие алкохол? алкохолот не е штетен ако се пие умерено, јас на пример можам да пијам само една чаша вино розе или бело, и толку, си имам поставено граница, до некаде си во право за алкохолот, воопшто не е убавоо пијана жена, за се си има граници, и ја поштувам свекрвата, здравје и ќе возам тоа е потреба за секој нормален човек и според мене жената има право да вози. женствено ми е кога ќе видам жена во шорц или кратки панталони, тука не се работи само за женственост туку и за комфорт. Цигарите не се за жената! а богами и за мажот. голем противник сум за пушењето цигари. одвратни ми се! и не се потребаа, туку навика, а за секоја навика има и одвика, само треба решителност и упорност, тоа се вика карактер
@okcenzi А мислиш ние тука пишуваме за тебе или некоја друга со сила да натераме да престане да пуши? Вас ако не ви е гајле, нас па ич. Ама си имаме мислење и ако сакаме не 100, уште 100 пати по сто ќе напишеме.
Cigarite ne bile za zena ok za maz neka bidat,na toa ti bese daden odgovor,toa e isto kako kolite i alkoholot se isto za mazite,mozebi ne izg ubavo zena so cigara mada ne poznavam takva osven ako e devojce,te razbrav mn ubavo no ne se izrazi ko so treba,podobro ke bese direkt za trudnici da kazes a ne cigarite i zenite opsto
^ Мислам дека беше иронично целото мислење на okcenzi. Инаку, се сложувам со неа. Не сте вие тие кои што ќе кажете на кој му личи, а на кој не му личи нешто. Крај краева, жената, била нежна или не, со цигарите само нејзе лошо си прај кога не е бремена и нема што да се зборува на кој му личи, кој не му личи. Еве јас велам дека има жени на кои ептен им личи цигара и многу ми се женствени. Зошто мора да се прајте многу паметни и да кажувате што за кој е? Жени сте, немојте пак да враќате филм, ова е за мажи, ова е за жени, да се уназадувате. Да, јас палам понекогаш речиси секојдневно во последниов месец ама ниту алишта ми мирисаат бидејќи секогаш палам на тераса, ниту коса ми мириса, ниту раце ми мирисаат бидејќи одма после цигара ги мијам, а на другарка која не пуши здивот и е уби боже, не можеш да стоиш до неа и да ти зборува. Темава е цигарите во бременоста, да ве потсетам и нема што да се спомнува личниот избор на жени кои не се бремени, а пушат.
Ако некој реши да се труе-негов личен избор.Бебето кое расте и се развива во нечиј стомак,нема право на избор.Затоа Ве молам воздржете се.Да,пушач сум,и нема оправдување за пушење во тек на бременост!!!
Мајка ми пушела кога била бремена со мене и тоа со апетит па ништо не ми фали, толкава девојка пораснав, здрава, права.Сега јас сум бремена и ги оставив веднаш штом дознав дека сум бремена.После почна да ми се гади и никако неможам да поднесан миризба и чад од цигара. Сакав да кажам, немате друга работа па се препукувате на форум...Ако трудница сака да пуши нека пуши, ако не не... Не е препорачливо да се пуши ама секој за себе си знае најдобро. Позззз