Дискутираме на форум де. Не мора сите да се согласат со тебе. Ствар на избор? Бебето избра дека сака да се труе или како?
Во доста случаи се критикува,далеку од дискусија! Далеку од тоа дека сите мора и треба да се согласат со мене, ќе се согласат тие што делат исто мислење а другите ти ги препуштам тебе и на останатите со спротивен став и никој не е согласен со тоа дека пушењето е здраво или убаво или корисно или нештетно за мајката и бебето па и околината,ниту пушач нема да го потврди спротивното,ама има разлика од карактер до карактер и од човек до човек и доаѓа до вакви како што ги нарече,, дискусии,,! А бебето конкретно не избрало ништо,ниту пак може да избира и се додека е така има кој друг да одлучува за него,нели така се учи родител да се стане,макар грешеле или не,она што за некого е исправно за други нема логика и обратно!
Заплашувањата и стресот кај една трудница можат да и направат многу поголема штета отколку една испушена цигара. Имав другарка која викаше, ако не крвариш 12 дена одма после пораѓај значи нешто не е во ред со тебе. Ако не стигнеш до 100тка исто, нешто не е во ред, значи обавезно ќе се здебелиш и крај. За она што следи после бременост исто има попувања од типот, ќе заборавиш на ова на она без да се земе предвид дека секое дете е различно. Уште поинтересни ми се оние сезнајки кои немаат родено ама затоа предавања ќе ти држат пет дена по ред, а нивен единствен извор на информации не е интернет, туку познатиот синдром "една жена ми кажа". Цигарите секако дека се штетни како во бременост така и надвор од неа, ама исто толку штетно е и наметнувањето на страв па затоа ќе ве замолам малку посовесно со коментарите, благодарам.
Не сум пушач. Многу ме нервира кога пред мене некој ќе запали цигара а јас бремена. Без осет. Еднаш и се обратив на моја пријателка со тоа дека ми смета што пуши цигара пред мене. Ми рече: ајде бе јас цела бременост пушев па еве детето ми е живо и здраво не се секирај. Ми се згади. Секој одлучува за себе каков живот ке води за себе и децата, но не да им штети на другите.
Абеее мн работи се штетни па некој ги прави. Ај глеј си животот и не се замарај. Ако треба нешто да биде, ќе биде како и да е. Јас лично познавам жена која док беше бремена пушеше по две пакла и кога се породи доеше и пушеше у исто време. Не ја оправдувам, ама децата и се веќе возрасни и се дупло поздрави од мене. Некој од се ќе се пази и па на мака ќе наиде ( не дај боже) . Уживај.
Ne deka se tesam ama iskreno ke si kazam sto mislam. Vo bremenost ne treba da pusis, ne gazirani sokovi pogotovo coca cola, ne alkohol, ne blago, ne premn soleno, ne ova ne ona. Jasno sekoe zosto ima svoe zatoa, ama jas vaka ja teram cela bremenost: Palam cigara koga mi se pali (so usul!), coca cola pijam (caska dve, pak so usul, zamena za kafe i pomos protiv kiselini), na pocetokot piev pivo (caska pivo, vkusot go obozavav), blago se ubivav od jadenje (sekerot mi e recisi pa prenizok), soleno (zelba ako imam za posolenko ke si dozvolam, ama sledniot obrok pobljantav ke e), virsli od sekogas mi bile odvratni (vidov hot dog kako jade edna tipka i poludev po jadenjeto vo 5ti mes) itn. Taka da se sto se umereno mislam deka nema nikakov problem da se konzumira. Drugarka mi deka begase od site nabrojani raboti, cela bremenost ja prekuka i pomina vo strav. Grb, noze poteceni, povrakjanje, gadenje od pocetok do kraj na bremenost. Se hranese tolku zdravo, tolku vnimavase dali ke ja fati vetre ako izleze od doma ili ne, sto od poragaj pa nataka niz sto se ne pomina. Cigara vo nejzina blizina, ne daj Boze, se pakuvase i doma pravec ni zbor da rece. Taka da mislam deka i stresovite i stravovite nekogas si go pravat svoeto, ne se samo stetnite vlijanija od treti rab.
Ах... од премногу гуглање и читање дезинформации и не слушање на доктор се овие муабети Ама еве ќе пробам да објаснам Пушењето е штетно и тоа е факт кој не можете да го оспорувате. Со милион докази, истражувања, научни трудови. Значи се е на научна база а не од рекла казала. Ајде на кратко што всушност се случува. Мајките што пушат, внесуваат значајни количини на јаглероден моноксид и никотин. Водењето на бременоста и состојбата на тие жени, покажале дека иако тие сами не осеќаат, патат од одреден степен на аноксија(отсуство или дефицит на кислород во ткивата) и интоксикација со јаглероден моноксид а особено интоксикација со никотин. При тоа, овие штетни дејства на овие отрови се пренесуваат преку постелката, на плодот кој заради тоа е спречен во својот нормален интраутерин развој (развој внатре во матката (uterus = матка)). Со пратењето на бременоста со ултразвук (ехо) се регистрираат јасни промени на постелката кои укажуваат на инсуфициенција. И тоа се гледа. Неминовно е. И секој добар гинеколог одма приметува и да не знае дека пациентката пуши. Заради тоа кај жените кои пушат почести се спонтаните абортуси или пак развојот и напредокот на плодот е нешто поспор. Резултат на сето ова е и помала тежина на новороденото и помала отпорност во екстраутериниот живот во првите денови. Исто така, жените кои пушат почесто раѓаат недоносени деца и затоа оваа бременост е ризична ради самата промена на крвните садови во смисла на вазоконстрикција (стеснување на крвните садови) и директното токсично дејство на никотинот и јаглеродниот моноксид... ова беше некако најкратко и најпросто објаснување by the book + како иден доктор гинеколог. Така да..на крај секако дека останува на вас да одберете. ) Поздрав мамички Не се сомневам дека им посакувате се најубаво на вашите малечки и едвај чекате да си ги гушнете Ама сепак,ако веќе правите "истражувања" информирајте се од сигурни проверени места. Науката пред се! Гушки и со лесно да ви е.
http://www.babycenter.com/0_how-smoking-during-pregnancy-affects-you-and-your-baby_1405720.bc Убаво објаснила многу членката над мене. Во статијата погоре пишува дека и тие неколку цигари што се пушат се исто штетни. Телото на пушачот е сензитивно на никотинот, па дури и една или две цигари ги затегаат крвните садови. Познаничка роди многу помало бебе поради цигарите, понеразвиено. Реални се последиците што се случуваат од штетните хемикалии во никотинот, тоа бебе треба да биде најзаштитено додека е во нас, а не да му пренесуваме вакви штетни работи. Сепак, секоја е сама одговорна за животот што го носи во себе.
Абе пазев како јадев, колку јадам, зошто јадам. Одев на планина секој викенд. Бегав од пушачи. Ова, кој како сака да си го гледа детето дури ме плаши кој се е родител. Сеа од цигари не му е ништо, после од некое јдење на 3 месеци, не му е ништо па после ќе си ја чука главата, и воздухот е крив. Не можам никао да сфатам трудница да пуши, да пие и свесно да му штети на сопственото дете.
Едно треба да се разбере! Детето се храни преку мајчината крв додека е во утробата. Затоа нема толеранција ниту за алкохол, ниту за цигари, нема можност за преработка, обработка на внесеното, ниту исфрлање пред детето да го прими, се оди во крвта и оттаму ризикот. И ако немало проблем веднаш по раѓањето, не значи дека понатаму нема да се манифестира. Се е кажано! Браво
Се сложувам дека цигарите се штетни, штетни се и за нас како поединци и кога не сме бремени. Меѓутоа, тоа што познаничката родила понеразвиено бебе не може да се препише единствено на цигарите. Во прашање се гени, мутации, витамини, организам....Дека причината биле цигарите не се сложувам.
Se soglasuvam so se toa sto go navede,jas pusev po dve kutii na den ama sekogas velev koga ke ostanam bremena 9 meseci ke izdrzam pa do tamu da e,iako i pred da ostanam bremena za srekja gi ostaviv cigarite,za sebicno tocno deka e duri i od strana na tie sto pusat vo prisustvo na bremena zena ili malo detence,pa i koga ke te prasaat ne ti preci ako zapalam neli veke daden odgovorot vo prasanjeto i sto ke mu reces koga veke odgovoril mesto tebe,i iako mn rekle e jas so dvete deca pusev vo bremenost pa nisto ne im e jas sepak sum protiv i mislam deka se mn.stetni za toj mal zivot sto e vo faza na formiranje i treba pravilno da se razviva i raste,ama sepak sekoj si ima pravo da si odlucuva za sebe.
Мислам дека имам коментирано на темава, се мислев дали да пишам пак и дали ќе навредам некого. Немам видено трудница да пуши досега во мое присуство, додека не ја видов темава мислев дека тоа е реткост или не постои, а и сигурно изгледа грдо. Се согласувам со тоа дека детето може покасно да манифестира некој проблем, Ако се "уверивте" дека Стојна пушела, на детето не му е ништо и на вашето нема да му биде, и вие може да пушите безбедно е, или недај боже му биде ама сигурно не од цигарите. Никотин, Отров, се внесува во крвта, оди до детето, што друго? Сигурни сте дека ова не е ништо, па дете е во прашање, не предмет поправен нема. Или се водите по тоа како е пишано така ќе биде, судбина. Не ми е целта некој да убедувам.и премислувам или пак навредам, ако самиот не е свесен дека треба да прекине, тешко или не тоа е лоша навика што треба да се искорени барем тој период.. Сепак одлуката е само ваша.
Дали ти се сложуваш или не, воопшто не е релевантно. Мене самата жена така ми кажа дека и рекле по породувањето, кога нели споредувавме приказни, како што правиме ние жените. http://www.bbc.co.uk/newsbeat/artic...h-about-the-risks-of-smoking-during-pregnancy Читнете го и ова. За стресот дека бил полош од цигарите во статијата се вели од еден доктор дека не е точно. "We certainly know that it's not good to be stressed during pregnancy either for the mother or for the unborn baby but we know it's more dangerous to smoke. "The risks that we know really well around miscarriages, stillbirths, premature births and small babies probably vastly outweigh the risk coming from stress. "Unlike alcohol, we know there is no safe amount a woman can smoke. Every cigarette is potentially harmful to that baby. За тоа дека на комшиката и биле здрави децата во статијата пишува дека пушењето не е гаранција дека ќе му се случи нешто на фетусот, но ризиците за тоа се многу големи, со оглед на тоа што се знае влијанието на никотинот. Еве и статистика: Smoking during pregnancy causes an estimated 5,000 miscarriages in the UK each year, along with still and premature births. Мене ме чуди што на толку истражувања и докази некои се уште пробуваат да замижат и да продолжат со цигарите, па и да тврдат дека не е штетно. Факти се факти и никој не може да ги оспори. Барем кога пушите не го промовирајте тоа како нешто што не е штетно, Прифатете дека му правите ризик на нероденото дете и тоа е тоа. Ама не се чукајте во гради дека не е така.
Темава ме интригира бидејќи имам другарка која пуши за време на бременост, тоа мене многу ми го промени мислењето за неа. Не сум искоментирала ништо меѓутоа се надевам дека е информирана како тоа влијае врз плодот. Се надевам дека нема да има никакви последици, меѓутоа времето ќе и покаже дека мајчинство е исполнето со откажувања од многу работи. Ама за тоа кога ќе дојде време ќе сфати...
Не одобрувам пушење за време на бременоста. Здравјето на бебето е поважно одколку ќефот на мајката. Сите знаеме за примери каде пушачи кои пушеле по 30 години се откажуваат преку ноќ. Ако можеле тие, секој може. Доколку мајката не мисли на своето здравје тогаш барем нека ги прекине цигарите оној период кога може да му наштети на своето дете. И не само во текот на бременоста, не оправдувам ниту пушење во просториите каде има деца. Не се должни да вдишуваат отрови затоа што родителите ги мрзи да излезат надвор и поубаво им е внатре на топличко.
И јас сум против. Знам многу примери кога страствени пушачи се откажале од цигарите преку ноќ, најчесто од здраствени причини. Зарем треба да се разболеме за да станеме одлучни? И бременоста е многу силна причина за одлука. Извинете ако сум груба, ама бремените жени пушачи ги сметам за себични и слаби карактери. За добро на бебево што го носам и од вода би се откажала. Но, сепак секој со своите одлуки и со своја совест.
Decki da ve prasam... edna zenicka mi kaza deka ne cinelo da se otkazat skroz cigarite kao navodno organizmot ke pocnel da se cisti od nikotinot i se vo bebenceto ke odelo :/ ste slusnale li vie za toa? jas pusam po 6, 7 na den nekogas i pomalku a pred da ostanam bremena po 1 kutija..