Ако ти се најавила дека ќе дојде зошто би ја задимувала просторијата? Не мора да те затекне со цигара ќе затекне чад. Или може неќеш никој да ти го нарушува комфорот, па која е она да ме спречува во тоа задоволство. Ако те затекне дома ненајавена, треба да ја изгаснеш цигарата и да поседите надвор. А ако веќе е во тесно ќе истрпи кутрата. Вие тешете се дека ништо не е да сте активни пушачи, некои ќе се плашат и од пасивни. Тоа е, мислиме само на себе. Да не беше така светот ќе беше многу подобро место за живеење.
Да, не се пуши ама како пример го земам што ме праша феминката погоре дали би запалила кога сестрами е бремена па направив паралела.
@fana Значи зборувавме за пушење во затворена, замаглена и во која не може да се дише просторија. И нема потреба да се прават милион претпоставки од типот "а ако дојде и ме затекне со цигара", "ако отидам и многу ми се припуши", или "а што ако го дувам чадот настрана" или "што ако го дувам чадот право во неа". А стварно не е пристојно ако кај некој дома се пуши и ти дојде бремена жена на гости и сите да продолжат да си пушат. Тој муабет го правев, дека не е толку тешко да се излезе до надвор оти на таа бремената веќе нема и да и се доаѓа. Јас пред некоја вечер кај другар отидов што е непушач и тој дозволува да се пуши кај него во соба, ама иако се пуши мене ми беше неугодно да му чадам таму каде што тој после треба да легне да спие. И постелнина и алишта, се ќе му се умириса. Затоа, си излегував на тераса, дали две цигари запалив во текот на целата вечер бидејќи помило ми беше да седам и да поминувам време со него и воопшто не бев под стрес за да запалам цигара. За тоа зборувам, дека и таму кај што се пуши, не е во ред, а не пак да се пуши пред бремени жени и пред деца. Самата си знам колку ме иритираше што додека како дете одев кај тетка ми, јас спијам, таа на работ на креветот седната и ми чади над глава и после кога ќе си легнам од глава до пети смрдам на цигари и се живо во куќата смрди на цигари.
Јас не сум активен пушач во бременост, а за пасивното веќе опширно изнесов што лично ЈАС би, а што не и која е границата на тоа и сосема ми е нормално некој да се сложи, делумно да се сложи или воопшто да не се сложи со моето мислење. Во таква просторија во која не можам да ги најдам луѓето јас искрено не седев и кога не бев бремена а тогаш пушев а не седам ни сега уште помалку. Ако знам дека просторијата е таква нема да одам воопшто (како што и не одам во ноќен клуб на пример) а ако затекнам просторија таква на гости, би седела до пола саат преку сила и аривидерчи.
Еве и јас како акушерка по професија, иако не работам и немам искуство како битерсвит мислам дека се викаше, ама со моето скромно знаење ќе кажам само дека бременост и цигари не одат заедно, исто така доење и цигари не. Цигарите можат да предизвикаат проблеми со плодноста прво, потоа во бременост придонесуваат до спонтан аб, помал раст на бебето, предвремено породување, па и смрт. Исто и во тек на доење, штетните материи минуваат во млекото и бебето го цица тоа. И затоа ќе стагнира во растот и развојот. Во болница додека бев на стаж имаше една жена страстен пушач, роди пред време, бебето беше мало и педијатарот и кажа да престане со пушење оти бебето не напредуваше убаво, си цицаше ама не качуваше во тежина. Таа ја ислуша докторката и од детска соба веднаш се упати на тараса да запале цигара. Ете до толку и беше важно детето. Грда глетка. Не оправдувам ни родители кои пушат и дозволуваат пушење пред нивното бебе/дете. Што е должно тоа да вдишува такви канцерогени материи уште мало, па ни белите дробови не му се сеуште развиени како што треба. Не оправдувам и точка. Прочитав и дека не е во ред цигарите во бременост нагло да се прекинат, тоа било шок за организмот. А за бебето не е шок да го труете со никотин? Што со оние не бремени кои одеднаш престанале да пушат, како тие не добиваат шок? Не сте ми јасни. Исто и дека нездравата храна што ја јадат некои била штетна исто како пушењето, нечистиот воздух исто така и не знам ти што друго. Не се правдајте со тоа, цигарите се едни од факторите кои штетно влијаат врз бебето, а не единствени.
Нема оправдување за пушење во бременост и доење. Не споредувајте со загаден воздух или храна, оти од воздухот не можеш да избегаш, храната не може секогаш да знаеш каква е, освен ако немаш домашно производство, ама цигарите се прашање на избор. Ако свесно одбирате да го труете своето дете, се" е кажано.
Прашањето кое треба да си го постават идните мајки е дали се спремни да се откажат од својата зависност пред бременоста, а не после. Пред бременост е прашање на избор, но во текот на бременоста повеќе не е. Друго, никотинот кај жените предизвикува низа несакани појави, кои покрај нискиот белодробен капацитет и можните кардиоваскуларни заболувања, жените често страдаат и од стерилност, цисти на јајници, па дури во екстремни случаи и рак на матката. Никотинот е моќен загадувач кој не остава последици само на дишните патишта, туку на сите органи во човековото женско тело. Честото пушење цигари и неможноста за одвикнување е одлика на зависност. Пример - Зависничка од хероин (наркоманка), треба да биде мајка? Од етички причини сигурно не. Идентичен е примерот и со никотинот. Последици на плодот може, но и немора да има, но однапред тоа не може да се знае и затоа е подобро постепено да се оставаат цигарите пред зачнувањето.
Не оправдувам пушење општо, а уште помалку во текот на бременоста. Точно е дека не е лесно туку така да се откаже, но зарем љубовта кон бебето не може да ја победи таа навика? Или толку од грижата за него...
Jas od skoro doznav deka sum bremena i bev navistina golem pushac....e sega...namaliv od koga doznav na edna ili dve cigari dnevno..planiram da odam na nula no eve i tie edna dve gi pusham so ogromna vina...iako ginekologit mi rece deka mozelo do 5 cigari dnevno...se iznenadviv od negovata izjava...i drug istoto mi go spomna...Se iznenadiv negativno vo smisol na toa sto dozvoluvaat....Videte, jas ne se gordeam ni so taa edna na den cigara...no i taa ke ja saniram...no ne bese planirana bremenosta i odednas od kutija na den dojdov na edna cigara dnevno i so toa iskreno pa se raduvam sto drasticno namaliv...svesta me predupreduva....
Јас бев активен пушач неколку години. Уште пред да останам бремена, како нешто да ме тераше ја згмечив кутијата и ја фрлив. Цела бременост дим не зедов никако. Кога се породив доев до 3 месеци исто никако не запалив, немав ни желба. И кога престанав да дојам почнав пак да си палам неделно по некое цигаре. Искрено сум против цигари во бременост.
Sega gledam deka ne sum ja pisala mojata prikazna so cigarinjata, sto vikase baba mi Cela bremenost pusev, vo 4ti i 5 ti mes bev vo sostojba da gi jadam cigarite ne da pusam. Se vozdrzuvav maksimalno. Denot koga trgnav da go rodam bebus, vo kola nakaj bolnica ja zapaliv mojata posledna cigara. Eve 8 ipol meseci kako ne sum zapalila i duri se naviknav da pijam kafe bez cigara!
Не знам како не ви е жал да пушите дур сте бремени..Јас чим дознаам дека сум бремена ги фрлам бар до 4ти месец од неговото раѓање.После тоа исклучиво на тераса. Јас од кога сум родена татко ми чури по дома фала Богу здрава права сум ама мое дете не давам да се дави во дим.
И јас имам проблем со цигарите. Не сум страсен пушач. Бев, сега веќе не. Пред да го имам првото дете пушев кутија на ден. Забременив и ги намалив и потоа и престанав да пушам, се породив и после неколку месеци пак почнав, една две и еве година ипол една кутија ми трае по една недела. Сега пак сум бремена, а откако дознав-почеток на бременост сум значи има денови и кога цел ден нема да запалам, вчера испушив една цел ден, ама мислам дека ќе има денови кога нема да палам а ќе има и денови кога ќе запалам една, не е дека не можам да се воздржам едноставно така да запалам цигара барем една у неколку дена додека скроз да ги откажам. Мислам дека ќе биде тоа наскоро, а се надевам една на неколку дена не е штетно.
Не оправдувам! Едноставно не оди заедно бебе и цигари греота ми е Јас бев активен,страсен пушач 8 години ама од самиот момент кога ги видов двете црти на тестот, кутијата во канта заврши. Не сум посакала да запалам,3 месеци веќе. Немам ни потреба ни желба.
Јас бев активен пушач 10 години но кога видов дека сум бремена истиот момент ги фрлив цигарите. По природа сум полничка но откажувањето на цигарите не ми направи никакви драстични промени освен што веќе главата ме нема со месеци заболено. А што се однесува на килограмите сега сум 8 месец и сум само 10 кила поправена. Тоа е нормална килажа за во 8 месец, што значи дека оставањето на цигарите не ме здебелиле ни грамче. Кога станува збор за моето бебе од се ќе се откажам а не па од едни цигари.
И јас исто пушев 10 години, секогаш кога ќе видам трудница со цигара се згрозувам па цигарите ги оставив во истиот момент кога се посомневав дека сум бремена. Мажето ми е многу изненадено дека толку цврсто стојам на тоа и дека сега на сите им преповедам колку се лоши цигарите по здравјето Неможам да поднесам ни да седам во место кај што се пуши, веднаш ми се блокираат синусите, се полнам со секрет и ме боли грлото.. Се чудам како некогаш сум пушела... Не сум воопшто здебелена, 19та недела + 2кг, не ни чуствувам некој огромен апетит кој би го препишала на непушењето. Имам пријателка која после 2 спонтани абортуси сега е бремена пак во 7ми месец, пуши премногу, ги јаде цигарите буквално.. Незнам со кој памет после се што има поминато