Цигарите и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Svetle, 15 ноември 2009.

  1. Lola89

    Lola89 Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    318
    Пол:
    Женски
    Јас исто бев активен пушач 10 год.пред да забременам и сум голем противник за пушење во бременост, од моментот на трансфер престанав да пушам иако се трудев предходно да престанам но стресот си го правеше своето и неможев.Сега сум 4 месец и немам ни една цигара запалено немам ни желба ни потреба ...исто не седам во простории кај што се пуши ни пак кај мене дома се пуши иако и јас(пушев) и маж ми пуши сите што пушат излегуваат на тераса и нема исклучоци...
     
    На elimkd, pianogirl, Martka и 3 други им се допаѓа ова.
  2. lackygirl

    lackygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    11.439
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум пушела цигари, и сега не седам во простории кај што пушат. Еднаш само бев на слава и беше многу зачадено сите пушеа, главата ме болеше после тоа. И мм не пуши, само свекрва ми, но таа кога пуши излегува на тераса. Инаку многу ми е грдо кога ќе видам бремена жена да пуши, греота е за душата што ја носи, тоа мало бебенце нема избор, но таа жена има избор и одлучила да го труе бебнцето уште неродено. Греота е.
     
    На Martka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. Charlotte*

    Charlotte* Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2018
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    1.135
    Пол:
    Женски
    Не пушам нити давам да се пуши во просторија каде што сум.
    Да е нешто за јадење, па да разберев.
    Ама чад?
    Бев пушач знам што е "криза", ама знам и дека лесно може човек да ја надмине истата.
    Инаку себично!
    Не разбирам трудници со цигара во рака.
     
    На Lolipop23, Јаневски и pianogirl им се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    5.248
    Допаѓања:
    26.438
    Пол:
    Женски
    Јас сум страствен пушач 20 години, мислев за ништо на светот нема да ги откажам цигарите. Среќа пушев електронска во моментот кога дознав дека сум бремена, а таа е забранета за трудници. Во моментот на дознавање на крвен резултат ја оставив на страна и никад не запалив.
    Морам да признаам дека првиот месец ми беше кошмар без цигара на моменти мислев дека полудувам, бладав, на моменти и плачев. Се додека не почна да ми се лоши од 5та недела, тогаш си го заборавив и сопственото име, а не пак цигара да запалам.
    Дали ќе запалам после доење? Веројатно со сигурност уште првиот ден :)
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Beautymom

    Beautymom Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    238
    Пол:
    Женски
    Ja koga bev bremena si pusev cigari. Neznaev deka sum bremena. Koga doznav gi frliv. Negde po 3 meseci. Inaku rodiv zdravo bebe so normalna tezina
     
  6. FreeMind

    FreeMind Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    5.248
    Допаѓања:
    26.438
    Пол:
    Женски
    Си ги зема назад?:)
     
  7. Beautymom

    Beautymom Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    238
    Пол:
    Женски
    Da. Koga zavrsiv so doenje.
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    29.007
    Пол:
    Женски
    Пушев кутија на два дена, сега ми се гади од нив, исто ми се гади кога некој покрај мене пуши
     
  9. qwen

    qwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам нешто...Јас сум пушач,но почнувам да ги намалувам цигарите затоа што во понеделник имам трансфер..Меѓутоа со намалувањето на цигарите почнав многу да кашлам,дека организмот се чисти...сега ми е страв заради трамсферот во помеделник...незнам како е паметно да постапам...
     
  10. FreeMind

    FreeMind Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    5.248
    Допаѓања:
    26.438
    Пол:
    Женски
    Јас правев инсеминација, советот од Лазаревски беше да правам се што дотогаш сум правела се до крвен тест потврда на бременост.
    Пуши додека можеш, после ќе се тресеш како луда за еден дим.
    Секако ако ти досега се труеше за 5 дена нема да се исчистиш, а со цигарите шансите за бременост ти се намалуваат за 3%.
    Немој да го стресуваш организмот после трансфер, продолжи исто и ќе биде се во ред.
    Ајде со лесно.
     
    На Melinda85, qwen и Charlotte* им се допаѓа ова.
  11. Charlotte*

    Charlotte* Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2018
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    1.135
    Пол:
    Женски
    И мене ми рекоа дека откажување нагло е голем "стрес" за организмот.
    Во право си се што пиша.
    Јас како што имам пишано дента кога видов две цртки здимив една за збогум и толку.
    После и од гадење не можев.
    Сега ме фаќаат кризи како за чоколадо, ама нема шанси.
    Така да @qwen малку по малку.
    После нема ни да ти сака организмот. :)
     
    На FreeMind и qwen им се допаѓа ова.
  12. Eni.r

    Eni.r Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    1.798
    Пол:
    Женски
    6/7 год. Активен пушач. Уште кога почнавме да правиме бебе почнав со електронска за 1 месец оставив . 2 месеци пред да останам бев без цигара и сеуште сум. Не се осеќам убаво со бебе во стомакот и цигара во уста..а околу мене пушат сите блиски ми се пушачи неможам јас да им судам нивно право е а мене не ми се седи сама по цел ден така да се наоѓам меѓу пушачи и не ми смета ако пушат 1,2ца..
     
  13. Lavica2016

    Lavica2016 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    1.725
    Допаѓања:
    3.447
    Пол:
    Женски
    Кога сме кај цигарите, јас еве да кажам бев пушач 15 години. Не пасивен, туку со минимум кутија на ден, а ако има искачанка и повеќе. Кога правев инсеминација др. Лазаревски ми кажа ако сум пушач да ги откажам цигарите. Искрено не знаев како. Сва среќа откако останав бремена многу почнаа да ми сметаат и одеднаш престанав. Во текот ма бременоста имав повремено нагони за да запалам, со кафе, со другарки и сл. Но ми беа гадни. Кога се породив, си реков леле како би испушила 2 цигари со кафенце, ама во моментот кога ми го донесоа прцлето.. немав душа да запалам и да повлечам еден дим. Толку мало кревко нежно да го трујам..срце не ми дава. Дај боже и вие да дочекате да ја испушите последната цигара
     
    На Lolipop23, FreeMind, qwen и 2 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    12.460
    Допаѓања:
    123.390
    Пушам од 16 години.

    Кога забременив, на првиот преглед (4 и пол недели бев бремена), на докторката и' реков: Ги откажав антидепресивите и седативите, што и да советуваш, немој да ми забраниш да пушам!

    Ми рече да не пушам повеќе од 10 цигари на ден. Испадна после, дека во Мајчината книшка, има три опции:
    -Не е пушач.
    -Пуши до 10 цигари на ден.
    -Пуши над 10 цигари на ден.

    Ваљда прави некоја разлика...

    До 9ти месец пушев помалку од 10. Последниот, кога почна да ми текнува што ме чека, почнав по 15 да пушам.

    Можеби за многумина сум била неодговорна трудница, ама ми се чини, дека тие беа една од нишките кои ме држеа да не 'полудам' кога ќе бев во паника или кога ќе ме 'турнеше' депресија.


    Секоја приказна е различна....
     
    Последна измена: 5 октомври 2018
    На Visab, TeddyGrey, qwen и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Meci¹²

    Meci¹² Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2018
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Јас пушев за време на бременоста ама откако се породив не ни помислив за цигара а и ја дојам малата така да чудо беше се откажав а и баш ми е убаво и мило што ги откажав не би пропушила повеќе
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. meggle

    meggle Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    1.453
    Страсен пушач скоро 10 години (почнав у средно јбг)...
    Лани кога ја видов втората линија одма ги оставив, значи во истиот момент.
    За среќа немав кризи, чак што више прекрасно се осеќав, посвежа, поенергична...
    За несреќа се испостави дека бременоста била биохемиска ама еве, една година после тоа не сум помислила на цигара, и мислам дека никогаш нема да запалам.
     
    На Lavica2016, Meci¹² и WildMk им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    12.460
    Допаѓања:
    123.390
    Алал да ви е вам... оние кои ги откажале цигарите :l:
     
    На FreeMind, Eni.r, TeddyGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. GirlRose

    GirlRose Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    1.804
    Допаѓања:
    7.840
    Пол:
    Женски
    Погрозна слика од бремена жена со цигаре во уста,нема.Колку себично изгледа само.Девет месеци се во прашање.
     
    На pianogirl и Charlotte* им се допаѓа ова.
  19. qwen

    qwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    А бе јас знам дека за 5 дена нема да се исчистам ама почнувам да кашлам затоа што помалку пушам...тоа и порано ми се има случено..Ајде во понеделник пак ќе го прашам докторот што ќе кажи.Поздрав4е до сите

    Дај Боже...Јас верувам човек ако сака се може да направи
     
    Последна измена од модератор: 5 октомври 2018
    На Lavica2016 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Корнелија

    Корнелија Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    874
    Пол:
    Женски
    И јас пушев 10 години, по кутија на ден а некогаш и повеќе. Кога дознав дека сум бремена, прво се залажав со кутија најслаби цигари, и по 3 цигари на ден. Од секогаш сум викала дека кога ќе бидам бремена ќе ги оставам цигарите. И така би!! Ја допушив кутијата, и веќе не запалив. Искрено не ни помислив на цигара. Немав зголемен апетит, + 12 кг, при крај на бременост. За мене себично е да не мислиш на животот кој го носиш во себе. Не сакам да осудувам никој, секој си има право на сопствена одлука, но ТИ си таа што одлучува и за плодот во себе. Се е до тоа колку имаш силен карактер!
     
    На Lolipop23 и Charlotte* им се допаѓа ова.