Јас скоро дознав дека сум бремена, 6 недели. Пушам веќе повеќе од 10год а сега се обидувам да престанам но не можам. Ме фаќа депресија, се лошо си мислам и одма по цигара. А и повеќе ми се покачи желбата за пушење сега :/ Ср обидувам да престанам така да Wish me luck.
Татко ми кој пушеше по 4-5 кутии на ден и ги откажа мислам дека секој може. Само воља треба. И не по 3 по 5 по 10 цигари на ден,ни една не палеше. Од топик сум ама сакам да ви кажам дека се може. Кога можеше тој може секој
А мене ме интересира за ние трудниците шо непушиме воопшто и тие околу нас што пушат, штетно е што го вдишуваме чадот од цигари? Јас неможев да ги трпам воопшто сега пак бремена ич, а дома сите пушат освен јас.
Сигурно е штетно, и кај мене пушат сите ме трујат без осет. Па кога некој од страна ќе им каже греота е девојчето одма почнуваат со приказни од типот: ее на Ојледојле снаа му се утепа од пушење па ене здраво право дете има . Извинете што цел живот не пушам, што друго..
@Cherry333 значи ми ги зема зборовите, највеќе се нервирам шо не прашуваат дали ми сметаат воопшто , и морам да кажам мразам цигари, по гадно нешто нема
Среќа ни јас ни мм не пушиме, а не пуши никој и кај моите и кај неговите. Со пријатели што се дружиме, не се пушачи и тие, сите се со деца и дома не им се пуши. А кај пушачи гледам на прозор си застануваат или на тераса. Разговарав со еден човек кој во моментот пушеше цигара, надвор, но сепак ми сметаше чадот. Ми пречеше и претходно, ми пречи и сега. Ако другите немаат осет, тргај се на страна. Ако мм пушеше, ќе го бркав на тераса или ќе го натерав електронска цигара да си земе.
Јас пушев 20 годнини пред да останам бремена. Штом видов позитивен тест, веднаш ги откажав. Еве веќе 6 години не пушам. Поголем мотив од тоа, здравје Не се залажувајте со намалување и сл. само целосно откажување Првата недела, две е тешко, после веќе не.
И јас целосно ги прекинав цигарите. Првата недела ми беше тешко и си купував си пушев по малку, но една вечер седејќи на кафе за малку ќе се исповраќав од првиот дим, од тогаш немам запалено. Кога и да помислам на цигари ми се повраќа, мислам дека нема да можам да пушам. А инаку пушев по една кутија, некогаш и повеќе.
Јас исто бев страствен пушач со години и само што дознав за мојата прва бременост прекинав со пушење во истиот момент. После тоа следуваше доење 23 месеци па втора бременост и сега 13 месеци доење на второто бебе без ниту една цигара (скоро 5 години) и продолжуваме понатаму. Посреќна мајка од мене нема Самиот факт што давам се од себе за моите девојчиња ме прави многу посреќна и позадоволна од сите цигари на светот. Мој совет е дефинитивно без цигари за време на бременост и доење. Поздрав и секое добро
Јас пушев по макс 5 на ден. Докторката ми даде таков совет. Рече 6та ако запалиш, макар и 1 дим, ти е исто ко 20 да си испушила. Секако дека е најубаво ниедна. Не само за бремени и доење туку општо. И јас сакав и се трудев да ги оставам. Од цела кутија на 5 намалив одеднаш. Не знам ете не знам како не успеав скроз. А за тие што успеале во бременост да се откажат, а сега им се пали, ве молам немојте... зошто нема да остане на таа 1на... Јас после пороѓај да не запалев.. немаше да пушам пак. 2 дена во болница не ни осетив потреба. Мајка ми после инфаркт не пушеше 3 месеци... па почна по 1,2 ете ја пак пуши, не како предходно ама пуши... а јас се нервирам од неа... и нормално издувен вентил цигарата.
Ти си пасивен пушач.А,пасивното пушење се смета дека е и поштетно. Мој совет е ако некој запали цигара потргни се настрана.Сигурно си е сигурно
Да не излезе дека ве охрабруам, ама докторката ми рече препорачливо е ако можеш да престанеш со пушење пред 12 недела бидејќи тогаш се формираат органите, после 12 недела само растат. Искрено тоа ме исплаши и почнав да ги намалувам цигарите се додека не ми се згади од нив. Матичната ја прашав уште пред да останам бремена и таа се изнасмеа и ми кажа дека како докторка мора да ми каже дека најубаво е да не пушам, а после вели ај заборави дека сум докторка, како другарка ќе ти кажам дека доволно си под стрес дали ќе останеш бремена, па ако откажувањето од цигари ти претставува уште еден стрес, тогаш пуши додека не останеш бремена и не те фати другиот стрес(дали бебето е во ред?). Искрено најубав совет. Ептен убаво ми објасни дека сега не се плашам, но откако ќе го родам ќе се тресам над него. Ми објаснуваше дека сите може да сме носители на автоимуни болести и дека пушењето ги будело, а на неродено бебе многу му штетеле цигарите.. И мене не ми требаше малку време можеби недела ипол или две се мачев, се криев кога пушев, се разочарував се сметав за неспособна бидејќи не можам од едни цигари да се откажам, но сега сум горда на себе!!
Јас пушев до кај 6 или 7 после палев по некоја за на крај одвај со кафе така душа ми сакаше догурав 42 и веќе пукнав надминав и термин и се ама и страв прворотка како се ближеше денот и дојде отидов сабајлечки веке од вечерта со болки знам ке рагам ама кога ми потврдија и ми рекоа ајде горе во родилна реков само момент со 4 см отворена отидов надвор си купив кафе и си запалив (13.02.2019 дури и сега ми доага) од што ми беше слатка и по неа се качив на рагање од таа тогаш до ден денес немам запалено а ми доага уф и тоа како на некој моменти ама па и уживам и во благодетите без цигара (не бираш кафана каде мора да има пушална итн ама па некој моменти од типот кафе и цигара ма ни секс со бред пит не ги менува се со своја убавина П. С ме мава некоја нерва и ми иде сега да идам да запалам аа и "УПАЉАЧ" бре да се нема сега за свеќи романтика поздрав
Немав палено цигара од 8ма до некаде 25та недела, никако не запалив. Кога имав стресен период, почнав по неколку, по 2 до 3 на ден. Еве веќе 2 недели и повеќе сигурно немам запалено. Си ги фрлив сите упаљачи, ги подарував бидејќи имав над 10. Сега држам незапалена цигара кога ќе ми дојде желба и си седам така, ќе се подзаборавам и ќе завлечам од незапалената цигара и си се смеам. “Пушев” надвор на тераса, ама почнаа не само комшиите туку и чавките да ми се смеат, па сеа внатре почнав.
ај еден совет пред неколку дена добив позитивен тест , пушач сум ама последниве 5 месеци се префрлив на електронска цигара ( umbrella ) претходно во бременост сум пушела , а додека сум доела не , сега незнам дали некој има искуство со електронскиве , дали знаете дали смее да се користи за време на бременост и евентуално дали да се вратам на регуларни цигари ( пишев по 10 цигари на ден отприлика )
Јас пушев последните пет години пред бременост електронска. Она е скроз забранета во бременост. Не се враќај на никакви цигари али ако си решила да пушиш подобро земи обични.