Ја изгледа сум од ние баксузи кои не можат да скријат ништо, на 14 години почнав со цигари и по 3 месеци пушачи стаж татко ми ме фати со цигара у рака потоа ми одржа предавање од штетноста на цигарите и толку.
Имавме неколку фази: -против моето пушење беа и правеа се што може да престанам да пушам, од казни до разговори до карања до укинување на џепарац -наредна фаза, не пушачот (мајка ми) прва го прифати фактот дека пушам и почна и цигари да ми купува и да пушам пред нејзе -наредна фаза, пушачот (татко ми) после 3ипол години почна да го прифаќа фактот дека пушам.Дур пушеше ми се ,,гребеше" некогаш ако немаше цигари. - ми дадоа и електронска и IQOS со цел помалце да се трујам нели -почнав и пред татко ми да пушам -моментална фаза: татко ми не пуши веќе месец ипол,а ужасно му се пуши и сега сме повторно во фазата каде што е муабетот дека не треба да пушам.Чим он не пушел не требало ни јас.Барал да испочитувам што рекол и да престанам да пушам..додека со непушачот е status quo освен што пред некој ден ми рече: Од еден пушач се спасив, друг си навлеков на глава.Ќе ме отруете вие двајца мене. и така..
Не сум некој си пушач боже ме сачувај.Дур идев у школо си пушев неколку пати со другарка си купивме цигари од кои јас ги платив после школо и ги давав она да ми ги чува пошто нејзините ја знаеа. После се одвикнав колку толку. За на крај да ги сведам на минимум. Сеа ми текнало да запалам па за недела дена 2 или за 2-3 дена. Мајка ми прва ме дозна и покажав слика од цигара кај што пушам. Не направи некоја си драма. Викаше помалце пари за у школо ќе ти давам ништо од тоа додека зависиш од мои пари нема шанси јас да ти купам цигари кога ќе си работиш ако сакаш купувај си. После почна да ме кажува и на тетка ми семејството(на татко ми сестра) ми збореа немој ова она јас џабе. Тетин ми и викаше подобро ти купи и цигари од колку да се излаже да побара од некој да и стави нешто у цигарата. После тој муабет пазев од кој позајмував. Од машко нема шанси да земам. Ретко скоро никад. Татко ми е пушач ги криеа цигарите у спална а обично у дневна стоеа. Сеа пак си стојат у дневна кога видоа дека не зимам пред нив. И тако то. У карантинов ни димче немам земено. А приметив последните неколку пати кога ќе земам цигара почнуваше да ми се врти дали дека не сум некој пушач дали дроги ми ставале
Не сум пушач. Ама сестра ми кога почна да пуши цигари, татко ми беше многу против. Дека и он непушач. Постојано и викаше - Немој да пушиш. Ќе се отруеш така. Не е убаво тоа. Познавам и такви кои пушат цигари, ама се против тоа да го прават нивните деца.
Ех да раздаваа така лесно дроги... Покрај сите предупредувања ја се имам и напиено, испушено тоа што ми дале и никако не ми се посреќило дрога да ми стават.