Мене ми се случува нешто сосема поинакво! Јас не сум пушач никогач не сум била! Али сега кога сум бремена веке 27 недели верувале или не многу ми доаѓа да запалам цигара! Понекогаш се чувствувам како гладна за тоа! Зашо е баш тоа така?? Имал ли некој такво искуство?
јас усте пред да останам бремена ги откажав цигарите па во бременоста некаде до 5 месец неможев ни да ги намирисам .Ама потоа ми идеше пикавци да каснам толку многу ги посакував почнав да палам од 6 месец ама повеќе од 2 цигари не си дозволив во никој случај а за предвремено пораѓање незнам што да кажам .носев близнаци па ми кажаа дека близнаците се раѓаат од 34 до 37 недела .а јас се породив точно 38 недела па и со тежина од 2 900 грама двете
hahahaah me nasmeaa nekoi raboti sto gi procitav i jas sum trudna i pusam kako porano se konsultirav so lekar mi kaza deka cigarite ne se sekogas pricina za ne zdravo rodeno dete i deka do 5 6 cigari dnevno ne stigaat voopsto do deteto a toa deka deteto ke se rodi so retardacijaa e stvarno mn smesna rabota jas licno ne veruvam vo toa poznavam mnogu slucaevi na majki pusaci edinstvenata mozna bolest na deteto koga ke porasne e bronhitot nisto drugo
Јас откако дознав дека сум бремена престанав да купувам цигари, избегнувам простории каде што се пуши, не дозволувам да се пуши во собата во која најчесто престојувам.. Но ете ми течат лиги за цигарче, најверојатно сеуште не можам целосно да се одвикнам, но сметам дека е голем напредок од една пакла на ден, сега што пушам една цигара на два дена.... Моја другарка цела бременост си ја помина со пушење цигари, со така кажано пијанчење (не се секираше колку ќе испие), а ете детето си се роди живо здраво . Се зависи до организмот.
Јас во целата бременост пушев по 10-тина цигари, знам дека не е ок и бла, бла,бла ама неможев да ги оставам. Напротив сите ми велеа да не пушам а мене како напротив ми се пушеше. Па ете го зверчето мое здраво и право и со добар имунитет. Мислам дека тука повеќе играат улога гените за тоа дали ке е се ок со бебето
zdravo jas sum bremena veke 4meseci ama...nemozam da se otkazam od cigarite.redovnite kontroli i vitamini sto gi zemam pokazuvaat deka bebeto e vo red dali premnogu se stetni cigarite???????/nemozam stvarno da gi ostavam
Не сум пушач и неможам да сочуствувам со вашата мака, незнам како е да имаш потреба да запалиш цигара и сигурна сум дека не ви е лесно. Но ми има останато во памет муабет од една докторка. Ја прашуваа за штетноста на цигарите и плодот и таа даде раскажа ваква приказна, вели како би ви било вас да сте потопени во када и да имате само една цевка за дишење и од време на време во неа да ви издишуваат чад од цигари! Сликовито и ефективно...идни мамички се надевам ќе успеете да се справите со порокот!
Не сакам да попувам на никого , ама јас само што направив тест за бременост престанав да пушам без проблем (а пушачки стаж 20 години имам, не е малку). Мислам дека се зависи од мотивацијата, јас претходно се корнев од кашлање и не престанував (само намалував) ама еве, мотивацијата да не му штетам свесно на бебето беше посилна од тоа. Бебушката има скоро 6 месеци и јас уште не пушам и мислам дека нема ни да продолжам (ама не велам не, ако речам „никогаш веќе“ знам дека веднаш ќе посакам да запалам, психа човечка ). Затоа мислам дека секој може-ако сака- да се откаже од цигарите. Мислам дека одговорноста во содавањето нов живот е поголема и поважна од запалената цигара. И плус, леле амам е грдо трудница со цигара во уста
moze da kazuvame deka "otkako doznav deka sum trudna prestanav da pusam koj tocno zne deka navistina stego napravile toa (so ovie odgovori samo ni oteznuvate_togas zoto ste na ovoj forum za CIGARI I BREMENOST?" samo baram pomos i ve zamoluvam za sovet od nekoja mamicka sto pusela vo tekot na bremenosta i dali e premnogu stetno? [mod-kirilica:3in6rlrd][/mod-kirilica:3in6rlrd]
А зошто некој би лажел дека ги оставил цигарите за време на бременоста и што тоа тебе ти отежнува???Баш треба да ти биде мотивација и ти да престанеш да пушиш. Тука сите си споделуваат искуствата, а тебе ако ти треба стручно мислење па прашај си го гинекологот, сигурно идеш на контроли и тој најстручно ќе ти ги објасни можните комликации и ќе ти каже дали е премногу штетно . Мое мислење чим си решила да имаш дете треба да си спремна да правиш многу остапки и да се откажеш и жртвуваш од многу работи во животот за него. Ете откажувањето на цигарите на 1 год ти е првата жртва што ќе ја направиш за него.
Е па ако ти е тешко да се откажеш од нешто што ти причинува задоволство, не се откажувај, ризикот си го знаеш. Има многу што не се откажале од цигарите кога биле бремени, па децата им се родиле со помала тежина од очекуваната, па после си имале здравствени проблеми понатака во животот. Ако бараш оправдување за да продолжиш со цигарите и покрај тоа што си бремена, овде не мораш да го бараш. Секако на тебе останува да одлучиш што ќе правиш и колку ти е важно здравјето на твоето чедо.
ЈАс имав проблеми со зачнувањето, а во текот на лечењето докторот нон стоп ми викаше да ги оставам цигарите, дека се штетни за јајниците. Јас никако не можев да ги оставам. И си ветив дека денот кога ќе видам позитивен тест, ги откажувам. Така и направив, само што ми е жал сега што не ги оставив пред да забременам. НАвистина не знам за поголем мотив за откажување од зачнувањето. Цигарите се само психичка зависност. Запрашај се што е поважно,здраво среќно детуле или цигарите?
Jас си бев активен пушач и никогаш не ми пагаше на памет да ги оставам цигарите .Кога дознав дека сум бремена првите денови палев по 1 до 2 цигари ама не ми беа никако слатки како порано . и така после неколку дена престанав воопшто да пушам , Сега не ми ни текнува да запалам цигара
Kolku sto jas razbrav cigarite a osobeno alkoholot osobeno bile stetni vo prvoto tromesecje i jas bev zaprepastena bidejki doznav deka sum bremena skoro 7mata nedela a 2 nedeli pred da doznaam bev na odmor i organizmot ne mi reagirase na nikakvi simptomi i taka nesvesno si terav normalen odmor i za sreka samo ednas se imav opieno a pominavme dosta zurki pa so cigarite imav preterano. Se sovetuvav so ginekologot koj sepak smetam deka e dosta strucen i ima dosta sovremna tehnologija mi napravija 4D a ostanatite ispituvanja gi zakazavme posle 13tata nedela.. i na plodot ne bea pronajdeni nikakvi anomalii no sepak postojat vrodeni i razvojni i zatoa najbitno mi bese prasanjeto dali smeam da pusam i sega najnormalno najpreporaclivo e da se prestane poradi mozni komplikacii kako predvremeno raganje, pomala tezina, mentalen zastoj itn.. no sepak ako ne ste spremni da se otkazete dozvoleno e najmnogu 4 cigari dnevno.. barem spored nego.. Do sega probuvav da gi otkazam ama ocigledno ne sum bila tolku odlucna kako sto mislev bidejki sepak ovoj e najstresen period od bremenosta no sepak najbitno e najdobroto za deteto pa bi sakala da znam dali nekoja ima koristeno nikotinski lepenki vo tek na bremenost? Ili nekoj drug von podsvesen metod za da se otkazat.. Ne sakam da zvuci nehumano bidejki iskreno sega retko spijam i celo vreme se grizam da ne mu nastetam na bebeto iako znam dosta slucaevi kade sto cigarite ne zemaat voopsto udel vo razvojot na fetusot licno edna postara drugarka pusese i toa po kutija na den do krajot na bremenost i nema nikakvi komplikacii duri se rodi so pogolema tezina od prosecnata sega deteto e 2 godini i nema nikaki problemi..no sepak toa e problemtika na idividualnosta na organizmot . Imav probano dosta pati da prekinam osobena koga mi bese otkriena pneuvmonija no duri i po toj slucaj ne mozev da gi otkazam
Девојка што не откажува цигари за време на бременост докажува дека нејзината комоција и задоволство и се побитни од здравјето на сопственото дете и дека има сериозен проблем со некои животни ставови и дека е крајно себична. Не смее воопшто да стане збор дали да се пуши кога носиш дете во себе, го труеш без негова воља па уште и свесно тоа го правиш. Цигари и бременост, едно големо НЕ и тука ама баш никакви оправдувања не помагаат.
Бре, бре, иксмен што изнакажа... Уствари лесно ви е вас да си солите памет, не сте вие трудни...туку во име на солидарност ќе прекинеш и ти тие 9 месеци да пушиш? И колку да се знае, не сум пушач, ама многу ме иритираат вакви размислувања
Некако ова не ми се допаѓа, демек ако прекине тој да пуши (во име на солидарноста нели) ќе прекинам и јас, па немој ти се молам, не го носи он бебето ти го носиш!!! Јас сум пушач, повторно Не се фалам со тоа, но кога сум во блажена состојба, ма каква цигара бре, не смее тоа да ти падне на памет. Прочитав погоре и се согласувам, го труеш детето без негова воља, а да не правиме муабет за аномалии со кои моѓже да се роди. Така да идни мајки , нека не ве засега дали вашиот партнер ќе ги остави цигарите додека сте вие во блажена состојба, само гледајте вие да не пушите и да не сте во задимена просторија, а тој ако си сака цигата има каде, на тераса, двор, кафиќ..........
Потполно се согласувам. Најодвратно ми е кога ќе видам бремена па и со цигара во рака. Јадно тоа бебе што ќе се роди, а и можам да замислам и млекото какво ќе и биде на таа мајка која ќе треба да го дои тоа дете. Цигари за време на бреност НЕ. Јас сум бивши пушач, ги оставив преку ноќ. Со голема воља преминав преку секакви кризи, а не бев бремена , и не можам да ги разберам оние жени кои викаат дека не можат да ги остават а се бремени. Не сакам да слушам оправдувања, НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ.