Тоа не е точно, туку се вели забранета кај труднци од проста причина што истражувањата траат 15 години, а е цигара нема толку години на пазарот.
Се согласувам. Од обичните цигари знаеме какви последици може да има. Сите други електронски не се испитани и воопшто за луѓето, а не за плодот и затоа не се 'дозволени' во бременост.
престанав со електронскатаи се надевам ќе ги прекинам и регуларниве , ама еве два три дена од нив едвај по 2 до 3 во ден некако гадни ми се ... дај боже да ги откажам
Сепак ,најдобро е воопшто да не пушиме ако се можи,јас мислам дека течноста што се наоѓа во електронската цигара е многу штетна,посебно ако е со вкус ... Можеби не сум во право ама тоа е мое мислење..позз и секое добро
Е-цигарите се општо штетни , неколку пати сум читала дека цигарата експлодирала во устата на пушачот . Тоа довело до опекотини . Причината не ја знам , веројатно прегревање на самата е-цигара . Јас сум бремена со трето , пушев со второто , пушам и сега . Не дека не пробав милион пати да ги оставам , едноставно кафето не ми пропаѓа ако не запалам цигара . Се потрудив и од една кутија на ден , стигнав на 10 цигари дневно . Пушев ептен јаки цигари ( 9 , 10 ) сега пушам послаби ( 7 , 6 , 5 ) а се трудам до крајот на бременоста да ги намалам барем во никотинот и катранот да дојдам до 3 . Се имам консултирано со матичниот гинеколог и ми вика секако најдобро е воопшто да не пушиш , ама ако ептен не можеш , барем намали на количината и јачината на цигарите . За сега успевам постепено . Не можам веднаш , малку по малку . Се работи за здрава бременост ( секој човек е различен , така и јас , не препорачувам пушење цигари , без претходна консултација со гинеколог ) .
јас кога дознав дека сум бремена (4+2) си направив едно турско и си испушив 3 цигари за да си се опростам од мојот утрински ритуал. во наредните 2-3 недели земав од мм по некое димче после јадење, а сè на сè имав испушено можеби 5 цели цигари цел тој период. а сега еве ме веќе седми ден како ни едно димче немам вовлечено и пресреќна сум што не ни чувствувам некоја потреба.
После позитивен тест имам грижа на совест со цигарите. Испушив една ама така ја уживав... Темава би ја крстила т'га за цигара
Јас сум 19+ и сеуште пушам, знам дека не е добро ни за мене, ни за бебето ама така си го разбивам стресот. Кога бев на првиот преглед докторката ме праша дали пушам и по колку, тогаш пушев по една некогаш и една ипол кутија, ми рече намали ги на пола кутија. И така и направив сега пушам многу помалце од претходно, ама скроз не би да ги оставам додека не осетам дека ми пречат или ми се гади од нив.
Јас бев страствен пушач со години немаше шанси да ги оставам. После || не ни размислував да продолжам а со тек на време ми се згадија. Сега сум 20та веќе не ми се гади мирисот ама пак не помислувам дека во иднина ќе пушам. Сакам да кажам ако чекаш да ти се згадат во 19та е касно обично гадењата се до 12та недела..при крај може само ќе ги поднамалуваш... Јас цел живот си викав кога ќе бидам трудна ќе ги оставам иначе нема шанси. Пробај води се и ти по тоа. Не знам зашто лекарка ти дозволила мојата матична ми кажа ни на крак памет да не ми било ниту една да испафкам радинтоа што имала многу случаи со предвремено родени и плус сега со коронава недај боже се може да се деси... извини ма долгиот пост се надевам ќе ти дадам малце сила и храброст да ги баталиш овие неколку месеци
Јас секогаш викав после 2 црти дека ќе им се скарам. Паметот само таму ми е а и не е баш убаво одеднаш да престанеме
Убаво е убаво е цигари се оставаат само така...не се тешете оставајте јас 8 години пушам по 1 кутија на ден ајде можете и вие
Јас сум 15+2 и пушам 4 0,4 3 од најслабите да речам...Не ги откажав на почетокот па не верувам ни сега дека ке ги откажам,но не пушам повеќе од 8 на ден...Го сведив на минимум никотинот и катранот а и секако бројот на цигари,иначе пушев по кутија,кутија и пол.
нема кој не можи. јас пушев три кутии на ден, и кога видов две цртки дека сум бремена ги фрлив одма ама сместа. цели 9 месеци не запалив ни една цигара нит тргнав дим. од кога се породив знаев да запалам една или две се до вторта бременост.кога дознав дека чекам второ исто ни една не запалив. јас здравјето на неродено бебе да го ставам пред мојот кејф,не.
Има и послаби Карелија 1 со 0.1 мислам и 8 цигари на ден се многу. Ако веќе мораш пуши максимум 3-4 ептен кога имаш потреба, а не од досада. Мада седнете размислете малку дека не дај боже нешто да се деси, грижата оди на ваша совест. Да не збориме колку е штетно за време на доење да се пуши. И јас сум пушач и многу ме фаќаат кризи и само си одбројувам уште колку месеци треба да чекам. А како што сакам и второ дете може ќе пушам за 4-5 години
Ако ти успееш да не пушиш 3 -4 години тогаш мислам дека нема да имаш потреба да ги почниш пак,нели се самите си правиме,јас се консултирав со гинекологот ми рече ако не можиш да ги откажиш до 7 цигари на ден барем намали ги,па така и правам.
Не пушам 2 години. Од денот кога разбрав дека сум бремена. Цела бременост не запалив се породив доев не запалив останав повторно бремена не палам. Не дека не ми недостига ритуалот...ептен ми недостига кафе и цигара но здравјето за моето дете е пред се! Јас па неможам ни да помислам со прсти умирисани на никотин да допрам бебе. Или па со здивот да го бакнувам. Одвратно. Знам дека ке почнам да пушам за 2 и пол години. Со кафе и некоја чашка алкохол. Ако не забременам пак
Ама јас сакам да си палам по некоја цигара Обожавам кафе со 2 цигари од сабајле, а најмногу од се ми фали кафана во сабота за ручек со салатичка, узо, похованици и цигарче.