Тоа во Германија е најчист пример на третман на пушач. Како да имаш болви во 1м2 во обележан круг на отворен простор ти и цигарата. И со електронска цигара ме сместија во тој простор каков срам...ми вика госпоѓо ве молам одете кај пушачите. Ама јас сум со електронска не загадувам. Ох секако дека не загадувате ве молам одете си на место! Настрана од тоа дека од цела фирма 20 души само ти пушиш и секое одење на тераса ти се гледа како пауза за ручек.
Хахах си ме изнасмеала за болвите ама баш така се осетив, да ти се одмили и цигара и се, со 5 кеси натоварена простум да седам за една цигара
Се да ти се одмили. Луѓето на кафе и масите и столовите ги тргаат од тебе ако пушиш на отворено. Едно е да си живееш во Македонија таму пуши све и уште е кул да пушиш во средно. Али овде? И тоа кај младите? Е ноу веј. Исто е и за алкохолот помеѓу младите. Овде е “селски” да пиеш.
Aпгар тест Резултатот од Апгар-тестот (т.н. Апгар скор) е одреден преку оценување на новороденото за пет едноставни критериуми на скала од нула до два, а потоа со собирање на добиените пет вредности. Резултатот може да биде од 0 до 10. Почетните букви од критериумите, на англиски јазик, го даваат името АПГАР: Appearance: изглед или боја на кожата Pulse: пулс Grimace: гримаса или рефлексна раздразливост Activity: активност или мускулен тонус Respiration: респирација, односно дишење На бебињата со збир меѓу 4 и 6 им е потребна реанимација, која најчесто вклучува вшмукување на содржината од дишните патишта и примена на кислород. На оние со збир помал од 4 им се неопходни подрастични акции за спасување на животот. ------------- Арно брзо го видов прашањево Ама ако, нека стои за некој друг ако го интересира.
Јас си пушкам по една цигара на ден и тоа ми е најубавиот дел од денот И едвај чекам утре да дојде за кафе и цигаре
So cigarite so prajme devojki... Jas bev pusac na edna kutija dnevno.. momentalno ne pusam radi bremenosta.. ama si saka dusicka
Мене околу 6-7 недела, не памтам убаво, почна многу да ми се повраќа. Повраќав по 7-8 пати на ден, и тогаш ги оставив цигарите. Бев страствен пушач по кутија + на ден. Така да една добра работа од повраќањето е таа
Jas vikav neka mi se losi samo da ne pusam hahah ama eve ne mi se losi... Ne pusam veke 10tina dena ama slatko si me tera da zapalam
Јас пушев пред да забременам. Кога се сомневав дека сум трудна уште пушев. Кога ги видов двете цртки, од тогаш до сега една цигара немам запалено. Некогаш ме фаќа да запалам, си велам ај еден дим ќе земам од мажот ми, ама не. И планирам воопшто да не ги почнувам пак. Немој да ме сфатите погрешно, ама сега не се работи за силен карактер или свое јас или јака воља, сега се се врти околу нов кревок живот за кои ние сме одговорни и да би јас да земам да пушам сега, секоја цигара мислам како нож во гради ќе ме боли.
Исто, неколку цигари дневно пушам. Имам грижа на совест, караници со мм, ама намалив од кутија и пол на ден на 4-5 цигари.
I jas pushev....i ushte pusham.....nishto ne i e na kjerka mi....e sega nekoi "pametni"(morav pod navodnoci zatoa sho mrazam nekoj da mi popuva) se rodi 2650 demek mala bila zaradi cigarite ....sestra mi moja koja ne e pushash(edno cigare vo zhivot nema zapaleno) kjerka i ja rodi 2200,da ne nabrojuvam zheni t.e majki na koi im pochinalo deteto vo 9ti mesec za koi znam deka i tie cigara vo usta nemaat staveno...zakluchok:ako Gospod saka toa dete da go dade shto sakash pravi pak kje se rodi....vi posakuvam na site idni majki lesen poragjaj,zdravi i zhivi i vie i bebeto.
Тие “паметни” убаво ти викале. Исто како што алкохолот директ оди во мозочето на бебето, никотин и јаглероден моноксид не носат ништо арно. Џабе споредуваш, сестра ти што немала запалено цигара. Не се последиците само ниска тежина, ред други компликации. И за крај, најлоша слика што ја имам видено е трудница која пуши. https://www.lulka.org/index.php/mk/bremenost/382-2012-08-13-08-31-46
Si go drzham moeto mislenje i ne mozhe nikoj da me pobie vo toa....taka da sekoj si ima pravo da kazhe i da pravi shto saka so negoviot zhivot....i ne barajte preku leba i pogacha zatoa shto mnogu dechinja se ragjaat so vrodena mana od x prichini a ne bile pushachi.....samo kazhete si zdravo i pravo da e...drugoto ne e bitno.
Слободно, но не убедувај други да пушат оти ти си правела така. Точно да, се раѓаат дечиња со маани и кај непушачи, но ако знам дека цигарите се опасност, би намалила еден ризик. Незнам кај би ми одела совеста ако свесно сум го правела тоа и сум имала недај боже компликација. Како можете така мирно, алал
Секој си има право на свое мислење, ама факт е дека цигарите се штетни. Уште во времето мајка ми кога не раѓала мене и сестра ми, иако тогаш била пушач, за време на бременост и доење ги оставила цигарите. Немало интернет за да се прочита, ама се знаело дека штетат цигарите и се забранети за трудница. За своја душа да се ризикува здравје на бебе, не знам колку е паметно, колку и да не е од тоа, сепак совеста никоја жена нема да ја остави на мира.
Jas nikogo ne ubeduvam...jas go kazhav moeto mislenje....ovde ne sme deca za nekoj da ne ubeduva ili ne.....a i povekje nema sho tebe ovde da ti se pravdam sho sum pravela vo bremenosta i shto pravam posle nea....
Исто, пред 35 год не се знаело многу ама и мајка ми има кажувано дека а дознае дека е трудна ( и де слошувало ) одма цигарите оставала уште дента, и со две деца за период на бременост и доење цигара нема ставено во уста. Тоа за мене е карактер. А не, може на сите да им се случи да се тешам... Јас и првата бременост и оваа освен тоа што не сум била никогаш пушач, ама алкохол немам мириснато, дури и од кофеин бегам. Цела бременост за првото и додека доев... Еве и сега. Имам две блиски другарки што пушеа цела бременост и двете деца им се секое зимо на клиника за белодробни... Не верувам дека е случајност...
Jas sum pushac momentalno sum 37ma nedela I bebeto se razviva super momentalno tezinata mu e 3 kg I 100 grama. Se sto I godi na majkata mu godi I na bebeto samo sekako vo umereno. Podobro edna cigara od kolku stres za cigara