Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цигарите и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Svetle, 15 ноември 2009.

  1. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    Не ги знам, просветли ме те молам.

    Да, пушев додека бев бремена, ниту мене ми сметаше, ниту детето ми се роди со деформитети, престанете да делите дијагнози на децата и аномалии.
    Има милиони случаи каде што премногу се пазат трудници па недај боже доаѓа до нешто не сакано.
    Се е сопствен избор!
     
    На DarkStormm, Осе и Adorabela им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.382
    Допаѓања:
    20.567
    А вие што пушите, кога ќе се роди детето ќе му давате да пуши од мало? Пример од 2 години смее да пуши?
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Ајде ве молам полека малку со навредите,
    Можат да се изнесат мислења поткрепени со факти и аргументи брз притоа да се употребуваат погрдни зборови.
    Дискутирајте во склоп на правилата и посмирено.
     
    На IRBBB и Misskirova им се допаѓа ова.
  4. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.431
    Земи читни нешто. Немам што да те просветлувам јас, ти ако сакаш и по две кутии пуши, но ти се молам не пишувај овде дека е во ред сето тоа. Ај кога многу сакаш да се контраш, дај научна студија каде што пишува да се пуши во бременост.
     
    На Снегулк@23, mode-kristina и Angie1432 им се допаѓа ова.
  5. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    Абе сите ние знаеме што е добро, а што лошо, здраво и нездраво, ама секој сам прави избор и нема потреба да се вреѓа најпогрдно и на дрзок начин некој за сопствениот избор.
    Океј е да дадеш совет доколку е побаран, ама оние коментари не сте мајки, убијци, итн, на што личи тоа.
     
    На Misskirova му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.382
    Допаѓања:
    20.567
    Ми се свиѓа како никој не одговара на прашањево :D
     
  7. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Па на некој начин мислиш не?
    Чурат ко парни локомотиви до детето, детето тоа го дише.
    Некои поосетни се, ќе искочат ама некои уште што не им дадат да запалат со нив.
    Секакви не има
     
    На nevermet18 и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  8. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.431
    Цитирај каде сум нарекла јас дека сте убијци. И аман. Прави си што сакаш, само не пишувај овде дека пушењето е за трудници. Уште да прочитав дека пушењето е здраво. 8-| Е така го претставувате.
     
    На nevermet18, januari19 и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  9. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    4.181
    Пол:
    Женски
    Браво мајка! Јас кога дознав дека сум бремена бев пушач ама уште од претходно си имав ветено дека ќе ги стопирам кога ќе дознаам. Отидов запалив еден цигар и си реков овој ми е последен и толку. Во текот на бременоста некогаш лиги ми течеа ама си останав на зборот. Тогаш си помислив дека ќе ги оставам засекогаш, ама престанав да дојам и пак почнав..
    Кога и да помислев на цигар си помислував дека ќе му наштетам на моето бебе и се предомислував :)
    Да, околу мене имаше многу трудници што пушат и пијат и родија здрави и прави деца. Ама може да и се одрази и понатаму во развојот, не е само при раѓање. Јас кога видам бремена жена што пуши ми иде да и го изгасам цигарот од глава :doh: ама секој си го бира “најдоброто” за своето дете..
     
    На Srckata28, Anturium, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.602
    Допаѓања:
    39.050
    Пол:
    Женски
    Каква нарцисоидност на темава. Не бе нема шанси они да не се во право, другите се арогантни. Оф мори мајко. :(
    Уфф тоа уште полошо...ќе запалат цигара а до нив 2 годишното дете.
     
    На Srckata28, Guns N` Roses и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.779
    Допаѓања:
    324.983
    Пол:
    Женски
    Постојат избори.И постојат неминовни работи кои мора да се прифатат во текот на бременоста.

    Избор е начинот на кој ке се храниш,избор се цигарите,алкохолот,па дури и начинит на кој ќе реагираш во стресни ситуации(сам управуваш со мислите)

    Неминовно е што мораш да го дишиш воздухот каде живееш,лекови ,терапии и интервенции во текот на бременоста се со цел истата да се одржи.

    Ако имам можност да бирам тогаш зоште свесно бирам да го трујам детето?Затоа што сум или себична или неодговорна особа.Трето нема.Ок или слабич на карактер

    Мн бебиња годишно умираат од сидс(ненајдена смрт при спиење).Една од причините е пушењето на мајката во бременоста.Не дај боже тоа никому.Ја ни би си го простила никогаш…

    Точно аномалии,мала тежина,болести..може да се десат и при непушење.Ама зошто совеста да не ми е чиста отколку после да се убивам со мисли дека на бебето му се деси нешто поради мојата глупавост?
     
    На lilyen, Mantub, Осе и 13 други им се допаѓа ова.
  12. januari19

    januari19 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    1.748
    Пол:
    Женски
    Не сум многу по пишувањето ама темава со цигарите ептен ме погоди и сакам да го искажам моето мислење.
    Пушето е штетно по здравјето не само за бремени жени штетно е за секоја индивидуа која што пуши, а уште поштетно е за тие околу нив што недолжни го вдишуваат чадот од нивните цигари.
    Ако самите како идни родители сте осетиле на својата кожа што значи да се бориш со неплодност со години и кога конечно ќе ги видите тие две црти на тестот нема да ви текне да запалите цигара или да направите нешто самосвесно знаејки дека не е дозволено и е штетно.
    Ако патот по кој што сте го добиле вашето дете е лесен не ви дава за право да го труете со цигари ( поточно со составот на цигарите Отров) и муабетот со Петранка и Станка родиле здрави и прави деца а пушеле и пиеле и вака и онака правеле.
    Истите вие што пушите сега утре ќе пушите и во присуство на вашите деца и тоа само од себичност дека не може да ги оставите.
    Не се навредувајте прифатете дека грешите.
     
    На lilyen, mode-kristina, mariz и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Сте претерале малце со препукувања.
    Како и да е дојдов да кажам дека тоа јас пушев и детето ми се роди без аномалии е или неинформираност или тешење, друго нема.
    Да детето може да се роди без аномалии, ама изложеност на сите токсини од цигарите (или алкохол, наркотици) во текот на бременоста и тоа како влијаат на понатамошното здравје на тоа дете, од автоимуни, до предиспозиции за други болести.

    Така да правете како мислите дека е исправно, ама немојте да доаѓате тука со полуинформации да се тешите дека не е ништо страшно. А ако вие сте зацртале дека не е штетно или е задоволство од кое ни за сопственото дете не можете да се откажете, тоа е друг муабет и никој не може да ве натера на нешто освен вие самите. Не значи дека за да се осеќате добро треба тука приказни да продаваме дека нема врска дали пушиш во бременост или не.
     
    Последна измена: 22 јуни 2022
    На lilyen, mode-kristina, nevermet18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.693
    Допаѓања:
    16.245
    Пол:
    Женски
    Единствено дозволени во бременост се витамини и тоа витамините што се за трудници, сите останати лекови се забранети. Доколку трудницата треба да прима лекови, терапијата треба да е под контрола на доктор и со проценка колкав е ризикот од примањето на тие лекови за бебето. Цигари во бременост потполно е забрането, а тие доктори што ви одобриле да пушите цигари во бременост можат слободно дипломата да си ја стават во задница, затоа што не им треба. Кофеинот е забранет при бременост исто така, па дури и само одредени чаеви може да ги консумираат трудниците.
    Мислам дека ова е основно нешто што треба да го знае секоја жена што планира да биде мајка.
    Бебе се планира, а не се прави кога ќе ни текне, затоа што треба да израсне во здрава и права индивидуа.
     
    Последна измена: 22 јуни 2022
    На Ladybug98, mode-kristina, Srckata28 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.918
    Допаѓања:
    33.443
    Пол:
    Женски
    На никој неможете да му наметнете да има исто мислење како вас, но тоа не значи дека пушењето во текот на бременоста е оправдано.

    Мојата мајка знаела да запали цигара додека била бремена со мене, па ќе речеме еве ме здрава и жива сум нели. Ама тоа што сум сега фала му на Бога здрава и жива не значи дека било правилно тоа што палела цигара. Млада била и така и сечело, сега и е криво ама тоа е.
    Еве ме мене за пример, јас во животот немам цигара земано во раце, не па да пробам и да пушам, па јас го изгубив бебето. Ама мене совеста ми е чиста дека јас не сум виновна што веќе не ми е во утробата и не сум го труела тие недели што ми беше во утроба, туку мајка-природа или што и да се случило незнам, некоја виша сила.

    Цигарите и алкохолот се забранети во бременост, едно апче за глава не смееш да се напиеш, не па друго. А веќе ако свесно тоа го правите знаејќи дека не чини, тоа е ваше. Не значи дека ќе му се случи нешто на вашето бебенце, недај Боже, на никого не му посакувам такво нешто, ама немојте да убедувате дека иако некоја мајка пушела, па ништо не му фали на бебето.
    Значи океј, ама не е во ред и штети :)
     
    На Ladybug98, kikikikirika, mode-kristina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.205
    Допаѓања:
    125.420
    Пол:
    Женски
    Една или две се изразија грубо.Ние останатите само рековме дека е штетно.
    И е штетно! Има куп студии кои го докажуваат тоа.
    Пушењето е штетно за сите луѓе!
    Најдете си права терапија за стрес и анксиозност која нема да му штети на бебето.
    Не се лажете ако вашето бебе или бебе на некоја која ја познавате било родено без проблеми или ако вашата мајка пушела дур ве носела.Знајте дека само среќа имало и сте имале.
    И гинеколог што ви вели да ги намалите, а не веднаш да ги оставите цигарите, не е добар доктор.Веднаш да си го смените.
     
    На mode-kristina и mariz им се допаѓа ова.
  17. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    8.328
    Дојдов на темава за оние кои бараа истражувања да им оставам информација, студија за постнаталното изложување на цигари од мајка, татко и околината https://academic.oup.com/her/article/20/2/185/712281

    И пренаталното изложување на цигари, кога мајката директно пуши цигари: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3581096/

    Можни последици: "reduced birth weight, poor developmental and psychological outcomes, and increased risk for diseases and behavioral disorders later in life",

    И најпоразителниот факт: Nicotine crosses the placenta, and fetal concentrations of nicotine can be 15% higher than maternal concentrations.

    Нема посебично суштество од пушач.
     
    На Ladybug98, nextredstyle, Munchmallow20 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    И јас сметам дека општо пушењето е штетно, а за бремена жена да не зборувам. Сигурно трудниците што пушат нема да ги остават цигарите само затоа што ние сме рекле дека не е во ред.

    И јас сум против осуди и навреди, но тоа не значи дека сте во право. И јас сум под стресови, не сум бремена и немам родено да си кажам, но кога веќе стресот беше споменат, морам да споделам што ми помогна. Јога, пилатес, зумба, аеробик, прошетки... Има соодветни вежби за трудници. Не е точно вежбањето во текот на бременоста е штетно и не треба да е табу. Зборувам за бременост без проблеми (не можам да кажам нормална). Или разговор со психолог. Или слушање музика. Сеедно.

    Да, има секакви случаи. Многу членки пишале што може да се случи ако пушите за време на бременост, да не се повторувам.

    Правете што сакате, нема јас да ви кажувам да ги оставите, а и да кажам така, сигурно нема да го направите тоа. Но тоа никако не значи дека пушењето е во ред и дека сте во право. Не, не сме арогантни, само кажуваме факти. Ако и тоа ве навредува, не знам што да кажам.
     
  19. Eluna

    Eluna Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2019
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    Мене мојот гинеколог тука во Германија ми рече да се пазам најмногу од кока кола и други газирани сокови, прскано овошје и зеленчук и да избегнувам места со загаден воздух, вдушување хемикалии од средствата за чистење и многу други работи, многу повеќе отколку да се чувам од цигари. Рече со штетнава храна и воздух денес, тоа и не ти е некој голема разлика. Ама јас уште кога дознав дека сум бремена првите неколки недели ги намалив ма само две цигари дневно, за после едрн месец за жал да додадам уште една цигара плус, после доручек ручек и вечера. Така терав тој месец и пак ги смалив на една цигара и скроз ги оставив. Фала Богу и се гордеам со тоа. Алкохол пиев секој ден ама во бременост ни една голтка, поголема желба имам за ладно пиво во горештиниве отколку за цигара. Иако гинекологот викаше две чаши вино неделно би биле идеални? Не фала. Ни една голтка а ни една цигара. Иако е се денес од прилика штетно, не морам додатно да го трујам бебето.
     
    На lilyen, Charlotte*, Anturium и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Corika

    Corika Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2022
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    2.520
    Пол:
    Женски
    Jas.vo poslednite 3 godini pusev kako lokomotiva 1 ipol kutija,otkako pocnav invitro pocnav da.gi namaluvam,sega.sum trudna.mesec.dena palam do 5 cigari na den no ne gi povlecuvam nego samo go drzam vo raka i pavkam cisto usta.da.mi zamirise.i go pustam cel duman ..Ne se.gordeam so toa imam griza.na sovest no toj golem strah sto e.vo mene mislam deka ke me.drze.se.dodeka.cujam srceva reakcija posle toa znam deka nema ni eden dim da povlecam....
    Do pred 1 nedela bev non stop pod stres,plus problem so zapek i ednostavno kafe i cigara samo mi pomaga nasabajle za.vo wc....sega posle se se stabilizira i mislam deka se poveke odam na toa deka eden den ednostavno nema da zapalam poveke....a samo da.cujjam Srceva.reqkcijs mislam deka nema da.mi tekne za cigar samo taa.srekja.da ja doziveam