Ама никој не рече да не идеш кај татко ти пола саат на слава. Ти кажа дека во твојот дом се пуши,ти пушиш, и сметаш дека тоа е сосема во ред. А не оптоварувајќи се со негативности, си палиш цигарче и мислиш само позитивно,така?! Браво.
Ама баш кај тие што не сакаш да пропушташ прослави не треба да се пуше и слободно можеш да кажеш,не си тугинец. А дали е родено бебето или уште во стомак нема разлика Мое мислење и тука нема мајка-помајка.
Не беее јaс не пушaм oд кoгa сум бременa ги oстaвив aмa викaм декa би ми билo глупo нa пример oдaм кaј тaткo ми нa именден и сегa велиме декa тaму имa веќе гoсти кoи пушaт и Не сaкaм пoрАди мене веднaш дa ги изгaснaт цигaрите кaкo јaс дa сум oд пaзaрнa инспекцијa хихии. Инaку не се пуши кaј мене дoмa a гoсти скoрo и дa не ми дoaѓaaт бидејќи не живеaм вo рoдниoт грaд.
1. Изнапиша реферат, за да си ја оправдаш глупавата навика, што МУ ШТЕТИ на плодот. Не можеш против науката! 2. Што подразбираш под "љубомора и завидување"? На што да ти љубомориме, на паметот?
Како што спомнав претходно, не сум цвеќе за мирисање, и тие два-три дима уз кафето ми се грижа на совест.. лично за мене си зборувам, не осудувам никого за одлуките, имам слушано дека на некои жени им се дури слатки цигарите за време на бременост, жени што никогаш немале запалено цигара во животот! Она што не можам да го разберам е зошто луѓе дозволуваат да се пуши или и самите тие пушат таму каде што престојуваат нивните новороденчиња, па и поголемки деца. Имав случај таков со едни пријатели, мајката, таткото, бабата и дедото, и плус чичкото, сите пушат во една иста просторија, кадешто спијат две мали деца, значи за греота што тие деца ни криви ни дужни ќе голтаат чад! Моментов е што, кога ќе седнеа, палеа една цигара по друга, што ствараше магла во собава, и секој гостин добиваше пепељара, знак зелено светло дека кај нив се пуши, иако имаат две мали деца..
Така е и јас кога пушев никогаш не запаливме дома на тераса или надвор или во тоалет и на сите им имаме кажано дека внатре не се пуши па кој сака нека е па пак за слаби и имендени сите идат и си излегува надвор
Тие што ќе ти запалат цигара дома, ти бремена, кај мене ќе стапнат последен пат. И ќе им речам. Среќа дома све непушачи сме, освен дечко ми на сестра ми, секогаш излегува на тераса. Кога гледам мајка како тегне цигари, прости ми Господи ми паѓа жал за малото внатре дека е непожелно. До толку. И за очи е одвратна глетката
Свесно нема да одам во зачадени просории, јас нема да запалам цигара ама да се појавам јас во некоја просторија и сите да треба да ги гаснат цигарите па и до толку не се потресувам, ќе поседам кратко и ќе си одам. А на крај памет не ми паѓа дека некој не ми треба и не ме сака ако запалил цигара. Јас никого не осудувам секој си е свесен за постапките и за исходот од нив. Апсолутно се сложувам дека бременост и цигара е едно големо НЕ. Со мое бебе/дете намерно во зачадени простории нема да одам, а гостите кој ќе доаѓаат во посета на бебето ќе пушат на тераса. Само да сме со позитивна мисла и со верба во Бог тоа е најпотребно.
Во 20та недела ако има трет степен на созревање на плацентата нема шанси да го износи бебето, ќе дојде до смрт на бебето поради недобивање на хранливи вредности. Созревање на плацентата е создавање на џебови на калцификати во плацентата, што повеќе џебови има толку помалку хранливи вредности се пренесуваат на бебето, трет степен не би требало да има пред 38 недела, тоа што имаш во 32 недела трет степен е ИСЛУЧИВО од пушење и тоа нема шанси од три цигари на денот, а со тоа на бебето ќе му се намали родилната тежина поради немање на доволно храна има и други последици кој сега не би сакала да ги пишувам ама дека нема ништо страшно како што ти рекол докторот има и те како а тој нека си го избрише газот со дипломата, толку му вреди. Пушам, надвор, дома ниту сум пушела пред децата ниту сега пушам, секако не дозволувам ни други дома да ми пушат, кој му одговара добро, кој не уште подобро. Во текот на бременостите и доење сум ги оставала цигарите, ми се случило тука, таму да запалам некоја ама тоа не било повеќе две до три цигари во текот на целата бременост.
@fana ти би запалила цигара пред сестра пример, најдобра другарка ....и да и дуваш со чадот а она седи со стомак пред тебе? Тоа е непочитување скроз, ама скроз.
Така е, мила, се сложувам. Ние дома се си средивме, кречевме за бебуш и некој да ми пали цигара, ма јок бре. Ако сака нека не ми стапнува ич, не се замарам. И не ги разбирам оние како во домот на бремена жена пушат.
Никако ... ама пример јас пушам цигара со кафето сега и влегува таа кај мене дома. Треба да си замине дека пушам, не треба воопшто да доаѓа или па треба јас да ги откажам цигарите дека таа е бремена?
Браво, само така продолжи. И по две кутии на ден не е страшно па ти. Се чудам како некои работи сама свесно си ги правиш. Ама после ќе се кука вака-така.
Од почит и малце осет, ќе излезете на тераса ќе си седите или 5 минути ќе излезеш ти сама да испушиш еден цигар. А и ништо нема да ти биде ако не запалиш еден саат.
Не, ама можеш да не пушиш пред неа. Тоа ми е поентата ќе седи на гости саат два. Ако јас отидам кај другарка на кафе и она пуши во мое присуство, веќе нема да одам. Те тагирав дека рече претходно ако некој пушел пред тебе не значело дека не те сака.Јас мислам обратно, дека нема осет и не му е гајле.
Ама не се разбираме некако прашав дали кога ќе влезе таа кај мене и ме затекне со цигарата дали треба да си оди од кај мене? Е сега наредна цигара не би запалила кога е веќе тука.