Ne znaete kolku mi trebaa vakvi iskustva. Koj saka neka ne osuduva, no ne znam sto e ova. Poslatki mi se od bilo koga. So les da ti e ❤️
Јас сум многу среќна што ги оставив штом добив мала бледа црвена цртка. Претходно се плашев од тој момент; дека нема да можам, дека ќе бидам вознемирена, ќе ми фалат, нема да се снајдам без таа навика....ама, добро се чувствувам. Мислам дека сè е до мозокот. Ако решиш дека можеш и дека ќе се справиш со сè и без нив и дека нема да се нешто што ќе ти фали, дека така и ќе биде.
Девојки дали изложеност еднаш од неколку саати во затворена просторија каде се пуши и прилично загушлива може да влијае лошо на бременоста, во прво тромесечие?
Не... Освен тебе лично да ти пречи и да ти се гади. Што е разбирливо, јас иако сум пушач ми смета премногу задушливо кога од цигари. Воздухот го дишеме секојдневно а е премногу загаден. Во секој случај, знаеме нели како е најдобро и најздраво, но не секогаш можеме да се заштитиме од се.
Може, бар од тоа јас што читав на нет. Исто сакав да одам на една прослава зимата и не отидов пошто читав дека е штетно дури и ако се 2-3 часа во прашање. Ти предлагам ич да не одиш и да си се чуваш и пазиш не ти треба да се отруеш сега или да почнеш да кашлаш од зачаденото
Дали има мајки што пушеле во бременост да кажат искуства? Со првата бременост ги откажав без проблем, вторава никако не успевам еве 18+ недела… не пушам многу по 2-3 цигари на ден, ама едноставно не можам. Познавам жени што пушеле по кутија и било сѐ ок. И да се разбереме, јасно е дека не е пожелно да се пуши во бременост, ама исто онолку колку што не е пожелно да се кркаат шеќери, така што ве молам да се воздржиме од излишни лекции
јас не пушев дур бев бремена, инаку сум пушач, а колешка на работа пушеше со двете бремености по две кутии на ден, шо да ти кажам здрави прави по 4 кила деца роди не е убаво нормално ама 2-3 цигари мислам дека не е ништо страшно
Две три цигари не е страшно, со прва бременост не пушев со втората по две три во неделата. Обожавав мирис на цигара.
Не верував дека јас тоа и го кажам, никогаш не сум пушела многу и мирисот секогаш ми сметал, ама како да објаснам дека мислам дека да смеев сосе кутија ќе ги изедам
За да го намалиш чувството на вина, споредуваш цигари и шеќер. Не е исто, и никогаш нема да биде исто. Ако веќе одиме на таа карта, точно дека ни шеќер во ненормални количини е штетен. Но, нема број на цигари дневно, што е прифатлив и е здрава опција. Цигарите се толку штетни, што и престој во просторија која се пуши е штетно за плодот. Не знам како ти оди логикава, ако другите пушеле, ке пушам и јас. Впрочем, уште се верува дека ќотекот изложегол од рај, па така и цигари можеби за некои се прифатливи во бременост.
Nope, тука грешиш, не се пробувам да го намалам чувството на вина. Моето чувство на вина еднакво е со твоето чувство на вина кога јадеш процесиран шеќер пример еве сладолед и не пробувам да ја минимизирам штетноста од пушењето, во случајов ти пробуваш да ја минимизираш штетноста на консумација на процесиран шеќер и јаглехидрати. Фала за непобараната лекција, од неа научив дека темава ја отвараш за да нѐ искараш, иако дури и докторите не прават such a big deal. Фала што се грижиш
Ако одиш кај доктор што смета деца цигари во бременост се океј, треба да размислиш кај каков доктор одиш. Повели и друг пат.