Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цигарите и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Svetle, 15 ноември 2009.

  1. Adorabela

    Adorabela Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    2.070
    Пол:
    Женски
    Ne mi kazha da gji ostavam.....tuku da gji namalam ....taka i napraviv ....i ima i mnogu drugji shtetni raboti pa gji praktikuvame SVESNO
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Многу се расфрлате со поим "убијци", смирете се, отровот што го фрлате ви штети на плодот, исто толку колку отровот што го внесуваат тие што пушат. Што има да се нервирате ако некоја друга жена пушела? А по начинот на пишување се гледа дека некои од вас се нервирате .

    И прекумерна тежина е штетна за плодот, зголемува ризик од дијабетес и што треба? Дебела жена да не раѓа ли? Ај и нив да ги наречеме убијци, дека и прекумерното јадење како и никотинот се штетни. Се знаеме барем на форумов овде, сите си имаме некои зависности и пак ќе бидеме супер добри мајки.

    Зошто навредувате некој за неговите сопствени одлуки? Вие повеќе ли го сакате нивното дете од тие самите? Сте се бореле ли со зависност?

    Плус пазете што пишувате, секој чита. Некои до крај на втор месец не ни знаеле дека се трудни па пушеле.

    Има ли гаранција дека жена што не пуши ќе роди 100% ќе роди здраво дете или жена што пуши 100% нездраво? Нема! Затоа и се вика "зголемен ризик ", но никој не може да докаже дека некоја болест настанала баш од цигарите.

    Пушење по кутија дневно е штетно и за небремена жена, а не па за бремена. Ете и кога доктори им рекле ако не можат да престанат барем да намалат за да не мора антидепресиви да пијат, само вие тука "убијци", "немајки"...

    Место да дадете совети и искуства како да ги намалат цигарите, вие со осудување.
     
    На Alexandrite, Emy867, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.445
    Допаѓања:
    20.888
    И пијани успеале да извозат без да направат сообраќајка, и трезни правеле сообраќајки ама ако бирам, многу нормално само 100% трезна ќе возам. А сум пиела алкохол и сум се осеќала сосема трезна и способна да правам све ама нема да преземам ризик и носам некој на душа никогаш.
    И затоа баш зголемен ризик е клучното. Трудна жена треба колку МОЖЕ да намали ризик за компликација. Воздух не можеш да не дишеш, не можеш да контролираш колега на работа што ќе утне па да се изнервираш ама цигарите никој не и ги бута во уста.
    И пак, физичка потреба од никотин не постои. Психичка само.
    А дека знаеле не знаеле и тука има за карање
    Онака у моментот кога ќе фатиш да имаш незаштитен секс зашто планираш дете треба да ги прекинеш. Некои за секој случај пијат фолна киселина кога пробуваат за дете. Може секоја да ги откаже за секој случај. Нема штета од откажување.
     
    На Noemi, nevermet18, Maca Macka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Е па исто ко тебе така и членката горе пишала за цигарите. Не можела да ги откаже но ги намалила. И каде зорт што дава да ги намали, место да и се даде поддршка, вие тука детето ќе и било вакво, такво, не смеела да му забранува да пуши, убиец била... Мислам бремена жена да навредуваш дека е убиец и немајка и покрај трудот што го прави, стварно не знам како не ви е жал.

    Никаква емпатија кој некој што се обидува да откаже зависност. Дури и статии вадат да и докажат дека е повеќе "убиец" отколку ако зема антидепресиви. Се лекари и експерти кога треба некои да се осудува. Бог да чува сте значи...
     
    На Emy867, fana, Серотин и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Adorabela

    Adorabela Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    2.070
    Пол:
    Женски
    Abe strashna rabota....znaesh kako e pogovorkata shto ne sakash tebe da ti se sluchi ne mu posakuvaj na drugjiot,zsh Gospod gleda da ne izleze posle pu pu ne vazhi....
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.938
    Допаѓања:
    123.513
    Денес бев на подготовка со анестезиолог и ме праша само дали пушам и дали имам болести за кои примам терапија.
    Не ме праша кој воздух го дишам.
     
    На Noemi, Mantub, Maca Macka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.003
    Grown ass жена си, ако бременост не ти е најголема причина и мотивација да престанеш, не знам што би ти било.
    Кога викаш дека неможеш - можеш, ама уствари не сакаш.
    И да се развие бебето ко што треба, и да се роди здраво, право; ќе имаш бебе во криза зошто со месеци низ крвоток му поминувало никотин и други отрови, еден ден се раѓа и толку, за него веќе одеднаш нема никотин. Дали е тоа фер да му ги правиш?
     
    На nevermet18, Angie1432, Munchmallow20 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.669
    Допаѓања:
    18.314
    Пол:
    Женски
    Нејзе не и е жал нероденото дете да го труе со никотин и што уште не, а мене да ми е жал што кажувам факти?
    Да не забиравиме дека некои цигарите во бременост ги презентираат како супер одлука.
    Господ за мене не постои. Прво тоа, а второ, јас никому лошо не посакувам. Сакам сите да имаат деца на број колку сакаат и сите да се живи и здрави. Со пушење во старт ги правите зависни. Вие како одговорни возрасни луѓе.
     
    На nevermet18 и fbaby им се допаѓа ова.
  9. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога ќе посегнете по цигара изговорете: “Јас го трујам моето дете” и запалете ја, па уживајте во неа ;)

    Секој може да ги откаже, а тие невини душички не се должни да трпат заради ВАШЕ задоволство и луксуз!
     
    На nevermet18, Осе, oblace1 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Тоа не значи дека не е штетен воздухот. И многу малку те прашал. И јас бев
    Сега претера, како не и е жал? Пишува жената дека има грижа на совест и се труди со сите сили да ги остави цигарите...

    Па уште пишуваш жени пред да останат трудни требало да остават цигари, уште при незаштитен секс, да пијат фолна бла бла... Е па извини не сите се сексаме со намера да направиме деца и не кај секој децата се планирани. Такви ко тебе се тие што ги осудуваат жените што не можат да имаат деца или жени што раѓаат деца со спец. потреби зошто пушела, зошто не пиела фолна, зошто родила на 35, не на 25...

    Глејте си таму вашиот двор, ако може да помогнете помогнете, ако не, не само осудувајте.

    Сте мислеле на сите добро, како да не? Да мислите нема да ја вреѓате женава што се мачи со зависност, ќе покажете емпатија, ќе дадете ваши искуства како да ги остави, не научници да се правите..

    Малку беше неа, па и детето и го направивте зависник, ќе било во криза. Уште па напишано погоре "и да се роди здраво и живо, ќе биде во криза". Вие и да го видите со свои очи тоа здраво дете, ќе кажете во криза е детево, нема да признаете дека мајка пушач родила здраво право дете.

    Анестезиолог нема да те праша за воздухот сигурно, ама кај што има сомнение за аутизам на пример прашуваат, и за воздух (кај си живеел) и за стрес и за храна... Така да плукнете си во пазув, направете што можете да намалите ризик од сите болести (вклучително и цигари), но не осудувајте. На крајот сите сме во рацете на Бога.

    Штетно е, но не мора да вреѓате.
     
    На simplegirll, Kom.pot, Emy867 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.669
    Допаѓања:
    18.314
    Пол:
    Женски
    Што се изнакажа. Да почнам со тоа дека син ми е направен случајно. Мислев дека не можам да останам бремена, не толку лесно и не пред циклус. Ама останав. Непланирано. :)

    Прочитај ги сите мислења, ке видиш дека една членка презентира дека пушење во бременост е супер дупер. Нема штета.
    Уште кога ке прочитав, комшивката пушеше по 3 пакли а роди здрави прави.

    Значи освен да се пуши цигара, како дел од зависност, има опција да се посети психолог кој ке ја следи состојбата, ке оди на сеанси, ке проба алтернативи. Решение не е да се тешиме дека цигарите не се штетни. Не толку.

    Штетни се и те како. Мора да се подигне совеста за цигари и алкохол, дека се штетни и дека се многу опасни за здравјето на бебето.

    Навреди нема. Факти има. Прочитај малку за зависност кај бебе, зошто доаѓа до истата, како, од колку цигари, алкохол, дрога, итн. Не е лага тоа. Факт е.
    Ако воздухот кој го дишеме мора да го дишеме таков загаден, цигари се задоволство за мајката а на штета на плодот.
     
  12. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.257
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе се самоцитирам. Членка бараше совет, пушеше и имаше желба да престани. Сум го пишала ова во друга тема пред неколку месеци.
    Инаку мојата е 6м и сеуште не пушам зошто ја дојам, а мислам на нив секој ден (facepalm). И после повеќе од година желбата не ми престанува. Исто ми беше по првата бременост кога ги откажав и кога почнав пак исто како да не помило толку време и како вчера да сум ги откажала.
    Сакам да кажам...
    Дека е лесно не е, ама па поголем мотив од ова нема. Јас пример грицкав сончоглед по цел ден на почеток, мислам ми помагаше. Кој не можи наеднаш нека ги откажи постепено, ама да ги откажи. Јас разбирам трудница што пуши ама да сака да ги откажи, ама трудница што пуши и сите ги убедува дека е ок, тоа не разбирам.
     
    На Ladybug98 и kikikikirika им се допаѓа ова.
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.445
    Допаѓања:
    20.888
    Aко се сексаш без заштита сигурно телевизор нема да добиеш. Планирано е едно, ама очекувано друго. И да не било планирано, не било неочекувано. Човек ќе помисли амнезија добивате уз секс.
     
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Извини што тебе те цитирав во пост што беше наменет за повеќе членки.

    И моето непланирано, под дејство на алкохол, ама еве членката пред мене тврди не се правеле непланирано деца :)

    Има вреѓања и тоа како вреѓате, ги исчитав мислењата, не ги цитирав другите многу се. Овој начин на пишување сега што си пишала е еден, пред неколку страни друг. И се согласувам, не треба никој да се охрабрува со "пуши си, три родив здрави прави, по една кутија пушев".

    Јас мое искуство пишав, ми ствараше запек еден период што ги прекинав, така да повлекував само дим дури одам во ВЦ па ја фрлам цигарата. Тоа дали недела две траеше дури се одвикнам. Ама и на тоа некој стручњак тука да не цитирам "не можете ли да издржите неколку дена запек?"

    Не, не можев. Запек значи да ти останат токсините во организмот, а во бременост никој не дозволува лаксативи. Да соберам во цела бременост дали имам 5 цигари испушено.

    Значи ете мој совет и искуство со цигарите е тоа. Ако не можете да ги оставите, пробајте само дим, два и фрли го, или не ги влечи.

    Ова со психолог е исто добра идеја.
     
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.445
    Допаѓања:
    20.888
    Ако си била пијана до степен да не се сеќаваш, било силување, жал ми е.
    И не ми одговори дали е океј на мали деца да им се дава цигара да пушат одвреме навреме,
     
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.445
    Допаѓања:
    20.888
    Да додадам па ако више збориме за пукање кондом, потфрлање на контрацепција, во моментот кога ќе ми закасни ако сакам да го родам детето откажувам цигарите и тоа е тоа. Ако не планирам да раѓам, не е битно дали ќе ги откажам без разлика дали сум стварно бремена.
     
  17. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    6.145
    Пол:
    Женски
    Морам да ви кажам едно големо благодарам на сите недолични коментари кои ги напишавте. 6 месеци како сум бремена, многу се трудев да ги откажам цигарите, не успеав и се помирив да пушам до два на ден. Се додека не почнав да ве читам вас :D Еве веќе два дена немам запалено, благодарение на вашите директни навреди спрема нас трудниците кои сме пушеле. Многу ми се пуши, ама кога ќе се сетам дека некоја мисли дека сум убиец на сопственото дете, ја победувам желбата. Арогантни сте многу, ама продолжете вака, ете со мене почнавте да ја подигате свеста :clap:
     
    На Осе, kikikikirika, januari19 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Пушев во бременост, знам дека тоа не е добро, нема оправдување. Се трудев помалце да пушам. Детето се роди здраво право, без аномалии, 4кила тежина итн. Намалете доживјај со тоа убијци. Не сте свесни што зборувате.Не си ја гадите устата.
     
    На kikikikirika, Misskirova и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  19. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Кога би била трудна не би пушела. Иако сум страствен пушач, одамна го иам одлучено ова.

    Познавам жена што роди две деца, едно изгуби, пушеше цигари сега двете деца се здрави прави.
     
  20. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.846
    Допаѓања:
    13.457
    @Snowflake97
    А ти ги знаеш последиците што можат да се случат доколку се пуши во бременост? Или одите на оние примери Трајка и Станка пушеа во бременост...