На онаа која може да пуши во прво тромесечие покрај она одвратно гадење и симнувам капа. Јас ги откажав во секунда, а толку многу ги сакам. Имам сега моменти кога ми фалат многу и тагувам по нив. Како ќе ме биде после породување не знам. Дали ќе има сила која може да ме задржи да не им се вратам се прашувам. Е до толку сум страствен пушач и не пушам 6 месеци плаката треба да добијам
Јас сум 18та недела.. до сега немав желба да запалаам.. ама овие денови значииии... незнам се трудам да не запалам ама незнам дали ке успеам. Што велите да си палам со кафе барем
Нема да останеш на таа. Немој! Еве ја 31ва уште имам желба. Издржи. Од тоа што може бар заштити го, кога веќе од воздухов не можеме...
Абе душо имам страшни напади на нервоза, напнатост, депресии, доживеав сообракајка и ред други психолошки проблеми што стварно мислам дека на моменти полудувам.. незнам стварно ме тера страшно на цигара
Верувам, ама цигарата не е седатив. Прашај си сепак лекар . Ако си издржала толку, верувам можеш до крај. Ја ги пушев од сласт, не на нервна база.
Претходно и јас со сласт многу си ги сакав ама сега несакам стварно, сепак ке прашам док за секој случај. со лесно мајка
Јас пушев....нит имав гадење, нит повраќав...прелесно поминав 9 месеци, дај Боже сите со лесно да врвите
Убаво ти кажа Шарлот не остануваш на една ќе запалиш уште една. Ако сакаш да го труеш плодот тоа е твој избор, али не е негов. За стресот земи спа, чоколада и масажа. Фала ти. Јас иако сум страствен пушач, јас сум и силен поборник против пушење во бременост. Последиците за плодот идат покасно, од бронхоплеумонија до интелегенција. И се тоа е фино научно документирано. Јас тоа можам на себе си да си го направам да цркнам пушејќи, али никогаш на мојот плод или да им пушам дома во затворено. Затоа не бидете себични не се работи за вас. Оставете ги во бременост и доење после закажуваме маратон и се труеме до бесвест. Ако јас издржав без ни еден дим со стаж 22 години со цигара сите до една можат без цигара. Мислете на тоа како после се ќе пушиме сто цигари за две минути
Единствено задоволство ми беше утринскиот ритуал турско кафе горко и цигарчиња. Се додека не забременив дали потсвесно бидејќи знаев колку оваа комбинација е штетна ги оставив и кафето и цигарите. Немав ни мачнини ни поврајќање за да ми се згадат едноставно не ми одеше повејќе. Еве во 5ти месец сум не ми иде на памет да запалам,мм пуши ми сметаат,но познавајќи се знам дека после порајѓај здравје пак ќе им се вратам,премногу ритуално ми беше,како време посветено на себеси...
И јас пушев по кутија ипол дневно до пред една година,па му ветив на мужето дека ќе ги откажам и ги чуркав по 5-6 на ден ама само на работа за да не ме сети и еве веќе 2 месеци како сум дома немам запалено .Не дека не ме влече него продавница најблиска ми е на 10 минути а несмеам да пешачам ,насилно откажување И така у сон си ги чуркам редовно
Хахаха и јас во сон! И тоа многу често јас ги оставив месец дена пред да останам бремена пушев електронско и тоа оставив еве 8 месеци немам дим земено не ме влече дека и кафе ми се згади па оставив иначе тешко ке ми беше кафе без цигара,сите околу мене пушат само јас и мм не. И ваљда затоа сонувам често дека пушам пак. Здравје боже кога ке си живееме сами со мм и бебе многу полесно ке ми е нема да имам пушачи околу мене
Јас во сон ама мераклиски ги влечам Некни кај моите бев и гледам цигарите на тато на маса ,и си викам да му дигнам две ама ми текна не треба трудница без прашање да зема нели А ако прашав мајка ми ќе ме изедеше жива.И така ќе си сањам само
Јас палев скришно. Се криев. Од коа се роди не сум запалила. А се каам и за тие скришни што ги палев во бременост.
Од кого се криеше? Од бебето, од самата себе или од околината за да не те осудуваат? Се работи за олово и цијанид. Тоа што вие се криете, не ја намалува штетноста која може да се случи.
Јас повеќе од година немам запалено те од како останав трудна и сега дека дојам ама уште имам желба, маж ми кога се враќа од цигарче на тераса го бацувам дека ми е убав мирисот.
Јас изгледа единствена сум што веќе немам апсолутно никаква желба за цигара. Кога ќе ги осетам мм и мајка ми дека пушеле ми се повраќа од тој мирис и не им давам да ми чепкаат бебе така замирисани т.е усмрдени! И нема да запалам ни дур дојам, а сигурно ниту после тоа. Година и нешто веќе како немам запалено. А пушев и до една кутија дневно претходно.
Девојки моето бебе е 2 месеци...јас сум пушач..кога бев бремена не пушев...а кога се породив палам по 4 5 цигари ..може ли да ми кажете колку е штетно за време на доење
Исто како во бременоста. Преку млекото твоето бебе од два месеци пуши цигари бидејќи никотинот како канцероген елемент навлегува во млекото. Исто е и со алкохолот и дрогата.