Цигарите и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Svetle, 15 ноември 2009.

  1. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.770
    Допаѓања:
    9.125
    Пол:
    Женски
    Види ,јас ја прашував докторката и ми викаше ,ако веќе пушиш јас можам да ти кажам за обичните цигари дека можеш по неколку на ден ( ако веќе никако не можеш да ги откажеш ) . За Ајкос и такви слични не одговарам зашто не се испитани .
    Секако најдобра опција е да се откажат.
    Јас палев по две три на почетокот ,п после ги откажав и почнав откако се породив.
     
    На blackdeath му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.878
    Допаѓања:
    14.544
    Пол:
    Женски
    Абе можеш и две кутии на ден, муабетот е дека не треба.
    Воопшто не е во ред кога доктор ќе ти рече "можеш" зошто не постои безбедна количина на никотин ни за просечен човек, а не па трудница.
    Јас пијам еден куп кока кола, ама не може никој да ми рече дека можам да ја пијам. Не е здрава ни онака, ама сама за себе си одлучувам дека ќе ја пијам. Да не се лажеме дека дозволил доктор цигари, алкохол или било кој друг порок.
     
    На Cvetce_ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.770
    Допаѓања:
    9.125
    Пол:
    Женски
    Мене ми дозволил ,тоа што јас решив да ги откажам беше моја одлука.
    Нејсе, прашањето на членката беше за вапот...за тоа и одговорив
     
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.623
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Нема дозвола за тоа, те откачува на тој начин.
    Пушачите замараат со прашањата може ли? Ако каже не ќе подолжат со глупи изјави како не можат без нив, па може ли 2-3 итд., како да не се свесни за реалноста.
    Се знае дека не може ама здосадено им е на докторите и ќе ти речат вака за да не продужувате
     
    На Cvetce_, andromedae, Ena05 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.770
    Допаѓања:
    9.125
    Пол:
    Женски
    Секој си одговара за себе.
    Познавам такви што не се пушачи а имале тешка бременост со проблеми. Познавам такви кои пушеле а немале никаков проблем . Познавам и такви кои пушеле па си направиле проблем.
    Јас тие што ме знаат многу се мачев да ги откажам не беше ич лесно.
    Али трудна жена со цигара во рака ми е одвратно само по себе без разлика што пушам.
     
    На merriel0, Marr_ss, blackdeath и 2 други им се допаѓа ова.
  6. feminapp

    feminapp Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Дали некоја пушела iqos во бременост?
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.696
    Допаѓања:
    141.259
    А кога ќе се породите ќе пушите ли? Додека доите. Додека сте сами дома со бебето? Додека си игра... Ќе дозволите бебе од неколку месеци да биде пасивен пушач?
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bokace1

    bokace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.184
    Пол:
    Женски
    Јас пушам обични цигари :smirk: сакав и јас да пробам со ајкос , ме предомислија
     
    На feminapp му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.950
    Допаѓања:
    130.360
    Пол:
    Женски
    Како може штетната навика да ви е поважна од животот на нероденото дете? |(
    Аман, не чинат ни обичните, ни електронските цигари.
    Обични цигари:
    • Содржат никотин, катран и други токсични хемикалии кои:
      • Ја намалуваат количината на кислород што стигнува до бебето.

      • Зголемуваат ризик од спонтан абортус, предвремено породување, мала родилна тежина и мртвородено дете.

      • Може да доведат до развојни проблеми кај бебето, вклучувај нарушување на мозочниот развој.

      • Зголемен ризик од синдром на ненадејна смрт кај доенчиња (SIDS).
    Електронски цигари (вапинг):
    • Иако некои се рекламираат како побезбедни, тие:
      • Често содржат никотин, кој е токсичен за развојот на мозокот на фетусот.

      • Содржат ароми и хемикалии кои можат да бидат штетни и токсични.
    По породувањето:
    • Пасивното пушење (кај обични и електронски) е опасно за бебето:
      • Може да предизвика респираторни инфекции, астма, и ушни инфекции.
    • Никотинот може да премине во мајчиното млеко, што го изложува бебето на ризици дури и ако мајката не пуши во негова близина.
     
    На Mrs. right, Калатеа, Puellapulchra и 5 други им се допаѓа ова.
  10. NewMember23

    NewMember23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Со првата бременост не пушев воопшто, имав ужасен запек од кој ми се појавија хемороиди. Болки несносни 9 месеци. Оваа бременост пушам максимум 3 4 цигари и одам нормално во ВЦ. До 5 цигари не е толку страшно, секако повеќе не би пушела, ниту па ми се пуши.
    Непушачите не разбираат дека пушењето создава физичка зависност и нагло не можеш да прекинеш, бидејќи прво на столицата ќе ти се одрази.
    Точно е дека не е здраво да се пуши во бременост, но не е понездраво од прејадување, внесување шеќери во ненормални количини и недвижење, што доведува до преголема телесна тежина која може да биде фатална, јадење брза храна, чипсови, грицки, благо, газирано и ред други работи кои трудниците ги прави(ме).
     
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.878
    Допаѓања:
    14.544
    Пол:
    Женски
    Понездраво е. Од шеќери ти ќе се здебелиш, од цигари не се труеш само ти, го труеш и бебето.

    И баш дека не е лесно туку така да се откажеш, мислам дека треба да се откажуваат уште пред да пробаш да останеш трудна, а не да чекаш прво ехо за последната цигара, или да намалиш од 20 цигари на 5.
     
    На Puffy2019, Mrs. right, Калатеа и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.311
    Допаѓања:
    5.486
    јас пушев по две кутии на ден па сите три бремености нагло ги оставав и не пушев ни додека ја доев ќерка ми, иако морам да признаам дека советот на докторите беше чим толку пушиш не ги оставај нагло, шок на организмот ќе му направиш
     
  13. NewMember23

    NewMember23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Од одвратна храна, каква што ја јадеме сите, транс масти и глупости, секако дека и бебето го труеш.
    И не секоја жена "прави" дете. Јас два пати имам онака останато трудна и дознаено после месец, два.
     
  14. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    4.916
    Пол:
    Женски
    Првата бременост ми беше планирана и бев подготвена, одма ги фрлив цигарите. А сега не ми е планирана, решив дека со сите маки, ама ќе ги откажам. Минувам низ екстремно стресен период каде што да речам уште бременоста ми фалеше.

    До 13 недела ми се лошеше не можев баш да пушам, сеа сум 15 недела и не ми се лоши, ретко ама знам со кафе да запалам. Знам јас дека не е во ред, и имам грижа на совест.
     
  15. bokace1

    bokace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.184
    Пол:
    Женски
    Кажи ми како се справуваш со стресови , јас многу брзо се нервирам и од кога ќе се смирам имам грижа на совест дали бебево е добро :sweat:
     
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    7.168
    Пол:
    Женски
    Не сум пушач, ни во бременост, ни после детево нема контакт барем по дома со цигари. Е сега од пример на другарка.
    100 пати се проба да ги откаже, не успеа пред бременоста. Според нејзиниот гинеколог поопасно е да била цело време нервозна отколку да пуши по неколку цигари во ден. Ок, помина тоа.
    Најјако ми е од кога е родено детето. Цела зима, таа и мажот и пушат дома под аспиратор демек чадот не оди до детето така. Детето т.е бебето лежи на 2 метри од нив.
     
  17. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    4.916
    Пол:
    Женски
    Никако. Јас сум во претешка ситуација. Ми се заканува губење на работното место, имам неколку нерешни здравствени проблеми кои ќе чекаат после породување. Дете гледам, одам на работа, после работа друго работам дополнително, дома обврски куп, не сум чистела сигурно 2 недели. Едноставно не можам никако да си помогнам, седнувам да се исплачам ако има време за тоа, ако нема услови и време за плачење едноставно си ги терам обврските со грутка во грлото и едвај чекам да дојде време за спиење.
     
    На bokace1 му/ѝ се допаѓа ова.