Исто ко мене, и јас од сабајле со кафето си палев по 2 ,ама сега не пијам кафе па автоматски ни цигара не палам ко ќе станам од спиење.
Јас пушев пред да дознам дека сум трудна. Дента пред да дознам баш имав купено нова кутија, ја тегнев 1 недела, па после почна да ми се лоши и од тогаш се скоро 3 месеци поминати и немам запалено. Немам ни потреба, ама некогаш ми фали со кафе, така цигара-две за мерак или @Jana06 како што кажа у кафана уз мезе (Среќа па не се оди сега по кафани да ми течат лиги хаха) Пред неколку дена посакав да му запалам цигара на мм, ја запалив ама не го ни вдишав чадот, некако шубе ми дојде, не ми дава душава да ја трујам бебка. Се надевам ќе издржам вака до крај
Браво за тебе. Иначе, најслатката цигара воедно и последна ми беше кога ме фатија болките и пред да кажам на мм му земав цигара и преубаво ми беше дека знаев последна е и дома се враќам со беба. Не знам што ми беше ама во тој момент прво на цигара ми текна, стрес ваљда.
Како стоматолог, сум имала ситуации каде им викам на пациентите дека треба да престанат да пушат од здравствени причини, и ме прашувале "колку цигари смеам да пушам?". Без разлика каква здравствена состојба имате, одговорот на ова прашање е ниедна. Нема одредена бројка или јачина на цигари која е дозволена. И јас не сфаќам кои се тие лекари кои ви викаат намали на пола кутија или земи послаби цигари и таман ќе биде. Значи не. 15 цигари е подобро од 30, и 5 цигари е подобро од 10. Ама 0 цигари е целта кон која треба да се стремите. Ако намалите со цигарите заради бременост, значи способни сте да го контролирате внесувањето, и не треба да се помирите со ситуацијата кога ќе стигнете до 3 цигари дневно. И не е во ред од доктор да добиете совет дека цигарите се во ред. Не се, докажано е милион пати. Својата одлука да пушите во бременост, после тоа или било кога во животот си е само ваша, и не треба да се базира на тоа "гинекологот ми рече може 4-5 цигари на ден, не било страшно".
Не сакам вака од страна да ви улетувам трудници , ама зошто има 26 страни за темава?....зар треба воопшто да има дискусија дали да се пуши или не за време на бременост?
Не е на минимум. Имаш и послаби. Оме бели, тие се 1 0.1 1 ако ти е за утеха дека послаби цигари ќе пушиш.
Јас ги пушев овие. Дури веќе на крајот и тие јаки ми станаа, ако испушев повеќе од 10 во денот, затка во градите се чувствував, некогаш не можев длабоко воздух да земам. Многу ми е поубаво сега дефинитивно без цигари. Мислев ќе ми биде тешко да ги откажам, пошо не сум ич карактер, многу пати сум пробала и не идело. Ама некако психата почна да ми функционира поинаку откако дознав дека сум трудна, секој дим што ќе го земев ми беше грижа на совест и можеби ќе звучи клише ама велам јас кога можев, сите можат да ги откажат. Ми велеа немој наеднаш да прекинеш, не било убаво, било шок за организмот итн. Значи не! Шок на организмот е секоја наредна запалена цигара, посебно кога се формира бебе. Гледајте ич да не палите. Нема такво нешто како намалување, или пушиш или не. Сега ми е желба ако после породување и доење, посегнам пак да запалам (се надевам дека нема и би сакала да е така), да бидат тоа по 2-3 цигари во денот онака за мерак-со кафе и во друштво, ама како порано по 10 или по цела кутија не.
Те разбирам. Јас и пред бременоста пушев вакви слаби. Кога останав бремена ми требаше 1 недела за скрос да ги прекинам. Во 6тиот месец пак ги имав започнато од сплет на околности и стресен период но брзо се освестив и престанав. Сега бебето ми е 6 дена и не пушам бидејќи се обидувам да го дојам. Сега стресот ми е многу поголем од претходно, но немам посегнато по цигара баш заради грижата на совест.
јас и нема до нешто многу паметно да се пофалам , јас сум 16+5 и пушам па примдекоја мала болка викам ке ги оставам но не одиии
Ако си сигурна дека можеш да се носиш со последиците по плодот кои можеш и сигурно на некој начин ќе ги предизвикаш пуши. Да не се каеш еден ден за не одиииии...
Темава ми вришти од лудоќа. Не е во ред пушење воопшто, не пак кога сте бремени. Ако пушите цигари во бременост според мене, не ни заслужувате да сте мајки. Те, кажав, па сакајте сега распнете ме.
Да си ми жива здрава, јас вака не поддржувам пушење цигари а не па во бременост!! Жива глупост дека не може да се откаже човек од нив, ако си со став ќе ги откажеш и крај...околу мене имам мноогу примери што од страсни пушачи откажале цигари како никогаш да не пушеле!! Кој што сака нека мисли, мојот став е дека мразам цигари!! Уште па дете да носам во мене и со цел памет цигари...лелее...никако!!! Ама кој сака, слободно, секој со свој памет!!