Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цигарите и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Svetle, 15 ноември 2009.

  1. Smizzy

    Smizzy Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    4.150
    Пол:
    Женски
    Супер за сите примери на здрави прави деца од мајка пушач, но еве пример на моја братучетка. Роди 3 деца, и еден спонтан, двете и се здрави прави, но најстарата ќерка има проблем со недоразвиен хранопроводник поради кој има редовни гушења од храна. Значи иста мајка ги родила, но ете во една бременост цигарите оставиле голема последица. Затоа е ризик пушењето во бременост, алкохол, лоша исхрана, нездрав живот... Не е гаранција дека нешто лошо ќе се случи со бебето, но значително се зголемува ризикот, затоа е најпрепорачливо да се апстинира.
     
    На Mariangel, Emy867, Sky-butterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.552
    Пол:
    Женски
    Пушач сум 10 години чак со цигара во рака сум додека ко куцам мислењево, но кога ќе ги видам пред гинекологија трудницине со стомак до заби и цигара во уста ми иде од јазик да им ја изгасам цигарата. Ете не знам некако трудна жена со цигара не ми е добитна комбинација не од лепота дека не и личи туку знаејќи дека се штетни цигарите. Јас да се трујам не ми пречи мое здравје, ама знаејки дека има и мал ризик да му биде нешто на бебето кое го носам во мене не би можела да останам рамнодушна. Чак другарка ми што е трудна кога сум со нејзе не палам се воздржувам а не па за свое дете.
    А за тоа дали личи или не боли ме уво. Мене и пиво ми имаат речено дека не ми личело да пијам пошо не била женствена пијачка па еве ме не престанав да го пијам.
     
    На Sunshine_1979 и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Трудници, погледнете како цигарите влијаат на бебето во вашиот стомак

    Штетноста од пушењето цигари секогаш е актуелна тема, но една неодамнешна студија покажува неверојатни работи. Кадри од 4Д звук јасно покажуваат што се случува со нероденото дете во утробата на мајката пушач.

    [​IMG]

    Тие кадри настанале во рамки на студијата на универзитетот Дурам во која биле следени 20 идни мајки од кои 4 од нив пушеле во просек по 14 цигари на ден.

    Идните мајки биле подложени на ултразвук во 24, 28, 32 и 36 недела на бременоста. Тие забележале како фетусите во утробите на мајките пушачи почесто си го допираат лицето за разлика од фетусите на мајките кои не пушеле, пренесува „Дејли меил“.

    Новата студија ги потврдила следните наоди: Пушењето е уште поштетно отколку што сме мислеле.

    Доктор Надја Реисланд објаснува како фетусите поретко ги мрдаат усните и го допираат лицето како што поминуваат неделите на бремноста.

    Оваа студија укажува на тоа дека фетусите на мајките пушачи имаат задоцнет развој на средишниот нервен состав. За ова да се утврди дефинитвно, потребна е опсежна студија, но се дотогаш се апелира идните мајки да ги остават цигарите во текот на бременоста.




     
    На Abeja, slobodka и Cka им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.626
    Допаѓања:
    167.532
    Пол:
    Женски
    Јас ја читкам темата и цело време ми се врти едно прашање, сите знајме дека како што е лошо да си пушач, е лошо и да си пасивен пушач. Како му штети тоа на бебето и на идната мајка? Толку драстично или помалку?
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Се прашувате за ризиците од пушењето?

    Како да прекинете?

    Дали производите за прекин на пушењето се безопасни за бебето?

    Еве што треба да знаете за пушењето и бременоста.

    Пушењето и бременоста не одат заедно, но вие можете да преземете чекори за да ги зголемите вашите шанси за прекин со пушењето засекогаш. Почнете со давање одговори на најчестопоставуваните прашања за пушењето за време на бременоста.

    Дали пушењето има ефект на плодноста?

    Можеби ги знаете општите ризици од пушењето - од замирисаната облека и брчките до срцевите болести и ракот на белите дробови.

    Ако пушите и сте бремени или планирате да забремените, имате уште повеќе поттик да престанете со пушењето.

    Пушењето може да ви го отежне забременувањето.

    Може да го зголеми ризикот од ектопска бременост – кога оплоденото јајце се вгнездува вон матката, обично во фалопиевата туба.

    Како пушењето за време на бременоста му се одразува на бебето?

    Пушењето за време на бременоста го изложува бебето на јагленмоноксид, којшто го намалува дотокот на кислород и разнесувањето на хранливите материи.

    Изложеноста на никотин го зголемува пулсот на бебето и ги намалува дишните движења на фетусот.

    Пушењето може да биде поврзано со други проблеми, како што се:

    • вагинално крварење

    • проблеми со плацентата, кога таа делумно или целосно го покрива цервиксот или кога плацентата се одвојува од внатрешниот ѕид на матката пред породувањето.

    • мала тежина при раѓање

    • предвремено пробивање на мембраните – кога мембраната која е исполнета со течноста што го опколува и штити бебето од удари ќе протече или ќе истече пред да започне породувањето и пред 37-та недела.

    • предвремено пораѓање

    • предвремени породилни болки

    • дефекти при раѓањето, како што се со срцето, екстремитетите, черепот, мускулите и други места.

    • губење на бременоста

    Пушењето за време на бременоста може да има влијание на бебето и после откако ќе се роди, и вклучува ризик од:

    • Ненадеен синдром на смрт кај бебето

    • колика

    • астма

    • респираторни инфекции

    • дебелина во детството

    Некои истражувачи велат и дека пушењето може да има влијание на емотивниот развиток на бебето, на однесувањето и на способноста за учење. Пушењето може да има влијание и на плодноста на самото бебе.

    Каков ефект врз бременоста има индиректното пушење?

    Индиректното пушење може да влијае на здравјето на детето. Жените што не пушат, а се во зачадена просторија, имаат зголемен ризик од губење на бременоста или добивање бебе со дефекти при раѓање или слаба тежина.
     
    На monik55 и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Може ли прекинот со пушењето за време на бременоста да ги намали ризиците по здравјето на бебето?

    Апсолутно! Ако пушите, прекинувањето е најдобар начин на бебето да му дадете добар старт.

    Ако прекинете во првите четири месеци, можете да го намалите ризикот од мала тежина на бебето, како кај жените што не пушат.

    Прекинувањето може да го намали ризикот од предвремено раѓање, губење на бременоста, смрт и други компликации.

    Редуцирањето на пушењето е чекор во вистинскиот правец, но прекинувањето е најдобрата опција.

    Кој е најбезбедниот начин да се прекине со пушењето за време на бременоста?

    Најдобриот начин на прекинување со пушењето е без помош од лекови. Започнете со консултирање на вашиот лекар, а потоа преземете практични чекори:

    · наведете ги причините зошто сакате да прекинете, како што е заштитата на здравјето на бебето

    · ослободете се од сите кутии цигари (дома, на работа, во чантите и во колата)

    · избегнувајте ситуации што би ве натерале да посакате да пушите

    · дружете се со луѓе што не пушат и одете на места каде што пушењето не е дозволено

    · издржете ги периодите кога сакате да пушите бавејќи се со некоја работа или со јадење нешто здраво

    · со дозвола на вашиот лекар бавете се со физичка активност за да се справите со симптомите на откажувањето

    · потрудете се да имате некого со којшто ќе можете да зборувате кога ќе ви биде потребна поддршка

    · поставете си цел и награда кога ќе ја постигнете. На пример, ако не пушите за одреден период, парите што би ги потрошиле на пушење потрошете ги купувајќи си нешто за себе или за бебето или ставте ги на заштеда за бебето.
     
    На monik55, Cka и theowndemon им се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Дали е безбедно да се користат производи за прекин на пушењето кога сте бремени?

    Ако сè уште имате проблем со пушењето, прашајте го лекарот за производите што го заменуваат никотинот - лепенка или инхалатор, никотинска мастика, спрејови. Користењето на некој од овие производи ќе го спречи изложувањето на бебето на многу од опасните хемикалии што се наоѓаат во цигарите.

    Постојат многу никотински замени. Ако користите лепенка, минимизирајте ја изложеноста на бебето на никотин со тоа што лепенката ќе ја отстраните додека спиете.

    Кога желбата за пушење и симптомите од прекинувањето ќе се намалат, позборувајте со лекарот како постепено да ја намалите зачестеноста на користењето на лепенката или другите производи за замена на никотинот.

    Ако користите безникотински лекови за прекин со пушењето за време на бременоста, со докторот разгледајте ризиците и користа во вашиот случај.

    Дали пропушувањето после породувањето е често?

    Прилагодувањето на животот со новороденчето може да биде стресно.

    Како резултат од тоа многу жени после породувањето се враќаат на цигарите. Оние што се враќаат најверојатно имаат пријатели и роднини што пушат, па имаат помалку поддршка.

    Ако прекинете за време на бременоста, бидете свесни за ризикот откако бебето ќе се роди и побарајте помош од вашиот лекар како да избегнете да започнете одново.

    Не заборавајте на пасивното пушење, дека е ризик за бебето.

    Ако го доите, ќе биде изложено на мноштво штетни хемикалии преку вашето млеко. Цигарите го намалуваат млекото и можеби нема да можете да го доите долго колку што сакате.

    Ако пропушите после породувањето, не пушете близу до бебето или додека го доите. Уште поважно – правете планови за повторно прекинување со пушењето.

    Прекинувањето со пушењето ретко е лесна работа. Може да биде потребен повеќе од еден обид за трајно одрекување.

    Запамтете дека може да се стори – а вашето цело семејство ќе ги почуствува бенефитите.

    Оваа содржина е препорачана од Mayo Clinic- врвна клиника во САД
     
    На monik55, theowndemon и Cka им се допаѓа ова.
  8. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.360
    Пол:
    Женски
    Sega se dobri i taa i bebeto . Taa po dve kutii pusese i koga bese bremena . Znam bidejki cesto doagjase kaj nas na kafe . I sekogas imase po edna kutija rezervna so sebe . Jas ne sum bila da ja posetam otkako se porodi , svekrva mi mi kazuvase , nesto kako shlajm povrakjalo bebeto i zatoa ne gi pustale doma doktorite . Cekale da se iscisti skroz bebeto , a i taa da se sredi so ranata , pa da gi pustat . Sega se vekje doma , pola mesec ima od togas ,za srekja bebeto nema seriozni posledici vekje ne povrakja nisto :) ( off sum znam , ne me karajte :tmi: samo sakav da odgovoram na okcenzi :tmi::angel: )
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Stories

    Stories Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    1.514
    Пол:
    Женски
    Не знам кај го прочитав,можеби овде,може на друг форум,ако е пишано веќе нема врска, не е на одмет пак.Некоја професорка се обидела да им објасни посликовито што се случува кога трудница пуши.Рекла,замислете ве потопат во вода долго време и ви дадат да дишете само преку едно цевче.И низ тоа цевче,да ви пуштаат чад.Не знам дали точно така и со бебето,ама најблиску е.И од самата помисла се гушам.Никако не ми оди бремена жена со цигара,неуба слика.И мислењето за личноста ми се менува веднаш.
     
    Последна измена: 7 март 2016
    На Sunnny, Mariangel, kim.k и 4 други им се допаѓа ова.
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Јас да се надоврзам само на горенаведените постови. Докажано е дека децата на пушачите се со зголемени шанси и тие понатаму да станат пушачи.
    Не знам каде го прочитав ова, но пасивното пушење на децата исто така создава зависност која подоцна најчесто мора да се реализира.
    Доста примери од мојата околина го потврдуваат ова тврдење.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    И јас малку офф ке отидам ама морам да споделам што гледав пред некој ден на тв.
    Чувајте ги мобилните телефони и компјутерите на оддалеченост најмалу од 1.5 метри, во првите 8 месеци зошто се случува некое пореметување ( медицински објаснуваа) во мозочето на бебето, што значи можело да има проблем со видот, слухот, говорот и меморијата.
     
    На monik55, slobodka и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  12. В.Магдалена

    В.Магдалена Активен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    jas dodeka bev bremena ne pushev cigari samo prvite 3 meseci posle tie 3 meseci pushev po 2,3 cigari na den.. pa se porodiv 2 dena pred terminot, zdravo pravo dete so normalna tezina taka da jas velam deka ako bebeto se rodi so nekakov problem toa ne e od cigarite kolku zeni poznavam sto pusele cigari vo tek na bremenost pa rodile zdravi i pravi deca .. ako treba neshto da mu se sluci na bebeto ili na majkata ke se sluci i da ne pusi majkata cigari.
    Nesakam so ova da kazam deka treba da pusite cigari ili slicno.. samo sakam da si ja kazam mojata prikazna. :)
     
  13. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Цигарите и бременоста?Не, не и не!!!
    Не можам да го разберам тоа кога знаеш дека постои ризик,макар и најмал ама цигарите не ги оставаш оти едноставно не можеш.А дека постои ризик постои,остајте вие тоа на комшиката бебето немало последици,мајката ви пушела па што ви фали.Може сте поминале без поголеми последици ама зошто да ризикувам.Пушењето може да доведе до мала родилна тежина,предвремено породување како и срцеви заболувања.А пак да не збориме за имунитетот на детето кое константно е изложено на цигари во или по бременоста.И не знам кој доктор ги препорачува стварно,на мојот факултет постојано се спомнуваат како ризик фактор за настанување одредени болести кај детето.Навика или не,нема ништо поважно од здравјето на тоа мало суштество.Да не биде само теорија познавам едно бебенце на страствени пушачи и тоа детенце има многу мала тежина,алергии,вознемирено и многу активно.Ако веќе толку 'не можете" да си го скратите тоа задоволство избегнувајте ги првите три месеци кога бебчето се развива,а потоа минимално се знае.Некои тоа го поврзуваат со стресот,подобро мајката да испуши цигара отколку да е напната и под стрес,а тоа да се одрази врз детето.Но,сепак секој треба да си е е свесен за своите постапки и за најмилото.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.360
    Пол:
    Женски
    I jas pak malku off . Komsivka u moeto maalo od kj majka mi , nikogas ne pusela cigari , samo tatkoto pusi ama strogo nadvor na balkon ili u dvor , devojkata imase 26 koga bese bremena so prvoto detence , koe za zal morase da go rodi prisilno vo sestiot mesec od bremenosta :| bidejki sme kaj istiot ginekolog , razbrav deka bebenceto imalo nekakvi dupki vo mozoceto :(mozebi ova e toa poremetuvanje koe go spomena okcenzi pogore . Da napomenam , nejzinite cuvaat macki ( ama premnogu se okolu 10 mislam ima ) vo toj period taa i si spiese so niv . Ama pak mislam deka i nema nekoja vrska ova , mozebi ete taka trebalo da bide :| i moite cuvaat eden macor , ne spijam so nego ama znam onaka da go pogalam , da go zemam vo skut , pa eve i sin mi neretko go cepka , gali i kube :lol: srekja e mn miren macor pa ne se slucilo da go izgrebe ili povredi sin mi :) i eve dvete bremenosti mi se skroz normalni , mozebi e imunitetot na majkata vo prasanje ili sepak sudbina .. denes posle godina ipol , komsivkata si ima kerkicka koja stotuku pravese rodenden :) ete ja ziva zdrava i temperamentna :) sekako nemoze da go zameni prvoto bebence , no toa e sto e :| ( se izvinuvam za off , koga procitav za poremetuvanjeto na mozoceto , morav da go spodelam ova :tmi: )
     
    На monik55 и okcenzi им се допаѓа ова.
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Пак ке одам офф топик, но морав да го споделам и ова во врска со болдот, за да може да се информираат и другите феминки

    Иако преовладува спротивното мислење, не мора да се ослободите од мачката, но некои основни работи мора да ги знаете пред вашиот љубимец да го дочека новиот член на семејството.

    Мачките, бремените жени и бебињата заедно живееле мирно илјади години. Ни сега не е ништо поинаку, меѓутоа, одредени мерки на претпазливост со добродојдени.

    За брeмените жени може да биде опасен садот со изметот од мачката, но самите мачки не се опасни - дури се и пожелни!

    Mајките воглавно се плашат од токсикоплазмоза, паразитска инфекција која е поврзана со мачкиниот измет, песокот или почвата на која мачката остава измет.

    Доколку бремената жена добие токсикоплазмоза (дури и неколку месеци пред забременувањето) може да дојде до сериозни оштетувања на мозокот и очите на идното бебе!

    Оваа болест ја предизвикува паразит којшто може да ја нападне вашата мачка доколку таа го изеде пленот којшто веќе е заразен или ако дојде во контакт со контаминирана земја.
    Затоа оваа болест е многу ретка кај мачките што се чувани исклучиво дома.

    Сепак, треба да се внимава на песокот. Доколку сте решиле да ја задржите мачката, задолжете некој друг да се грижи за чистењето на песокот од мачката во следните девет месеци.

    Доколку идната мајка мора да го чисти песокот, потребно е да носи заштитна маска и гумени ракавици. После треба темално да ги измие рацете. Внимавајте песокот да го чистите секој ден и да го менувате што почесто!

    Moжете да се заразите дури и ако мачките биле во вашата бавча или во детскиот песок за играње. Затоа бидете многу повнимателни кога работите во бавчата. Носете ракавици и често мијте ги рацете.

    За да си ги смирите стравовите, можете да направите тест на крвта за да знаете дали сте имуни на болеста. Ако подолго живеете со мачки, можеби веќе сте преболеле токсикоплазмоза, па во тој случај не треба да се грижите. Нема да ја добиете повторно, а вашето бебе ќе биде потполно безбедно.
     
    На Kaetana и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  16. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.360
    Пол:
    Женски
    Lelee se kolnam ne go dopiram Max poveke strav me fati sega . Inaku macka cuvaat moite od koga bev vtora god sredno , i ne gi zadrzuvavme dolgo , prcoto se izgubi , vtoroto morase da go dademe , ova e treta macka vo kukjata , retko e doma samo jade i izlaga , ama so februarov sega i ne ni doagjase doma ic , inaku macorot e star skoro dve godini . Sepak preventiva e preventiva :worried:
     
  17. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Абе што слушате и верувате се и сешто !!
    Јас од почетокот до крајот на бременоста спиев со мачката , па ништо. Ако ти е вакцинирано , прочистено од паразити мачето нема простор за паника , на крај краева оно не ти мочка и кака до тебе или у соба , песокта и без тоа кога ја менуваш ставаш ракавици прво ради хигиена после ради се др .
     
    На Kaetana и okcenzi им се допаѓа ова.
  18. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.360
    Пол:
    Женски
    Toa e problemot :( ovoj macorot ne e vakciniran vekje edna godina . Pesok sekako ne mu treba , vospitan e i si bara nadvor da odi na nuzda , i ne vleguva pred celosno da gi iscisti sepite . Mene mi e deka februarov ne doagjase doma ic , se motal so macki natamu navamu , a site znaeme za napusteni macinja :(
     
  19. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Епа сега тоа друго е штом не си го чуваш само дома .
    Ама да си го бањаш , вакцинираш , прочистиш од паразити нема зошто да ти е страв . Јас мојата мачка ја прскав со прашок летото против паразити , трудна бев ..па фала богу ни на мене ни на бебето му е нешто.
    Штом го пушташ и надвор пази се , плус тоа зависи и до организмот на човекот до имунитетот .
     
    На kim.k, WarriorAngel и okcenzi им се допаѓа ова.
  20. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.360
    Пол:
    Женски
    Dodusa majka mi go prska vo leto , ama do togas bebeto ke dojde na svet vekje , inaku macorot e kaj moite u selo i se znae macka u kukja retko da e samo doma , ne ja drzi mesto :D ( lele ama sme off , ima lom da ne napravat clenkite tuka :tmi: )