Би била многу позадоволна да стигнев и јас до таа бројка меѓутоа сум од 10-15 цигари дневно,ретки се деновите кога бројот е едноцифрен со секаква нездрава храна успевам да се справам меѓутоа си ги таманам цигарите и за голема критика сум особено кога ќе видам или слушнам за мајки што биле пушачи во текот на бременоста а донеле на свет здрави бебуши,како да си се тешам и упорно продолжувам....
Нaмaли ги прoбaј мoрaш.мoрaме т.е дa ги oстaвиме.не пуши внaтре a сегa нaдвoр студи и немa дa ти се излегувa тoлку честo.јaс тaкa ги нaмaлив.a и не пушaм пред никoј пoштo нели штетни се oвa му прaвиш нa бебе oнa му прaвиш демек јaс незнaм oд тaкoв тип кoментaри и тaкa ги нaмaлив.прoбaј мoрaш некaкo и пoстепенo ке дoјдеш дo нулa aкo немoжеш дo нулa бaрем дo 1-2
Знам дека за ова што ке го напишам ке бидам максимално нападната ама најстрого осудувам пушење во бременост. Викате мое тело, да ама има и друго невино тело во вас кое нема право на избор. Припремата за бременост подразбира и тоа , да се припремите дека нема да пушите. Друг муабет загаден бил воздухот! Да ама на тоа не можеме да влијаеме а на ова можеме. Погрда слика од трудница со цигара нема . Трето - пасивно пушење, други ве триеле !!! Епа зошто дозволувате, зошто одите на места кај што знаете дека масовно се пуши. Девет месеци се бре луге а некогаш и не цели. Па може да се издржи. Мајка ми пушела , пријателката пушела и слични муабети ме вадат од кожа. детето здраво право, а од кај знаете која штета на тоа дете се има направено што не се гледа!!! Отворете и прочитајте студии медицински докази па ке видите Мене ми е јасно дека неможеме за жал од се да ае заштитите ние и нашите бебуши во нас , ама од тоа што можеме барем да не го правиме.
И јас имам проблем со цигарите иако не пушам многу , ги намалив на 3-4-5 дневно обично во друштво или со кафе палам иако чуствувам грижа на совест со секоја запалена цигара. Со тек на време ќе се трудам уште повеќе да ги намалам па дајбоже и скроз да ги откажам па така и за мене подобро да го баталам порокот и излишното фрлање на пари и за бебчето
Во почетокот на бременоста ми се гадеше од нив,палев цигара меѓутоа по 7-8 на ден,за разлика од сега што воопшто не ми се гади и некогаш и претерувам со нив Многу рекле себична си,ваква таква и веднаш ми се ствара некоја одбивност кон истите луѓе,поим немам зошто,ми доаѓа да вриснам погрдни зборови за нив во истиот момент и да ме снема во истата секунда од таму,за да не слушам уште излишни муабети!
Jas te sfakam potpolno, i den denes znam da si zapalam cigarce so kafe. Gledam da ne preteruvam i se vozdrzuvam da ne zapalam. Na pocetokot me grizese sovest epten, posle sekoja cigara si zborev sama na sebe kako moze da sum tolku sebicna i da ne mislam ama... I ponataka isto...
одбивност ти се ствара од тие луѓе бидејќи вистината боли и не е секогаш е лесна за прифаќање. Ти свесно правиш нешто што не е добро за твоето чедо, па ти смета кога ти укажуваат. Информирај се малку за тоа како никотинот влијае на фетусот и понатаму на бебето па одлучи сама што е добро за твоето дете, одлуката за неговото здравје е твоја.
Не е дека вистината боли... туку начинот на,, муабет,, на тие луѓе не е на место,секој си одлучува сам за себе, мое е да кажам некому лично мислење, а негово е дали ќе прифати или не,ама нема потреба да зборувам со понижувачки тон со некого,кога сам за себе веќе си одлучил! не упатувам погрдни зборови ниту пак сакам да ги слушам од некого,едно е да советуваш,а друго да омаловажуваш некој! За информирана,доста имам познавање,а од рекла кажала и од мислење од така наречени доктори и експерти повеќе дезинформации се изнаслушав! Сума сумарум, секој со своето
Ako ne mozes od tolku nikakva rabota da se otkazes za zdravjeto na deteto kako ke se otkazes od pogolemi raboti? Te ceka nespienje i nejadenje.
За неспиење ќе се снајдеме некако, прва бременост ми е така да... може и мирен бебуш ќе се погоди а за нејадење,немам проблем со тоа,можам и со денови на вода да бидам...само да не испадне сега дека и периодот после пораѓај и вода нема да може да се пие од бебуш
Па ако сум сама дома,а детето живо у смисла на претање играње,ќе мора да се гушнеме и за до тоалет... другарка со две деца одеше заедно во тоалет од што не и даваа да дише сама, тоа и некако не го гледам како некој проблем! еве како би се снашла ти во таква ситуација?
Јас пушев цела бременост по 3-4 во денот. Пушам и сега, и не јадам, и не спијам и ништо не стасувам. . Се успеав
И мене ми е прво, единствено што немам искусено е моментот со цицањето. Инаку внук ми го чував по 16 саати у денот, сама, од 2 недели па до 5-6 месеци. Се бањав, јадев, функционирав нормално. Ептен ако се раскинкаше некогаш - го ставав у количка пред вц и со отворена врата идев. Ама тоа дали 3 пати се имаше случено во целиот тој период. Сепак не е секое бебе исто и не може да се генерализира. Само шо сето ова е оф топик, за цигарите се слагам со @winter flower , иста сум и јас.
Јас не знам зашто упорно се води дебата за тоа дали е ок бремена жена да пуши. На крај краева таа ако нема осет дека се труе себе си и своето неродено дете мене па ич е ми е гајле. Ако се штетни цигарите за обичен возрасен човер сигурно се штетни и за бебе мало. Пушач сум веќе 10 години, ама секогаш коа ќе сум видела бремена жена со стомак до заби и цигара во уста ми се гадело и ми идело истата од јазик да и ја изгаснам. Не е дека неможете да ги откажете ами не сакате. Побитно ви е кејфот да си го сторите него да припазите на нечие здравје. Ако јас на одмор сум можела со денови да издржам без цигари зошто ми биле скапи да ги платам по 4-5 евра кутија или коа сум на работа во гужва по 8 саати да немам прилика да запалам тогаш и секоја совесна идна мајка е во состојба да издржи без цигара. Никогаш не сум палела во присуство на трудница или на мало бебе па и е дете па макар тоа значело да дремам на тераса на -15 степени. Не се дужни нив да ги трујам ради мојата завист. За моето здравје јас одговарам и јас одлучувам дали ќе го чувам или ќе го трујам со тутун но кога веќе си родител а си од оној момент кога ќе видиш 2 цртки на тестот за бременост тогаш веќе друга е приказната. Не се чудете што ве гледаат попреку или ви даваат неумесни коментари кои за вас се длабоко навредливе, јер вие многу осетливи за коментарите а тотално неосетливи за тоа што му го правите на вашето тело и на човечето во вас.
Нема изговор. Правдајте се колку сакате, себично е. Не се работи само за право на избор и лична одлука кога се загрозува туѓо здравје.
Само зошто кога веќе работава е ствар на избор и мислења од типот правете што сакате труеле или не ваше право,упорно се критикуваат туѓите одлуки?! никој не бара туѓо мислење и критика дали е во право или не!