Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цигарите и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Svetle, 15 ноември 2009.

  1. barba12

    barba12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2018
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Nikakov problem sum nemala vo cela bremenost samo prenatalni vitamini a ima nekoj so ne pusat cigari I znaat samo da komentiraat a bebeto go trujat so lekoj od site dijagnozi bolesti gi imaat togash za bebeto e neubavo I pogolem rizik ima. Znaci ne se stetni samo cigarite
     
  2. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.417
    Допаѓања:
    38.377
    Пол:
    Женски
    Да не претеруваме, цигара во никој случај не му годи на бебето. Нека си прави секој тоа што си мисли, секој со своја совест, само совети да не се делат на другите.
     
    На Anajlin, VDT2906, Maca Macka и 10 други им се допаѓа ова.
  3. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.417
    Допаѓања:
    38.377
    Пол:
    Женски
    И болест не може да се бира, ако мора мајката да пие лекови за нешто пак е за доброто на бебето.
     
    На VDT2906, joy1, flower30 и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Beatris

    Beatris Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    2.364
    Пол:
    Женски
    Леле се читате ли што коментирате жити се? Има ли избор жената што има некоја дијагноза дали да пие лекарства или не? За разлика од вас пушачите, сигурно нема без цигари ништо да ви биде. Крајно вашите деца си ги труете, ваше право, ама вакви коментари од мајки, срамота.
     
    На Noemi, VDT2906, flower30 и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.431
    А каков е тој стрес за цигара? :^)
     
    На *Milicka* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.255
    Допаѓања:
    112.350
    Пол:
    Женски
    Зависност се вика :)
     
    На JuLleE, cherry89, Mantub и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. barba12

    barba12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2018
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Nikotinot stvarat zavist zavisi kakvi pusaci ste bile jas sum pushela po 1 kutija pred da ostanam bremena sega sekako po nekoja cigara palam sami ginekolozi ne akzuvaat nisto vo vrska so cigarite toa e do samiot organizam zatoa podobro pred da se ostani bremena da se ostavat cigari polosho e vo bremenost spored mene sega sekoj ima razlicno mislenje I nema potreba od kritiki sekoja od nas ke stani majka eden den I sekoja treba da si gleda za sebe a ne za drugite sto mislenje imaat
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  8. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.149
    Допаѓања:
    50.526
    Пол:
    Женски
    Не би пушела во бременост ниту па онака.
    Општо цигарите се штетни не пак за трудна жена.
    Јас бегам чад да не вдишувам од нив не пак да ги пушам.
    Некогаш совеста ме гриза кога со средства чистам низ дома не пак да пушам, ама секој за себе си знае како и што ќе прави.
     
    На flower30, Rtulka, cherry89 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.195
    Допаѓања:
    7.745
    Пол:
    Женски
    Јас сум непушач и ниту еднаш немам запалено во живот. И не можам мирисот на цигари да го поднесам.
    Секој си одлучува за себе, колешки со мене бремени сите пушеа.
    Јас не би.
    Е сега со апчиња не може да се споредува.
    Болест е едно не прашува, а цигари се ствар избор аздис.
    И мене ми викаа сите околу мене аа не смееш да пиеш апчиња за мигрената бремена си. Јас ги игнорирав.
    Од доктори добив зелено светло, зошто сепак се работеше за мигрена. Умирав од болки. Само доктор е компетентен да каже дали нешто не смееш.
    Сепак се работеше за неподносливи болки. (Прво тромесечие).
    И сега знае некогаш да ме фати главата ама не пијам апче зошто се трпат болките, има разлика.
     
  10. AugusTina!

    AugusTina! Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    1.416
    Пол:
    Женски
    Абе кој што сака нека си прави, ама не е убаво на форум кој го читаат секакви луѓе и мајки, млади неискусни мајки, да се бориш за цигарите во бременоста ко некој активист. Пуши си ќути си, во ред. Нема споредба тоа пушела ништо не му било на бебето, па колку има што не пушеле па се родиле скраја да е бебиња со некоја маана. Факт е дека цигарите штетат. Да пушев сега во бременоста, срам би ми било од себеси пред себеси, не па и да убедувам некој јавно дека ништо нема да му биде на бебето.
    Кажав еднаш и јас пушев, ама само што ги видов двете линии прекинав. И да, јас сум од тие паметните зошто си гледам по себеси, ќе умрам од грижа на совест ако сега запалам цигара. Ама секој со своето ете.
     
    На Honny, flower30, Maca Macka и 12 други им се допаѓа ова.
  11. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    8.409
    Пол:
    Женски
    Каков хорор и глупост прочитав, значи страшно.
    Цигарите се штетни за секој жив човек не па за бебе во стомак. Уште охрабруваат жени да пушат. Не било штетно за бебето...Срамно е што пушите воопшто во бременост па уште се фалите. Не знам само како ве толерираат најблиските, посебно татковците.
    Земете прочитајте малку на интернет колку е штетно цигарето и како изгледа сето тоа во стомакот. Можете да се тешите колку сакате дека не правите ништо лошо, ама научните факти ве побиваат. Затоа малку едукација, а не само цигарче во уста.

    И јас бев пушач се до моментот кога дознав дека сум бремена, од позитивен тест ги подарив паклите. Ми доаѓаше желба да запалам, ама издржав и ете веќе ни желба немам за цигари.
     
    На Noemi, Honny, Guns N` Roses и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.788
    Допаѓања:
    175.894
    Пол:
    Женски
    Пушите и трујте се колку сакате. Неодговорно е тоа да го правите на друго суштество за кое носите комплетна одговорност. На јавни места е забрането за вашата лоша навика да не ја наметнувате на сосем небитни луѓе, а тек свесно да го правите тоа на она чија душа растете во стомак. Па уште и увреџени. Немој молим те. Што сакате прајте. Ваше си се. Последиците од пушењето не се појавуваат само во стомакот. Можат да се јават и подоцна во било која фаза од развојот на детето.
     
    На Guns N` Roses, joy1, flower30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Пуши си ако сакаш, само муабетиве ти се себе утешување.
    Прво гинеколозите што ги спомнуваш, ако ги прашаш СЕКОЈ ќе ти каже дека е штетно.
    Второ, кога ќе речете пушам ама немам проблем цела бременост ми е толку смешно.
    Штетата е на бебето, не e на твојата бременост туку е штета што може да се појави покасно во животот на детето, а не во бременоста.
    Не се тоа свое мислење, тоа се факти.
    А ова е форум и секако дека други ќе искоментираат на вакви контроверзни теми кај што коментариве ви се дури и охрабрувачки за пушење цигари.
    9 месеци е воздржувањето, после продолжи си да пушиш ако толку сакаш.
    9 месеци се ништо во споредба со здравјето на бебето.
     
    Последна измена: 18 јуни 2022
    На Guns N` Roses, oblace1, Eli23 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.306
    Пол:
    Женски
    На цигарите е јасно и гласно наведено, Пушењето е штетно за здравјето, дури има и некои пораки во кои токму трудници се напоменати. Пушете, што сакате правете, ама не кажувајте дека на детето ништо не му е, дур не се роди не можеш да знаеш ништо. Јас сум дете на страствен пушач, цел живот од мала се борам со респираторни проблеми, мајка ми да може од газот ќе си касне што не ги оставила цигарите во бременост. Ме можеш да одиш со глава во ѕид, има деца и на зависници од наркотици здрави прави и на луѓе кои од брокула подалеку не отишле па децата се болни, ама се почесто се некако обратните ситуации. Имам другарка страствен пушач, страствен пијач на пиво, не убедуваше сите дека докторот и рекол дека е штетно да ги остави сега кога е трудна, и пивото и цигарите, секој ден божем намалуваше по некоја и од кутија ипол се симна на кутија и од 6 лименки пиво на 4, демек намалила, и двете деца и се со деформитети и не признава дека е од тоа туку дека маж и имал неквалитетни гени, пази молимте. Пушете та пукнете од пушење ако тоа ви е ќеф, ама да убедувате мајки со муабетот Јас пушев ништо не му е, не е во ред. Не знам зошто воопшто и се вреѓате од тоа. Ако секој за себе си знае чувајте си го мислењето за себе зошто е штетно, не убедувајте никого дека ако вас ништо не ви е друга ќе помине како вас. Тоа е исто како јас да земам да убедувам некоја дека пијам некој штетен лек секој ден и ништо не ми е, пример аналгин, пиј си и ти пример, а утре задутре ако се деси нешто нема јас да одговарам туку нејзе ќе ја боли душата. Покроце на трудни жени со препораки и совети. Тие совети и препораки не се за џабе дадени, зошто живееме во загаден свет кој не можеме никако да го избегнеме, а директното внесување никотини и катрани можеме итекако. И не постои никаков стрес за цигара, никој не побацил за цигара, а од цигара богами се дешаваат многу неубави работи. Секое добро и со лесно на сите, дајбоже да си родите здрави и прави бебиња, пушете ако сакате и во нивно присуство, ваше право, но не го давајте тоа како позитивен пример зошто не е.
     
    На Honny, Guns N` Roses, Eli23 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Си има тема за цигарите, не знам што се расправате тука. Дека се штетни, се штетни, но не е здраво и жена што многу пушела одеднаш шок на организмот да си направи да ги откаже скроз.
     
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Многу штетни и опасни митови негувате.
    При прекинување на цигарите во првите 18 часа е докажано дека се зголемува оксидацијата на крвта, подобра работа на белите дробови, подобри когнитивни способности и ред други позитивни промени, а никаков шок.
    Како да го лишуваш телото од храна па шок настанува, а не од отров
     
    На Noemi, Guns N` Roses, Munchmallow20 и 12 други им се допаѓа ова.
  17. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Не се митови, има секакви последици од оставање цигари нагло, сепак никотинот ствара зависност и тоа организмот го осеќа. Јас уште пред бременост ги оставив но ми се појави запек. И после некој период палев цигара, два дима само колку да одам во WC и после ја фрлам. Дали е тоа на психичка база или нешто друго сеедно, кога шокот го осеќаш.

    Исто и со јадење е. Пости 40 дена, па докторите викаат немој одма мрсно одеднаш ќе му дојде шок на организмот.

    Оставање цигари одеднаш може кај некого да предизвика депресија, несоница, нервоза... тоа ич не е убаво, посебно во рана бременост. Има и луѓе што можат преку ноќ да ги остават и ништо да не им биде. Но за тие што не можат, убаво е да ги намалат цигарите ако веќе ептен не може.

    Статистички гледано многу повеќе бебиња настрадале од дијабетес, па пак сите јадеме благо и бел леб во бременост.

    Така да престанете да осудувате, и да се правите поголеми мајки од другите, само затоа што тие пушеле а вие не. Сите правиме работи што се штетни, никој не се придржува 100% до тоа лекарите што го кажуваат. Вакви мислења "си го труеш свесно детето" треба да бидат избришани. Го труеш и со тоа што дишеш скопски загаден воздух, свесен си за тоа, ама можеш ли нешто да направиш? Не.
     
    На BadKarma94, arrow, Rtulka и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Дијабетес не настанува од јадење леб и благо.
    Гестациски дијабетес е нешто што немаш контрола дали ќе ти се појави или не, можеш да се туриш од благо јадење и да немаш дијабетес, можеш и со најздравата диета да добиеш дијабет пошто добивањето не зависи од јадење леб.
    Така што споредбиве со болести кои се надвор од контрола немаат смисла.
    Пушењето е свесна навика.
    За споредбата со мрсното - па секако дека доктори викаат да не јадеш мрсно после 40 дена пост.
    Никој доктор не вели - не го прекинувај мрсното наеднаш ко што викате за цигарите.
    Сите јадат мрсно до недела па од понеделникот почнуваат со пост па никој не умира.
    Тешко може да му е на организмот од период на здраво живеење да премине во нездраво, а не обратно.
    Ако запек е симптом што не може неколку дена да се истрпи за да не се штети на здравјето на бебето, стварно не знам што да кажам на тоа.
    За подобри мајки никој не ви рече, сами го додадовте тоа.
    Само не знам како очекувате да се напише коментар пушете слободно и на тоа да нема никакви реакции.
    На овие дискусии секогаш има дискутирања зошто не е во ред да се романтизира нешто што е реално штетно, докажано со факти.
    Не е идејата некоја да се почувствува ко помалку мајка, идејата е да се зборува се повеќе и повеќе на вакви теми за да се крева свеста за цигарите.
    Порано и во авиони и во болници се пушело, не биле свесни луѓето дека се толку штетни.
    Сега не само што не се пуши туку и задолжително им е на производителите да ставаат предупредувања на паковките.

    А за воздухот во Скопје во право си, загаден е и штетен и не можеш ништо да направиш зошто нема каде да одиш, а за цигарите можеш да ги фрлиш секундарно.
     
    На Noemi, Guns N` Roses, danichap и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.431
    Споредбиве на пушењето или пиењето алкохол со загадениот воздух ви се :x
    И да, пушењето е свесно труење на плодот во утробата, па до утре негирајте го тоа. Не знам што толку ве боли тоа.
     
    На Noemi, VDT2906, joy1 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.788
    Допаѓања:
    175.894
    Пол:
    Женски
    Абе сте си ебале мамата со ова најмајки та најмајки за секоја критика што не е по ќеиф. Кога си трудна и ти отвараат историја меѓу другото те прашуваат дали пушиш и пиеш и тоа ти влага во архива. Не те прашуваат дали дишиш скопски или беровски воздух оти тоа не можеш да го контролираш.

    Иначе навиката сама по себе труење е и нема што многу тука простор за дискусија. И да, го труеш бебето, после ќе го труеш и детето ако не си совесен па да палиш само на балкон, а не дома. А ги труеш и сите останати доколку тоа го правиш во присуство на други кои не ја следат истата навика. Побогу за лоша навика збориме. Последната статистика од пред некој ден вели во Европа сме први по пушење по глава на жител. Државите со кампањи за намалување на никотинот, овде уште ќе се убедуваме дека не е толку лошо. |(
     
    На Noemi, VDT2906, joy1 и 15 други им се допаѓа ова.