Цигарите и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Svetle, 15 ноември 2009.

  1. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    69
    Читам и неможам да се доначудам! :| Јас имам некои симптоми на бременост и планирам да одам после да купам тест, но нешто страшно многу ме плаши, што ако сум бремена, што сигурно не ќе е подолго од месец дена, а моментално пушам? Дали може тоа да му наштети на бебето, што незнаејќи сум пушела по 2-3 цигари на ден? Во никој случај не помислувам да запалам цигара во бременоста, ниту пак некој во моја близина да пуши!!! А вие, знаејќи дека сте трудни, дека сте мајки, носите живот во себе, уште се оштрите тука ако некој ви каже тоа е штетно, детето може понатаму да има проблеми... Колку сте само себични! Колку само ви е гајле... Ма немој молимте неможете да ги оставите цигарите... Па зар има нешто побитно од дете?! Па побогу, од вода ќе се откажам да знам дека му штети... Неможам да ве разберам, едноставно неможам... Но, знаете вие најдобро, немојте да слушате таму некои лудаци во бели мантили кои се нарекуваат доктори и незнаат ништо, кои замислите ви забраниле цигари додека сте бремени, затоа што тоа би штетело на плодот, му смета на развојот и што ли уште не... Па како смеат, цигарите се нешто свето, а мајка можете да бидете пак, па ако ова дете има проблеми, следното ќе биде здраво... :x :x :x
    Грабнете се за цигарите, тоа е спасот!!!

    Утре ако тоа дете се роди со проблеми, објаснете му ја таа ваша "потреба" за цигари и научете го дека цигарите се штетни и не треба да пуши.... Цудаци на векот!!!
     
    На pufi-cufi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. list

    list Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    jas sum pusac, ama koga doznav deka sum bremena, prestanav da pusam. no za zal, koga porasna plodot 6 nedeli, doznav deka imam vonmatericna bremenost. I povtorno pocnav so cigarite, duri i poveke od pred toa. i se izvinuvam deka napisav latinica, zaboraviv da smenam na kirilica
     
  3. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    512
    Пол:
    Женски
    И јас сум пушач и во првата бременост штом дознав ги оставив одма цигарите, ама сега сум бремена по втор пат околу две недели и некако многу тешко ми оде оставањето. Сепак не пушам повеќе од 5 цигари во денот, ама гледам и тие да ги намалам.
     
  4. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    620
    Себичност!
    Единственото нешто кое ми доаѓа на памет кога ќе видам трудница со цигара во раката!
    А мајчинството во никој случај не признава себичност!
     
    На pufi-cufi, Miss-Perfect и peperutkaa им се допаѓа ова.
  5. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.762
    Ве читам и се крстам!!! Како можете свесно да му го доведувате во опасност, животот на сопственото дете :o Па дури со гордост кажувате како тоа се родило, живо и здраво !! :x Што се не ќе прочитам боже!
     
    На girl.23, tinkerbelll и koritsaki им се допаѓа ова.
  6. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    118
    никогаш не сум пушила,а нема ни да пушам.Но мислам дека не е убаво пушењето општо,а не пак со бремени жени,мислам дека треба да се откажат што побрзо ;)
     
  7. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.353
    Многу пушачки кога ќе добијат бебче оставаат цигари а многу и што сега викаат нема шанси истото ќе го направат посебно ако имаат поддршка од машката половина.

    Е сеа тие што и покрај тоа ќе продолжат си кажав што мислам за нив да не се повторувам а и вие кажавте погоре.
     
  8. sweet.woman

    sweet.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    364
    не пушам а не ни планирам да пушам
     
  9. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.090
    колку се потресувате значи тоа е чудо...па мама пушела додека била бремена со мене и откако сум се родил со тато пушеле во таа просторија кај што сум бил и што јас не пораснав ли? ми фали ли нешто? тоа значи дека мама не ме сакала и била несовесна? :o и мислите дека јас сум единствен оваков случај? ова со пушењево почнаа да се глупираат у поново време, порано не се замарале со вакви работи :)
     
  10. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.008
    Пол:
    Женски
    Е неможев да го игнорирам постов многу ме испровоцира.Сакаш да кажеш дека демек сите што викаат да не се пуши во бременост нови моди се а?А да подразмислеше што корисно му се дава на бебто преку цигарата?НИШТО само може да му наштети.И ако тебе не ти било ништо незначи дека и на друго бебе нема да му е ништо.Само за информација дека со пушењето го гушиш бебето и може да се роди со срцеви заболувања,ако незнаеш едуцирај се.И да јас сметам дека мајка што пуши и свесно го труе своето дете е несовесна мајка.
     
    На Miss-Perfect и pufi-cufi им се допаѓа ова.
  11. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    512
    Пол:
    Женски
    Ајде јас да ви се пофалам дека веќе 5дена немам цигара запалено.
    Мислев дека тешто ке ми оди откажувањето, но кога ќе се потсетам дека во мене расте невино суштество, а моја должност е да го заштитам од сите негативности, полесно ги поминувам кризите.
     
    На Miss-Perfect, girl.23, tinkerbelll и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.489
    Mајка ми пушела во двете бремености и до ден денешен пуши ко турчин. Во животот не сум мразела ништо повеке од тоа да ме разбуди дим од цигари. Со татко ми го пиеја утринското кафе со половина пакла. Каков прекрасен начин да се започне ден :puke: Од нив ми се огадиле цигарите, нема шанса да запалам.
    Кај мене внатре не се палат цигари. Сопругот е на такво работно место да со години пуши надвор и некако му прејде во навика. И на -10 тој ке си излезе на балкон. И мајка ми исто, откако се родија внуците, само надвор :smoke:
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.090
    точно во поново време е актуелно ова, до пред некоја година не се се водеа овакви кампањи, а баш најгласните водители на оваа кампања се најголемите пушачи, што значи ни самите неверуваат у тоа па нит го применуваат.и верувај доволно сум едуциран, знам за ракот на белите дробови, како побрзо се старе итн. упм од толку што се штетни цигарите глеам сите пушачи изумреа само тие што се на чист планински воздух живеаат. зборуваме за несовсни мајки така? каде се во случајов наркоманките, алкохоличарките, оние што не се хранат здраво??или работата е остај ги цигарите и автоматски постануваш совесна мамичка ххх знам многу случаеви каде додека не биле бремени непушеле или додека детето има 1,2,3 години и потоа се осмелуваат да пушат во негово присуство и што менува тоа? коа ке порасне детето нема да има другарчиња што ке пушат у негово присуство и што ти ке му забраниш и ке му го одбираш друштвото само ради тоа што си совесна мајка? мхм па гледам сите оние што им се потресуваат на децата што ги чуваат како да се од сламки направени, затоа секој ден ги носат по лекари :) и неможеш да кажеш дека мајка ми е несовесна или дека не ме сака кога не ја знаеш ни една минута, секоја си мисли дека го прави најдоброто за своето дете иако другите од страна можеби ке мислат дека непостапува правилно особено иритира тоа што го мислат деца со ни 1 ден искуство како мајка :)
     
  14. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.008
    Пол:
    Женски
    Немам намера да се убедувам со тебе што е правилно а што не е.А и немој ти на мене да ми кажуваш кој е дете а кој не.Друга работа мајка ти никој не ја спомна ни дали е она несовесна или дека не те сака јас таков збор НЕ напишав! Тоа се лично твои зборови јас реков ДА за мене мајка што пуши е несовесна и никој неможе да ми го промени тоа мислење ама баш никој.И не ми мешај некои работи,јас не реков дека кога ќе порасне нема да биде околу пушачи јас реков дека ЈАС лично додека е во мојот стомак и додека е беспомошно мало бебе кое се храни исто така од мене НЕМА да му давам како додаток цигара,никогаш.Нема да ти се објаснувам на тебе колку знам и како знам ама од тебе повеќе знам тоа со сигурност а и да ќе заборевав далеку сум јас од дете што врска нема што е штетно а што не.Ајт пријатно
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.745
    Ако конкретно прашуваш, еве мои одговори:

    1) Не порасна ли? Ете си пораснала, ама мислиш дека твоите бели дробови се исти како кај дете на непушач???
    2) Сега можебо ништо не ти фали, ама дефинитивно сите последици доаѓаат покасно, во подоцна доба. Ама, уживај си, рано е да мислиш за тогаш. (да не навлегувам многу медицински овде)
    3) Мајка ти те сакала, ама не знаела што е права љубов. Ако некого сакаш, нема да можеш да му наштетиш на било кој начин. Тука спаѓа и пушењето пред бебе.
    4) Да, била потполно несовесна! Ако била совесна, никогаш немала да го прави тоа!
    5) За жал не си единствен ваков случај.
    6) Ова не е глупирање во поново време, туку подигнување на свеста кај луѓето. И порано процентот на пушачи бил многу мал, посебно кај жените. Затоа е поново прашање денес.
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  16. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    53
    lelee луѓе познавам многу жени мои блиски комшивки,другарки,колешки кои пушеле во бременоста па децата до ден денес им се здрави .....нема врска ...сега тоа не значи да пушиш по кутија дневно ама неколку цигари не е ништо страшно
     
  17. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.762
    Добро бе луѓе , читате книги вие?! Се образувате малку?! Малку ли болести предизвикуваат цигарите? Немало гајле неколку цигари во денот!!!! Нема додека не осетите на ваша кожа,или додека не почните да трчате по болници за вашите деца и вашите блиски..Е тогаш да се удирате со главата во ѕид и да велите дека се многу убави за здравјето :rock: ПОЗДРАВ!!!
     
    На Doozy, tinkerbelll и girl.23 им се допаѓа ова.
  18. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.762
  19. mrazulka

    mrazulka Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    pusev po edna kutija na den,koga ostanav bremena edna nedela ne mi smetaa cigarite pusev po 7 cigari na den..........posle edna nedela ma kakvi cigari,gi otkazav skroz mi se losi od niv.........a pusev ko turcinka......sega cigari nikako,samiot organizam ne ti dava da pusis........ne znam kaj drugite mene e taka.
     
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    12.354
    Допаѓања:
    63.070
    Пол:
    Женски


    глупости... така ти мислиш..
    нека потпорасне па да видиш какви проблеми ке имаат , ке трчаат по лекари секој месец , децата ке им се трујат со амоксиклави..така велеше и тетка ми па сега се жали секој ден детето пие апчиња , има проблеми со алергии , му тече носот итн итн.. секогаш кога ке се јави на тел. болно и е детето. Епа и таа за време на бременоста а и татко му до ден денес пуши во присуство на детето и после им е болно..од мало го трујат па нека не очекуваат ништо подобро. од него во иднина. Ете тоа се последиците од цигарите , па ако ти не се жалиш барем детето не го труј. Кога бев на пракса во средно школо, гледав како се породува една жена во болница и кога ја извадија плацентата од тоа што пушела цигари плацентата и беше црна..не како што треба црвена..црна! од катранот. и потоа кажи дека ништо не е ако се пуши цигари во бременоста. имајте малку памет! :fubar:
     
    На pufi-cufi, Doozy, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.