Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цигарите и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Svetle, 15 ноември 2009.

  1. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.592
    Допаѓања:
    8.261
    Пол:
    Женски
    Луѓе сите сме свесни колку е штетно. Ве молам не осудувајте.
    Јас во моментите кога почнав да ги намалувам на голема врата ми се врати депресијата. Во исто време ги оставав антидепресивите и намалував цигари и жив хорор ми беше. Да напоменам, во исто време посетував сеанси и се борев на тема "силување". Борба со сама себе. Докторот ми рече ,океј ,мене овде ми треба психички здрава мајка ,ако не можеш скроз тогаш сведи на минимум
    Пушев по кутија и пол ,сега пушам по две цигари....свесна сум дека морам да ги откажам скроз ама многу е тешко ....немам волја,не ми се искача,плачам нонстоп....никотинската криза ја осетив на голема врата ....мнкгу од вас нема да ме сфатат и ве разбирам...незнаете како е...ама ете
    Ако ме прашате мене ,ја го проклињам денот кога почнав да пушам пред 16 години....ама ете почнав и ете сега тешко е назад ,јебига крива сум и за каменување
    Кога барав помош да ги откажам скроз не наидов на помош,сите затвараа врати. Барав никотински лепенки и мастики, ми викаа боље да пушиш него мастики....така да ...
    Кога ја прашував матичната по стопати у ден ми викаше сега е касно 4ти месец си , и да пушиш не ти прави разлика...и се ова само уште повеке ме турка во депресија
     
    Последна измена: 18 јуни 2022
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Уште ова да го надополнам и не би коментирала веќе, па кој што сака нека си прави
    Докажано е (ако не ми верувате мене, слободно истражете сами), дека бебињата на мајки пушачи развиваат зависност на никотин во утробата и после раѓање ги чувствуваат истите симптоми на "оставање" како што би ги чувствувал возрасен човек кој ги остава цигарите.
    Па сега вие одлучете дали подобро е мајката да ги издржи тие симптоми некое време или бебето.
     
    На Осе, danichap, VDT2906 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.431
    Допаѓања:
    38.412
    Пол:
    Женски
    @Misskirova штом ги остави антидепресивите, можеш и цигарите мислам. Не се споредува зависноста. Јас неколку месеци пред да останам трудна ги оставив после неколку години пиење и тоа сероксат, што важат за најтешки за одвикнување, и ми беше претешко, а можам да замислам трудна како ти било. Ко видов позитивен тест ниту еднаш не ми текна хелекс да се напијам, а само тоа ми помагаше за панични напади и за спиење. Не се напив ни тоа што ми дозволи психијатарот, од грижа на совест за бебето. Се е тоа појако од никотинот, барем по мене, ама не сме сами сега- за друг живот сме одговорни.
     
    На kikikikirika, Осе, danichap и 4 други им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.446
    Допаѓања:
    250.781
    Кога одеш на лекар прво нешто што прашуваат е дали пушиш.
    Ако детето има некои проблеми, прво прашуваат каква бременост си имал, дали си пушел и слично.
    Штетни се. Се останато се ваши лични убедување и се тешите дека не влијаат на плодот.
     
    На Guns N` Roses, danichap, VDT2906 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.669
    Допаѓања:
    18.314
    Пол:
    Женски
    Да најмајки сме сите што го сакаме најдоброто за децата. Ако вие практикувате нешто, што е штетно, а има можност да не го правите, како што е пушење цигари и водење деца по соблекувални со прашина, тогаш да, немајки сте. Не сте одговорни - факт. Имате обврска да обезбедите најдобро за детето а си правите како ви одговара вам.
    Тоа што други се најмајки не го менува фактот дека правите работи на штета на децата.
     
    На Soofijaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Adorabela

    Adorabela Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    2.070
    Пол:
    Женски
    I mobilnite telefonite se shtetni po zdravjeto na site ....sho ne gji ostavite?Tuku site ovde mozhebi drzhejkji vo raka telefon i bebe pishuvate.....;)I vozduhot sho go dishime e shteten...ama pak dishime.....;)
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  7. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Мобилните не се штетни по здравјето. Споредба нема врска, само измислен изговор
     
    На *Milicka* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.431
    Допаѓања:
    38.412
    Пол:
    Женски
    @Adorabela воздухот мора да го дишиме. Телефоните не се штетни во бременост, исто како ехото што не е:
    Fortunately, cellphones emit a kind of non-ionizing radiation, a low grade of radio wave energy, and there's no scientific proof that this particular exposure level is harmful.

    Од друга страна цигарите свесно се пушат, а не од што мора.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.294
    Допаѓања:
    102.734
    Пол:
    Женски
    Само едно да ви кажам, кога барав дополнително здравствено приватно за водење бременост и породување, прво што ме прашаа беше Дали си пушач? Ризиците кај трудници пушачи и непушачи не се исти, ете со доказ од пред некој ден ви е ова. Утре задутре нешто ако се деси осигурувањето може да констатира дека е штета настаната од цигари и сликајте се со здравственото.
     
  10. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.592
    Допаѓања:
    8.261
    Пол:
    Женски
    Незнам ова во која компанија ти е. :) Јас работам осигурување и тоа баш исплата и процена на штети. Кај нас нема нешто вакво,бидејки не постои можност да се утврди дали нешто е од цигари или не.
    Компанијата тебе ти го исплаќа породувањето а не ризик од некоја болест.
    Ризикот породување како штетен настан може да не се одобри единствено ако не е испочитувана каренцата.
    На било која друга тема може да ме побивате ама во осигурување не,бидејки го работам 12 години
     
    Последна измена: 20 јуни 2022
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.592
    Допаѓања:
    8.261
    Пол:
    Женски
    Да надополнам...и може да не се исплати ако има хронични болести од пред скаденца кои не се пријавени
    Пушењето како прашање единствено улога игра во животното осигурување.
    Кој месец си бремена? Приватно здравствено не даваат на трудници..впрочем условот за да ти го дадат е да не си бремена во моментот на склучување на полисата
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.294
    Допаѓања:
    102.734
    Пол:
    Женски
    Епа ти работиш во една компанија, не работиш во сите. Во Сава не ми дадоа пример да уплатам, во Кроациа ми дадоа. Кога прашав што е тоа што би ми исплаќале ако не е породување муабетот беше доколку се деси крварење, се лечиш болнички, може да те одбијат да те исплатат за лекување поради тоа што си пушач, реално ризикот од абортус кај пушачи и непушачи не е ист.
     
  13. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.592
    Допаѓања:
    8.261
    Пол:
    Женски
    Незнам ,можно е.
    Во стандард прашалникот за приватно здравствено имаш само прашања за општата здравствена состојба,претходни хронични болести, дали во моментот си бремена или не и слично. Прашања за цигари нема.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.669
    Допаѓања:
    18.314
    Пол:
    Женски
    Јас знам дека има во многу прашалници, поточно компании.
    И матични кога зачувував имаше прашања дали пушам.
     
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.640
    Допаѓања:
    39.321
    Пол:
    Женски
    Каква игнорантност не ми се верува еј :xБуквално му даваш на бебето јаглерод моноксид, директно, да. Го труеш. Треба да ви е срам да пишувате вакви мислења, кај тотално погрешни па уште и горди.
     
    На MarioCasas, Guns N` Roses, Mantub и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.592
    Допаѓања:
    8.261
    Пол:
    Женски
    Енџи во право си е секој на своето.
    И можеби е клише ама еве мајка ми пушела и за мене е најдобрата мајка на свет ,ниту пак нешто ни фалело ниту пак сме биле болни фала богу.
    И самата пушач ,погоре ја раскажав мојата приказна,проклето сме свесни дека е штетно,меѓутоа мислења од типот немајки или незнам што не се во ред според мене.
    Викаат додека доиш пострашно е да пушиш и пак докторите викаат ризикот од никотинот не го надминува ризикот од доење и пушење па мајките што пушат да продолжат да дојат. И ква не е мое милење него имаш цели научни трудови.
    И да се разбереме ,не зборам за пушење по една кутија,една кутија е штетна и во нкрмални услови а не во бременост
    .
    Doctors agree the best way to protect your baby from the effects of nicotine is to quit. But even if you do smoke, it doesn't mean you have to stop breastfeeding. Breast milk is still best, and breastfeeding typically outweighs the risks of nicotine exposure.
     
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.826
    Допаѓања:
    23.471
    Пол:
    Женски
    Мајка ми пред некој ден ми раскажува за колешка и, трудна со второ дете, си пуши, пошто сега имала искуство со првото дете, кое и при пушење и се родило живо и здраво. (facepalm) Хаос, јас не ни знаев дека ова може да биде предмет за дебата или пак дека е опција во мозокот на една идна мајка.

    Мајка ми вика не можеме да осудуваме, нејзин живот, што сака ќе прави, не можам да и кажам што да прави. Во право е, очигледно не можеш да се докажеш со такви личности, колку и да ми е криво.
     
    На Guns N` Roses, januari19 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  18. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.826
    Допаѓања:
    23.471
    Пол:
    Женски
    Ти самата пиша во темава дека имаш грижа на совест што пушиш. Ние ти кажавме дека си во право, треба да имаш грижа на совест, ама биднало што биднало и што поскоро прекини да пушиш.

    Ама ти изгледа дојде за некој да те жали, да те теши дека ништо нема да му биде на бебето (тоа никој не го знае, дај боже да е така), да те поддржува. Сакаш да ти позајмам запалка? Мислам бог да чува, како може демек да си свесна за штетата и пак само да наоѓаш оправдување до оправдување до оправдување. Не можеш во исто време да си свесна за ризикот и штетата, а во исто време да лајкнуваш мислења кои велат дека не е толку штетно (научно неточно), терај си по свое.

    Дај земи прибери се, прекини со себежалење и оправдување и мисли на бебето.
     
    На januari19 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.445
    Допаѓања:
    20.888
    И ќе му стане после на детето нешто или предвремен пороѓај или детето со дефект ќе се роди и гинекологот крив и трескање од земја.
     
  20. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.592
    Допаѓања:
    8.261
    Пол:
    Женски
    Воопшто немам коментар на вакви коментари ниту пак разговарам на овој тон и начин.