Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цигарите и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Svetle, 15 ноември 2009.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Во право си дека се штетни цигарите и дека е најдобро воопшто да не се пуши.
    Се согласувам 100%.

    Ама пушев кога бев бремена.
    Зависник сум од цигари, признавам.
    Кога ми потврди бременост гинекологот, реков: Шо сакаш скрати ми, само немој цигарите - иако знаев дека е ризично.
    Претходно ги прекинав антидепресивите и седативите, затоа што правевме бебе, и цигарите ми беа 'handle on reality'
    Ми рече да не пушам повеќе од 10.

    И навистина, во мајчината книшка, имаше три опции да одбереш:
    1. Пуши повеќе од 10 цигари на ден
    2. Пуши до 10 цигари на ден
    3. Не пуши.

    До 9ти месец пушев по 5-6 цигари.
    Во 9ти, како се наближуваше пораѓајот и стравот од истиот ми се зголемуваше, до 15 на ден стигнав.
    Ја родив со апгар 10/10

    Не сме совршени мајки, не сме совршени трудници, луѓе сме.
    И сите имаме некаква приказна...

    Најдобро е да не пушиме, да не пиеме алкохол, да не се дрогираме, да јадеме здрава храна, да спортуваме, да дишиме чист воздух, да шетаме во природа, да спиеме по 8 саати... итн итн

    Ама не го правиме сите тоа. Иако знаеме што треба.
    Нели?

    А за тоа дека не заслужуваме да сме мајки, само да те прашам:
    Што да правам сега со ќерка ми?
    Да ја напуштам, да се убијам, или нејзе да ја убијам?
     
    На Анимал, Dioora, Bebe21 и 12 други им се допаѓа ова.
  2. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Мислам дека знаете од и до 10 цигари е само мерка за мерење на зависност од цигари, а не дека до десет цигри на ден е океј у бременост.
     
    На cresa-jagoda, Chanell*, Tan4ence и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Да и јас тоа се чудам дури читам а и трудна другарка ми вика Ми дозволи гинекологот до 5 во ден?? Чудни ми се овие мерки запалил 1 2 или 10 за мене е исто..
    Јас пушев одма ги остајв а бев страствен пушач сите ми се чудат. А и на гинекологот кога реков пушев да одма ми рече Да не си помислила ниту 1 цигара овие 9 месеци...Лекар што вика Можеш алкохол и цигари по мене не е во ред
     
    На Kaja991, cresa-jagoda, Cherry blossom89 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    22 години бев страствен пушач со кутија и пол на ден последните пет години електронска. Кога јас можев да ги оставам во бременост сите до една можат. Само немат карактер. Ниту свест. А сето тоа подгреано со муабетите од некои квази гинеколози кои им велат една две на ден не е ништо. Или пиво е добро за плодот, чаша црвено и остали земски глупости. Границата во бременост за цигари е нула. Нула цигари на ден.

    Нема такво дете на кое не му е ништо од цигари. Ако сега не му е подоцна ќе му биде. Не се залажувајте со глупости. Кога сте сами без бебе во себе ако сакате и 80 кутии на ден пушете, отрујте се.
     
    На Ladybug98, Camille84, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Истава другарка пирше пиво, вино пушеше цигари до 12та недела нели во "граници на нормала" пошто гинекологот и рекол дека може понедна чаша да се напие "не е штетно" триста компликации и излегоа во бременост лакуни и други работи не ги ни разбирам. Некој ќе каже нема врска може не било до цигарите и алкохолот..ама ај докажи дека немало влијание тоа... Друга моја другарка лани отиде на роденден со уште 20 души од кои 15 пушеле се врати засипната без глас и во 10та недела (2 недели после тоа) дозна дека имала спонтан баш тој период после рпденденот според датите од лекариве... влијае итекако само некои имаат среќа да не им влијае други немаат
     
    На cresa-jagoda, Cherry blossom89, Lovebug01 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.800
    Пол:
    Женски
    Жалам, ама и за мене ова е многу неприфатливо. Свесно да го ставам бебето на ризик од последици, само затоа што немам доволно цврст карактер за да се контролирам себеси. :shake:
     
    На cresa-jagoda, Tan4ence, rainbow_bb и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    И јас сум една од тие што мислев дека сум без карактер.. Сакав да ги оставам уште кога почнавме да пробуваме за бебе ама не идеше, па ги намалив...Ама кога дознав одма ги оставив, не ми беше на место душата. Или си пушач или не си. И по 1-2 цигара во денот е нешто. Може да не се случи ништо лошо, но што ако се случи и да си ја чукам главата после? Сите ми викаа немој наеднаш, шок било за организмот...Аха да, а секоја цигара со безброј штетни супстанци не е шок?
    Не дека компликации не се случуваат и на непушачи ете како лакуни на постелка и слично, ама вака без цигари ми е полесно и знам дека сум го направила најдоброто за моето дете.

    Маж ми е пушач, дома нон стоп има кутија цигари (си купува штека) и ниту еднаш не сум посегнала. Внатре не се пуши, ни гости не оставаме, само на балкон. Се прашувам дали воошто сум била зависник јас, дали нешто такво постои или сепак се е до умот?! Пушев 10 години по кутија дневно. Сфатив дека не е никотинот она што ми фали, туку физичката потреба да држам нешто во рака додека пијам кафе или седам на балкон. Еве можело и без тоа.
     
    На Анимал, Thinkerbell., simonaanomis и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Исто и јас како тебе толку пушев и сега не ми фали никотинот него си зборам со ММ викам ми фали некогаш она да отидам на кафе да си запалам или во кафана со винце. Во право си се е до умот. Мене ми е гадно дури кога ќе осетам дим од цигара сега. А пред да почне коронава ми доаѓаа гости само што затруднев без пардон си палеа и сега си викам која будала им дозволував да ме чадат а ја ги остајв. Мене ми беше бесмислено да пијам кафе без цигара а сега ми е супер по 1 кафе на ден ништо не ми фали значи можело :D
     
    На cresa-jagoda, K7M10J, Cherry blossom89 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Како јас да сум го пишувала ова :D Кафе си пијам дури и поубаво ми е. И за кафаната исто ми фали хаха :rofl: Мислев којзнае колку ќе се здебелам ако ги оставам, ќе јадам ко луда како за утеха ама не, еве досега нормално си качувам килажа :)
     
    На cresa-jagoda, Cherry blossom89, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Па сега дека е поубаво кафе без цигара не можам да се согласам никако. Кафето ми е како сок станато не уживам во него. Можеби наскоро и него ќе го излетам од мени.

    Не е лесно да ги откажеш цигарите особено во бременост. Јас месец дена бев болна плачев, се тресев, нон стоп само за тоа зборував. Речиси паднав во депресија. Е од кога ми почна лошењето шеста недела заборавив и јас која сум и што е тоа цигара. Додуша цела бременост живеев со помислата дека ќе се породам, ќе прекинам да дојам и ќе испушам цела кутија наеднаш. Еве година и пол после породување јас немам запалено ниту една цигара. Имам иштаф некогаш ама пак си викам зошто би почнала пак. Каков пример да му дадам на детето? Да го срамам пред другарчињата? (Овде речиси никој не пуши, пушам мигранти и азиланти и многу мал процент од германците. Во светот цигарата остана на соромашните и необразованите лица како една карактетистика која ги краси).
     
    На Camille84, cresa-jagoda, GirlRose и 6 други им се допаѓа ова.
  11. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    Толку се есенцијални цигарите или?
    Нели е себично малку?
    Ако ќерка ти не дај Боже се родеше со компликација ради цигарите пак ќе беше со истиов став?
     
    На cresa-jagoda и Cherry blossom89 им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Не знам... Имав среќа.

    Никогаш не требаше да запалам цигара во животот.
    Ама нема враќање назад...
     
  13. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    Друго е кога пушиш, а не си бремена. Тоа е за тебе и си штетиш на тебе.
    Ама, друго е кога на бебето му се создава мозок, рбет, а ти да пушиш.
    Мене ми е језиво. Си кажав мислење.
    Ако сте пушеле во бременост океј, ама нон сенс е да се пишува по форуми дека сосем океј да се пуше во бременоста 2-3 цигари.
     
    На cresa-jagoda, Lianna Anna, Cherry blossom89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Не реков дека е ок.
    Реков да ги намалат барем, ако не можат скроз да ги прекинат.
     
    На Анимал и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  15. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.764
    Допаѓања:
    10.436
    Пол:
    Женски
    Колку си само во право (highfive)
    Има врска и тоа од каде си, кој си...карактер, став, образование... Сум шетала по земји каде пушењето не е застапено како во нашава земја...дали ќе сретнеш двајца тројца што пушат...а овде секој втор пуши без никаква култура...на улица, кафич, плажа...и баш ич не се секираат што нивниот дим од цигара може тебе ти пречи..како еве мене, јас и од здравствени причини не смеам да седам во присуство на пушачи, ама не дека му е гајле на некој..седат и како за инат, себични, пушат во мое присуство...
    Став треба, карактер, тоа чудо да го оставиш! А ништо не е тешко ако се сака! Крај краева еве некој нека ми каже една позитивна работа од цигарите..нема ниедна! Освен за себе што си штетиш, утре и на бебето во себе му штетиш и тоа свесно! А каква е таа совест!? И јас се откажав од многу работи(здравјето "ме натера") кои ги сакав, што биле далеку од негативни, па еве жива сум!
    Но, пак ќе кажам, секој си знае што прави, но гледајте ниту една да не запалите!
     
    На темјанушка, thelittle17, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  16. pianogirl

    pianogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    848
    Пол:
    Женски
    Обично мн ценам твое мислење но созаклучокот на постот ти навреди безброј образовани и успешни лица.Јас пушев 10 години и истаѕа секунда на позитивен тест ги оставив и 3 години не пушам и сум мн против пушењето во бременоста но мн ниско падна ти со овој коментар навреди мн луѓе.Не можеш да гледаш од толку високо кон другите
     
    На Ziberi123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ако во бременост немаш цврст карактер да ги откажеш, како дете ќе чувате за кое треба тон трпение?
    Со своја зависност не можеш да се справиш, ама битно со дете ќе издржите...океј.
     
    На Ladybug98, thelittle17, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Скроз сте во право дека цигарите останаа на сиромашните земји...Цимерката ми беше
    Не заземам страни но мислам дека не и беше поентата да навреди туку само да претстави реална слика
    И моето искуство е такво кога сум седела на маса сп американци и луѓе од разни делови од Еу ми било срам што сум пушела и сум била едини пушач на маса. Посебно американците имаат таков став за цигарите.
    Цимерката ми беше од Будимпешта таму скоро нигде на јавно место не смееш да пушиш кога си на автобуска имаш одделено место каде да запалиш да не сметаш. Нас буквално ни доаѓаа луѓе постари и ни збореа (она отпосле ми преведе) како сме можеле дека е тоа одлика на необразовани итн..Ова се деси на неколку локации низ Будимпешта... Во Љубљана скоро и никој пепељара не ти носи разликата е што таму младите пушат виткани цигари ама покасно ги оставаат ретко да видиш човек рани 40ти со цигара. Освен тие сиромашни и необразовани. Кај нас секако ова не важи немаме таков менталитет така да гледаме на цигарите
     
    На Анимал, thelittle17, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  19. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Ама така гледа светот на пушачите тоа е генерално мислење во развиените земји не е тоа мое лично мислење. Мојата мајка, сестра и внук се пушачи. Но тоа не го менува генералниот впечаток во светот. Дали вие се вреѓате или не е најмал проблем овде. Во следни 20 години тој впечаток само ќе се изостри како хероинот кој важи за дрога на ниски слоеви, кокаин за висок слој јел не може секој да си го дозволи.
     
    На темјанушка, thelittle17, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Јас сум еве образована, магистер ако нешто тоа значи, па сум застанала и на улица да запалам цигара, ама не се најдов навредена зошто мислам дека @FreeMind е во право. На моменти и сум се засрамила од самата себе. Во светот какви не кампањи водат за против пушење, ги поскапеа цигарите премногу до тој степен да станат луксуз. И со повеќе странци што сум дискутирала на темава имаат такво размислување за пушењето дека е навика на ниска класа. Имам пријател швајцарец конкретно, само кога ќе дојде во Мк знае да запали некоја цигара во наше друштво. Таму вели ни дома пушам, ни на улица, ни на работа ни во кафич. Никој не пуши освен тие што питаат -е со овие зборови. Најзасрамена од себеси сум била на железничка во Германија, си седиш на отворено на клупа и си чекаш воз, ама ако сакаш да запалиш одиш во обележан простор за пушачи на 20 метри од клупата, нацртан квадрат со пепелник на средина и стоиш простум. Ја бев единствената и мислам дека кој помина покрај мене-чудно ме погледна, како којзнае што да правам.

    Малку отидов понастрана од темата ама само сакав да потврдам и јас како мислам дека светот гледа на пушачите. Не па да видат бремена жена кај пто пуши, сигурно ќе ја пријават :rofl:
     
    На thelittle17, cresa-jagoda, Cherry blossom89 и 3 други им се допаѓа ова.