Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цигарите и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Svetle, 15 ноември 2009.

  1. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.643
    Пол:
    Женски
    Искрено без навреда ама најодвратно нешто ми е кога ќе видам трудница со цигара. Зарем ни за сопственото дете не можете да се воздржите? Пишете на Google, како влијае чадот од цигарите на бебето во стомакот...мислам дека одма би прекинале. Има многу истражувања кој докажуваат за штетноста од цигарите на бебето понатака во животот.
     
    На tina2018, Noemi, Milkiway и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.382
    Допаѓања:
    20.574
    Да оти те боли реалноста.
    И чисто вака за сите што кажувате нешто потреба ово оно, никотинска зависност е само психичка, допаминска, физичка не е. На телото во ниеден случај не му треба никотин и све остало што има во цигарите за да функционира.
    Да не биде гинекологот крив после ако биде нешто на детето.
     
  3. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.561
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Еве незнам ,напротив ,мојот доктор ми рече да намалам на помалце од 5 ,ако скроз непушењето би ми предизвикало стрес и нервоза. Јас намалив на 1-2 ,што сметам дека не р страшно
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.820
    Допаѓања:
    23.419
    Пол:
    Женски
    Што, те здоболе?

    Јас првпат кога те цитирав (во друга тема било, Труднички муабети изгледа), те цитирав со разбирање дека е тешко, ама не, изгледа секој ден стандардно 2 саати ти требаат да читаш мислења кои те бодрат за да се осеќаш подобро додека си пушиш. Крајно неодговорно и незрело. Од нигде никаде си ги вадиш оправдувањата, ќе смислите и нова наука и нов начин на спроведување на здравствено осигурување како што прочитав погоре, само вие да си ја исчистите совеста и да си палите цигара.
     
    На Noemi и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  5. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.561
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Воопшто немаш потреба да ми се обраќаш вака ,незнам каде јас тебе те прозвав? А за осигурување,можам лекции да држам.
    Поздрав
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.643
    Пол:
    Женски
    Од воздухот нема бегање мора да дишиш за да живееш, без цигари можеш да живееш без воздух не. Колку глупава споредба...Не можам да разберам кога доктор ќе ти каже остави цигари во бременост, тоа со причина го кажува.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.382
    Допаѓања:
    20.574
    Oставањето на цигарите ќе ти направи стрес и нервоза ама ич не ти прави стрес и нервоза и страв тоа што може детето дефект да има? Себичлук еј.
     
    На januari19, Осе и joy1 им се допаѓа ова.
  8. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    - Јадеме само био- храна во бременост? Не!
    - Се откажуваме од благо во бременост? Не! (И не се вадете дека дијабетес е само од други фактори, секој лекар прво што ти кажува по позитивен тест е цигари и благо да намалиш)
    - Шетаме/живееме во загадени градови ? ДА!
    - Избегнуваме стрес? Не! Се потресуваме за ситници.
    - Се откажуваме од кофеин? Не!

    Ама најмајки сме ако не пушиме, другите што пушат не се мајки. Која се откажала од ова се, прва нека фрли камен кон мајките што пушат.

    Никој не рече дека пушењето е здраво, ама вие тука мајките пушачи ги направивте убијци. Мојот став е дека жена ако не може скроз да ги остави цигарите треба да ги намали. Подобро да пуши две цигари на ден отколку да се клука антидепресиви.

    И знаете што е најјако? Такви ко вас не дај Боже да се роди на некоја дете со аномалија во околината, плуете отров и прв коментар ви е "пушеше цигари во бременост, затоа е детето такво". Којзнае па што коментирате кога пушењето не може да е причина, дека мајката не пушела?

    Стресот и нечистиот воздух се исто така штетни па никој не ви фрла со камења по вас зошто шетате/живеете по градови или одите до последен ден на стресна работа.

    Еве ви пишала членка погоре колку и било тешко да се откаже од цигарите, влегла во депресија. Ама кај се мачи да ги откаже, уште тука некој ќе ја нарекува немајка, убиец...

    Подобро ли е антидепресиви да зема?
     
    На Emy867, fana, Anturium и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.382
    Допаѓања:
    20.574
    Добро бе.
    Ама чим цигара му е океј на дете, ондак не се потресувајте ако почне на 14 да пуши па да му ставате забрани или џепарац да му кратите.
     
  10. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Јас не пушев , мм пушеше дома.
    Постелката ми беше како на пушач...
    Во 9 м само две запалив.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    За стресот дека бил полош од цигарите во статијата се вели од еден доктор дека не е точно.
    "We certainly know that it's not good to be stressed during pregnancy either for the mother or for the unborn baby but we know it's more dangerous to smoke.
    "The risks that we know really well around miscarriages, stillbirths, premature births and small babies probably vastly outweigh the risk coming from stress.
    "Unlike alcohol, we know there is no safe amount a woman can smoke. Every cigarette is potentially harmful to that baby.

    Eве едно мое постаро мислење на темава. Стално викаме животот би го дале за децата, животот, ама очигледно цигарите не.
     
    На Njanje, tina2018, Noemi и 7 други им се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.303
    Пол:
    Женски
    Дали јадев здрава храна био органска и слично? Не целосно. Ама што имав достапно јадев. Денот со цеден портокал го започнував.
    Дали откажав благо? Не целосно ама намалив заради килажата.
    Дали живеам во загаден град? Да ама немам можност да отидам во шума од финансиски причини.
    Стрес немав во бременост. И да имав не ми беше грижа. Стрес признавам некој близок да ти е тешко болен, а дали газдата те погледнал лошо не е стрес.
    Кофеин намалив на едно кафе а потоа целосно го отфрлив заради притисокот.
     
    На tina2018 и Осе им се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.306
    Пол:
    Женски
    Дали озбилно се правдата, дали? Дали мислите дека е поштетно што ќе се изнервирам денес оти странка нема комплет документација отколку цигара? Дали сте озбилни?! Сакале признале, сакале не, потенцијални убијци сте и крај! Секој еден што презема дејствија кои му штетат на сопственото дете и тоа може да доведе до спонтан абортус е потенцијален убиец на своето дете!

    Пошто ние сме злобни и не знаеме поинаку, Гугл знае подобро од нас, ова се првите резултати од бременост и цигари. Грдо е ама е вистинито, колку год да ве болело.
    Screenshot_20220620-172621_Chrome.jpg
     
    На Srckata28 и Black girl им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.207
    Допаѓања:
    125.437
    Пол:
    Женски
    Цигарите се штетни за секого.И за трудницата и за плодот во неа и за тие што седат или стојат до неа.
    Не ви се збори џабе.Некои учеле за тоа, а некои знаат за случаи во кои плодот умрел или бебето се родило со проблеми поради цигарите.Не си играјте.
    Ако знаете англиски, гуглајте на стручни вебсајтови за последиците.
    Во 21-век има и алтернативни и безбедни начини за справување со стресот кои нема да му наштетат на плодот.Наместо да се труете себеси, тоа невиното во вас и тој кој е до вас, истражувајте.
     
  15. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.561
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Абе за постирање можам и јас да постирам ама нечу,зашто ке ми викате дека оправдувам пушење.
    А реално во ниту еден мој коментар не кажав дека оправдувам ,напротив.
    Реално,само си ја споделив мојата приказна која не е мед и млеко и не е нервоза за работа туку поголемо од тоа.
    Толку на темава.
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Постирај баш да видиме каде и што пишува ме заинтересира сега. :)
     
  17. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.561
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Постирај целосно, извор, истражување, не вака една реченица која некој на википедија може да ја напише.
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.306
    Пол:
    Женски
    Или на гугл транслејт да си ја напишеш сам :wasntme: Не е смешно, тажно е.

    Зар мислиш дека на нас останатите животот ни е мед и млеко и немаме никакви стресови, ништо не не мачи... Секој месец на 20ти се пребројуваме дали ќе има за се и плус за штедење, финансии никад доста, дете болно, маж со определено работно време и покрај тоа што е во ок фирма, смрт на близок, болест на другиот близок, мајка во тешка финансиска состојба, кај и да се свртиш на сите страни проблеми, мислиш дека цигара или две ќе ми направат промена? Мајка ми после 30г пушење ги остави преку ноќ, буквално, од утре не пушам и толку, во најтешкиот период, период на развод во обид, повуци потегни, дедо ми болен, она во менопауза, стресови, беспарица, живот под кирија, буквално еден ден рече јас од утре не пушам и толку, од тогаш поминаа 20г и нема запалено, носеше некое време во ташна за секој случај, запали на погребот на дедо ми и се истури од повраќање и толку беше. Верувај ми, ти не си немајка оти пушиш, не постои немајка и најмајка, постои само воља, карактер и некој да стои до тебе во процесот. Стварно е безобразно во оваа твоја осетлива фаза некој да ти рече дека му штети на бебето, ама тоа е факт и колку сакај убедувај се во спротивното, давај си изговори, знаеш дека е така. И една и две и 5 цигари во денот, за твоето дете се штетни и тоа е тоа, треба да ти е доволно веројатно. Ти посакувам да си истераш се до крај како песна, да имаш најздраво бебе и најлесниот пораѓај.
     
    На Srckata28 и Misskirova им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.602
    Допаѓања:
    39.052
    Пол:
    Женски
    Анегдотални приказни од мајки, баби, тетки итн не се доказ во ни една ситуација, па ни тука. Пушењето е еден од најистражуваните фактори, со милион докази дека влијае штетно на секој можен начин. И да е бебето океј родено, може да има последици во нервниот развој кои ќе се одразат кога ќе биде возрасен. Ова е последно нешто за кое може да се релативизира. Доктори што викаат дека не е страшно неколку цигари на ден или second hand пушење така викаат за само побрзо да ве откачат. Тоа што имаш зависност знам дека не е лесно да се откаже, те разбирам, ама не е ни невозможно.
     
    На Mantub, januari19, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.