Се приклучувам кон мајките кои ги оставиле цигарите за доброто на нивното се` уште неродено дете. И јас мислев дека ќе ми биде тешко, ама не е така, ако се сака се` се може, треба само да се има цврста волја или доволно е само да помислите дека преку вас детето се` прима, а димот од цигарата кои Вие го вдишувате оди директно и кај него. Греота е. Како поминуваат неделиве и како расте детето во мене не ни помислувам да запалам цигара. Со првото пушев чат-пат по некоја цигара, ама сега имам поголема грижа на совест од претходно и мило ми е што се гадам од самата помисла на цигара.
Здраво Феминки...Јас сум 10 недела од мојата бременост и бев пушач претходно.Денот кога дознав дека сум бремена ги фрлив цигарите а кога ке ми текне дека само една недела пред да дознаам бев излезена и за неколку саати испушив една пакета сеуште си сум многу лута на самата себе но тоа неможам да вратам ништо назад.Кога ке ми текне дека една моја другарка бевме излезени како 5 дена пред да се породи и испши за таа вечер скоро една цела пакета, само што ја гледав се осетив себична затоа што не можев да му помогнам на бебувчето, а кога дојде време да излезе тоа беше два дена на кислород .И јас сум била пушач и знам како е кога некогаш ке сакаш да запалиш цигарче со мерак а и не сум многу задоволна со тоа што ке кажам дека сум била пушач, но мора да се има силен карактер за тоа мало бебуле биде безбедно...Голем поздрав до сите мајки кои престанале со пушење и оние кои се обидуваат да престанат!!!!!!
И јас бев пушач од мојата 15 година . Беше непоимливо да не запалам цигара во текот на денот. Сабајле со првото кафе најслатко ... Кога дознав дека сум бремена веднаш ги оставив цигарите Зашто да го трујам бебето со отрови И планирам никогаш повеке да не запалам цигара, Кога сега можам да не пушам , така ке можам и понатаму да непушам!!!!!
i jas pusev od 15 godini,slomiv raka ednas za cigari hehehehhe,znaete kriza ova ona,samo edno znam koga mu go vidov srcenceto kako cuka,ni cigari ni nisto,no i mi se povraka od niv.......
И претходно имам пишано, пак ќе пишам. Бев страствен пушач. Минимум една кутија дневно. А деновите кога бев на работа, само на работа пушев една кутија. Кога останав бремена веднаш ги намалив на едно-две на ден, преку еден ден, кога како. Така една недела бев. По таа недела ми дојде паметот, т.е сериозно си размислив за моето задоволство од цигарите и штетата на нероденото бебе. Ги оставив. Еве малиот има 6 месеци, а јас сеуште не сум запалила цигара. Ми се гади од нив. Како ли сум можела толку многу да пушам?
Дали сум бремена? Сакам да прашам дали додека си бремена смее да се пуши цигари? Знам дека е штетно за бебето, но дали е дозволено 2-3 цигари дневно повеќе не? Мислам дали има некој кој што пушел цигари додека бил бремена?
Дали сум бремена? Јас не сум мажена но мајка ми, ми има кажувано дека цела бременост пушела додека ме носела едноставно неможела да ги одкаже ,и еве ме здрава права ништо не ми фали но сепак не е убаво но кој како си сака
Дали сум бремена? Има некои мајки во бременоста пушат па раѓаат здрави деца ова во поголем процент али има мајки кои не пушат а имаат ризични бремености спонтани предвемени породувања и деца со деформитети а ти кога веке знаеш дека се штетни добро би било да ги мавнеш
Дали сум бремена? Јас кога дознав дека сум бремена ги оставив цигарите! Без се се' може ако се сака. Мој совет е на почетокот 1-2 дневно за да не ти дојде ептен како пок, а потоа ич не пуши!
не можам да престанам да пушам не дека по цела кутија никогаш и не сум била стравствен пушач..ама ете не можам
Барем првите три месеци додека трае органогенезата е добро да не се пуши. Бев пушач но кога разбрав дека сум прекинав. Се случува сега понекогаш на 2-3 дена еднаш да запалам една цигара
Ме нервираат жени особено бремени жени кога ќе речат-не можам да ги оставам, страствен пушач сум, сум пушела по кутија дневно. Тоа се слаби карактери според мене а и неинтелигентни (се извинувам ако некој се почувствува навреден, но тоа е мое мислење). И ме иритира кога некоја ќе рече, ах јас пушев и на бокс дури па еве го здраво право е. Дај боже сите деца па и сите ние да бидеме здрави, но последиците од пушењето можат да дојдат подоцна, симптомите можат да бидат присутни во телото без ти да ги приметиш. Не дај боже се може да се појави, од слабокрвност, астма, преголема влакнетост итн.па до леукемија, церебрална парализа и сл. Значи не мора да се појави ништо од горенаведеното, но зарем една мајка при здрава свест би го ставала на ризик здравјето и животот на своето сеуште неродено дете само за задоволување на свои страсти-цигарите? Срамота за таквата мајка. Еднаш видов таква мајка на факултет, со стомакот до заби а запалила цигара. Леле "фраерката и зависникот од цигари", не може да се воздржи, како не. Се згрозив, во исто време вриев од лутина, да можев ќе и залепев една да се освести. Во животот ни се закануваат многу опасности, нечист воздух, нездрава храна, неисправна вода за пиење, па зар мора и свесно да си наштетуваме себеси и на идниот живот кој ќе го донесеме на овој свет? И какви само три месеци да не се пушело, цела бременост е забрането да се пушат цигари и да се седи во соба каде се пуши.
Цигари и бременост не иде Па зарем да бидам себична и да го трујам ни криво ни должно бебето уште во мешето Една познаничка ја помина цела бременост со цигарата во рака ...и бебето се роди 2200 гр. а родено на термин И сега додека го дои исто пуши За мене е себично и неодоговорно И јас пушев пред бременоста по кутија на ден , ама кога дознав дека сум бремена одма ги оставив и не ни помислив да запалам .
Ako treba da bide - ke bide! Znam majki sto pusele marihuana, pa rodija zivi i zdravi deca, druga pak pod stakleno zvono e, pa nikako da rodi zivo i zdravo dete. Jas pred da ostanam bremena pusev kutija na 2-3 dena. Sega palam edna cigara na 2-3 dena so kafe i toa mnogu mi pomaga da odam po golema nuzda.
Нема изговор да не се остават цигарите во тек на цела бременост, одеднаш ако се оставеле било стрес за организмот како па да не чисто оправдание .Јас преку ноќ од 1 кутија на ден ,2 цигари во еден ден и третиот ден кога ми потврдија бременост на ехо не запалив веќе цигара. Се е само изговор во тоа неможе никој да ме убеди
Јас не можам да се наречам пушач бидејќи пред да останам бремена палев по 1 цигара на неколку дена и тоа онака со друштво. Откако останав бремена кога ќе осетам чад ми се згадува. Немам се разбира запалено цигара а и не ни мислам дека ќе запалам ниту кога ќе дојам бидејќи стварно сметам дека не е добро и убаво, па ниту примерно да се пуши за време на бременост, па ни со мало бебе или дете дома. Абе генерално не е убаво ни за себе ни за луѓето околу себе, па камо ли за неродено бебче.
јас да ви казам спагам во групата на ,,страствени пусаЧи,, 6 години по ред пусев по една кутија дневно но откако направив тест и видов дека сум бремена си реков толку доста е па не е повазно насето задоволство отколку здравјето на насето дете зарем не!? и не дека не ми се припусува по некогас ама секогас кога ке ме фати криза си се подцекам за која приЧина престанав
И јас си имам проблем со цигарите но поради бебчето полека полека ги оставам. Пушам 6 години и не ми е баш лесно но еве се обидувам последнава недела скоро ич непушам или на два дена една цигара.
пушев во првата бременост по 1 кутија на ден.....фала богу се беше во ред со бебчето.....сега веке е 7 годинки......
јас бев страсвен пушач и кога дознав дека сум бремена моментално ги оставив и ден денес непушам ,а сум против да се пуши и за време на бременоста и кога се дои