Во право си, постојат такви мислења и реално мобилните се на некој начин и за нас штетни, не па за децата. Мислам дека за тоа зборуваше доктор во емисија кај Јанко, се работеше мислам за др Сајковски-педијатар од Систина. Сепак, реално тешко дека ќе се оддалечи детето од технологијата, кога во секој дом, во секоја соба има телевизор, компјутер, модем, и по некој мобилен на маса, а реално ретко кој живее во пространи домови со повеќе соби, па ете да се направи убав распоред за се. Единствено да не е премногу доближено до некој од овие уреди и секако да се поттикне да се заинтересира за работи својствени за негова возраст (макар што децава го сакаат токму она со кое родителите се занимаваат). Или едноставно ќе станат имуни и на овие зрачења, загаден воздух, ГМО и се по ред...
godina i 3 meseci go cekav mesto da se raduvam jas sum pod stres i strav nesto da ne mu se sluci na plodot pprva bremenost mi e i imam mnogu nejasni prasanja sega ke go teram maz mi da izlezam malce da prosetam inaku koga sedam poveke pusam poram nesto da prevzemam nebiva taka
Toa sto si go cekala treba da ti bide motiv,a bremenosta nikako stres.Pa toa e najubavoto nesto,zagrizena si,no ne mu pravis dobro so cigarite.Setaj,raduvaj se na zivotot i noviot zivot koj raste vo tebe.
Ако ти е страв, што е и сосем нормално избегнувај се што е штетно по твоето и неговото здравје. Благословена се и не уништувај го тоа, убаво е што цигарите ги супституираш со прошетка.
da probuvam no ova e nesto novozamene sum zbuneta neznam sto da mislam razni custva mi se pomesani sega probuvam da ne pusam ama mislata mi vika da zapalam a jas probuvam da i se sprotistavam
Јас сум или подобро речено бев пушач до пред неколку недели. Во првите неколку недели од бременоста, кога не знаев дека сум бремена, си пушев нормално, по 10тина-15 цигари дневно, си пиев по 2-3 кафиња. Кога дознав дека сум бремена не ги откажав одма, ами ги намалев до 5, 3-4, немој да ми стане нешто од наглото престанување.. Пресудно беше ехото на кое се гледаше ембрионче, и срценцето кога ми го пуштија да го слушнам Ги занемарувам своите потреби за потребите на тоа мало нешто што чука така силно Всушност, по се изгледа, тоа и значи да си мајка Така, ако јас можам (а пушев континуирано од средно, тоа му се некои 15тина години) може секој.
Потполно истиот случај како и @Anaksunamoon сум и јас. Само што јас пушам некои 10тина години т.е. сега веќе можам да речам - пушев! Јас никогаш не пушев од навика, туку јас уживав буквално со секоја цигара. За мене цигарата претставуваше одмор и релаксација, време само за мене, особено наутро со кафето. Значи откако останав бремена и кафето го откажав, најмногу заради потребата од цигара дури го пијам како и мачнините кои сега веќе поминаа па со самото тоа и желбата да испијам едно кафе со цигара наутро кај мене се зголемува, што ужасно ме нервира зошто не сакам, не сакам ниту кафе, ниту цигара, туку сакам да го осетам пак тоа чувство на уживање со кафе и цигара на сонце, во дворче, како што си правев некогаш. Немам запалено цигара од моментот кога го слушнавме срценцето на бебе и се надевам дека ќе потрае тоа се додека бебе не се роди и секако, дури го дојам.
Јас со првото прекинав да пушам затоа што ми се лошеше од цигарите и една година не пушев.Бебето се роди 2700 што е малку а беше и надносено.Има жени кои пушат па ќе го родат и по 4кг.Сега пак сум бремена но уште не ги имам откжано само ги намалив од пола кутија на 5_6 цигари дневно.Ако не ми бара душата нема да палам во спрптивно ке палам по некоја до крај.Сигурно две кутии се поштетни од пет цигари.
I jas imam problem so ostavanjeto na cigarite... Pominaa 6 dena kako doznav deka sum bremena a i ponatamu si pusam kako do sega. Vojuvam so mm i najbliskite, ama mislam deka sum tolku zavisna sto se mi e pametot tamu. Vcera bese rekord, 7 cigari cel den! Denes se nadevam makar deka ke se zadrzam na 7, deka nema da zapalam poveke. Ovde ne se preporacuva da gi ostavis tuku da gi namalis, sto znaci 4-5 cigari dnevno. Se nadevam ke stignam do taa brojka m, a uste pogolema nadez imam deka ke gi ostavam ednas zasekogas! Vo sekoj slucaj mnogu loso mi vlijaat na imunitetot...
Размисли што ти е поважно, тоа што ти е во утробата или навиката? Се се може ако се сака. Немој да мислиш дека не можеш да ги откажеш. Факт е дека лошо влијае врз тоа што е во тебе. Не прави свесно такви грешки. Батали ги како и да е само лошо можат да ти донесат.
Нема корист од ограничување на една, две или пет цигари дневно и многу лошо ќе си направиш со тоа што ќе се одлучиш да пушиш 4 - 5 на ден. Ќе си речеш на пример дека од сабајле ќе испушиш една, после ручек друга, со кафе трета, после вечера друга и последната пред спиење. Вака уште повеќе се заробуваш. Цело време ќе си мислиш дали дошло време кога треба да ја испушиш наредната цигара, кога ќе ја испушиш последната цигара и ќе си легнеш ќе се нервираш бидејќи треба да спиеш неколку саати за да дојдеш до наредната цигара. Исто ќе ти биде и преку денот. Одма штом ќе ја испушиш онаа цигара што е за одма после будење ќе се нервираш бидејќи треба да помине одредено време до наредната цигара. На овој начин само ќе си направиш нервози и на овој начин правиш роб од самата себе. Цел ден, не си сконцентрирана на ништо друго освен на тоа дали дошло време да запалиш цигара. Знам од лично искуство бидејќи пробав да ја намалам бројката на цигари дневно. Истото се случува и кога се обидуваш да ставиш временска рамка измеѓу цигарите. На пример, јас едно време меѓу две цигари оставав саат време. Знаеш што ми се случуваше? Ако учев, на пример, цело време ќе гледав уште колку време мора да учам до наредната цигара. Друга работа е што физичката зависност од никотинот е многу слаба. Ако би постоела некоја јака потреба за никотин на твојот организам, твоето тело би те будело во текот на ноќта за да запалиш цигара, нели? Но, бидејќи голем дел од зависноста од никотин е психичка, твоето тело не те буди како што би те будело за други телесни потреби (вода на пример). Воопшто не си толку зависна како што ти мислиш. И размисли си дека ако нешто не е во ред со твоето дете не дај боже, а ти продолжиш да пушиш, и да не е од цигарите цел живот ќе се чувствуваш виновна за тоа што му се случува и затоа најарно е да ги откажеш. Ако сакаш пиши ми лп, ќе ти пратам видеа со чија помош јас ги откажав цигарите. Таму се разјаснува се и можеш многу лесно да ги откажеш.
Dragi moi, vi blagodaram za odgovorite, veruvajte svesna sum za stetata od cigarite, samo sto tuka vo slovenija, ginekologot mi rece da gi namalam, ne i da gi otkazam. Dokolku gi otkazam moeto telo ke dozivee shok koj sto e polos od minimalniot vnes na nikotin i katran... Taka mi bese receno, zatoa rekov makar da gi namalam. Se trudam i znam deka ke go postignam istoto, da gi namaluvam postepeno za na kraj da gi otkazam skroz. Blagodaram uste ednas na site soveti!!!
I Mene taka vo mk mi rekoa. I Jas pusam Po 2-3 cigari dnevno .I ne s stresuvam cekajki ja narednata cigara. Sekoj si znae za sebe. Site sme svesni za stetnosta na cigarite I ne samo vo bremenost tuku vo sekoe vreme.
Мене ми се згадија сами од себе ден-два пред да дознаам дека сум бремена, а дознав касно, во 6-та недела плус некој ден. Случајно на работа еден ден не ми се пушеше и не ми се пиеше кафе, што дотогаш беше можно само ако сум болна. Уште не ги сакам, како и кафето. Ум не ми оди во цигара и кафе, ми се гади. Така да, @Mari-Ja не се секирај, тебе рано ти е за да имаш гадење, можеби и ти нема да ги сакаш цигарите. Во најлош случај ќе ги намалиш сигурна сум. Сега си уште во „шок“ од бременоста.
Jas stignav do 1 dnevno -cigara de Da se porodam pak ke bidam na edna dnevno, ama togas ke da bide kutija
Кога останав бремена во ќерка ми од се ми се гадеше, само од кафе и цигари не, незнам што организам ќе беше . Сега сум 6та недела, па почнав да пушам по пола кутија на ден, сакам да ги намалам .
Ke gi namali Ke gi namalis samo ako probas. Jas od kutija samo po 2-3 pusam. Nekogas I niedna, zavisi kako mi e denot. Probaj samo so silna volja.