Јас лично немам запалено никогаш цигара во животов, ниту пак планирам да го направам тоа. Дали вие пушите и колку? Или сте против, па секогаш накосо ги гледате оние кои пушат во ваша близина? Ако пак пушите дали сте пробале да се откажете?
Немам пробано никогаш цигара. Ниту ќе пробам. Сакам да си живеам здраво. In hello body, hello goast Дефинитивно сум против тие што пушат во моја близина, мене ми прават полошо, тоа е како јас да пушам 50 разни врсти цигари, и на крај мирисам на пепељара
И ја викав никад нема да пробам, па еве веќе 4 години пушам по кутија на ден...А за откажување, тоа ми е ко ритуал, секој втор ден решавам дека ќе ги откажам и ништо
Пушач сум веќе неколку години и денот не ми поминува без една кутија цигари. Сакам да ги откажам или барем да ги намалам, но тешко ми оди. Особено кога сум некаде излезена на секои 15 мин. што се вика палам цигара. Знам дека е штетно, но мислам дека неможам без нив.
Никогаш не сум пробала и со глава тврдам дека никогаш нема да пробам. А за тие што пушат, тоа е нивен избор. Викаат дека си поздрав ако не пушиш, ама во околинава со милион пушачи околу нас, исто ти се фаќа дали си пушач или не си. Сепак јас тоа го сметам за лоша навика, и браво за тие што пушеле па се откажале, за тоа треба храброст и цврст карактер.
Немам запалено цигара, не ни планирам. Не ги гледам попреку луѓето што пушат, тоа е нивен живот, нивен избор, само не ми е сватливо како секој ден им се даваат по 50 денари па и фазла за цигари. За мене залудно фрлени пари.
Веќе 28 години сум пасивен пушач и намерата ми е да останам во најмала рака пасивен, пошто нема како да ги убијам или евентуално да им забранам на куќниве љубимци и сите гости, пријатели кои навратуваат во барата да палат цигара. едит: а би, богами да ја нема цигарата во раката на аватаров
Пушам од 14 год. значи 6-7 год. сакав да ги оставам и не пушев една недела и толку беше криза ме фати неможев да му одолеам на тоа искушение да не запалам цигара. Ајде уште малку ќе терам па ќе ги оставам (ако ги оставам)
не пушам и мн сум против тоа не знам што гледаат во пушењето, ем смрдиш на цигари од 200 метри, ем се труеш ем даваш пари за да си правиш проблеми сам на себе. добро е што тие што ме познаваат иако се пушачи не пушат пред мене, ужасно ми смета миризбата на цигари, еднаш дечко ми ( непушач е ) имаше запалено цигара може 7-8 саати пред да се видиме абе одма го осетив, мн мразам цигари
не сум зависник од цигари значи можам без нив,можам да запалам само кога сум со друштво или со дечко ми но тоа се случува многу ретко не дека се толку многу слатки де хехе но сепак палам не велам не во месецот можам да испушам најмногу 5 цигари се си зависи од атмосферата ,а дека сум против цигарите НЕ секој си знае за себе ако му се слатки нека пуши
Непушач сум и не планирам да запалам цигара некогаш во животов. Строго сум против пушењето. Отсекогаш ги мразам цигарите, не можам да ги поднесам така, а не пак да ги пушам. Ми пречи кога некој пуши во моја близина, најмногу поради тоа што веднаш ми се затнува носот, ми се зацрвенуваат очите и почнуваат да ми солзат, а после и дека и јас се смирисувам на чад. Особено ме нервира кога некој ќе запали цигара и чадот оди право во мене (или кој било друг) и не му текнува да ја поттргни настрана се дури не се зашемети некој. Тој што одлучил да пуши нека си пуши, негова лична одлука си е тоа, но јас не .
Палам понекогаш, ама треба ептен да сум здрвена или да сум многу нервозна. Инаку не пушам, ама ми се случува понекогаш да украдам димче од цигарата на дечко ми, не дека пушам туку за да се присетам колку е гадно. Пури делкам повремено, дека не се вдишуваат, оние малечките Кохиба и Монтехристо. Глумам лудило после три дена ми требаат да ја извадам миризбата од мене. А мразам полни пепељари оставени по дома, пожолтени прсти и здив на Филтер57.
Почнав да пушам отприлика пред четири месеци. На почеток интересно, криење позади школо, ова-она. Сега веќе на секое излегување со другарка делиме кутија за една вечер, така да секоја вечер си купуваме или пак преку ден ако одиме кај некоја другарка или на прошетка до парк обавезно земаме кутија. Далеку од тоа дека не можам да издржам без цигара кое ми претствува задоволство, но има моменти особено кога гледам друг да запали цигара и мене ме тера.
Пушењето ми е пасија во животот од која не планирам во брзо време да се откажам. И колку чудно и да звучи, и мене ми пречи чадот. Затоа секогаш сум имала обѕир кон непушачите во друштво, па дури и сум се преместувала ако ветерот го носел чадот директно во нив. Дома пушам исклучиво на тераса, не дозволувам пушење внатре освен во многу ретки прилики, плус нејќам ѕверот мој да го трујам. Секој има право на избор, тоа што јас решив да си ги црнам белите дробови, не значи дека некој има право да ме гледа накосо.
Јас сум ти многу чудно суштество колку само мразам чад кога некој ми дува во фаца ... Само што ќе осетам мирис уфф ... А јас пушач не сум ама не сум ни непушач значи знам да запалам ретко ретко во друштво со алкохол , кафе , досада, некад од нервоза ала Кери Бредшо . Не сум зависник а тоа е добро нејќам да бидам онака од ќејф а не потреба ...
Никогаш не сум велела дека нема да запалам. Запалив и јас еднаш пред некои си 5-6год. Не сум редовен пушач, но понекогаш си купувам, пушам. Сега во последно време почнав многу често да палам цигара. Ми смета чадот од друг кога дува во мене, па затоа или се местам или кажувам да ја премести цигарата од друга страна или да не дува во мене. Не сум против оние кои пушат, а нема ни да бидам. Секој за себе одлучува.