Јас сум пушач. Веќе година и нешто би рекла сум активен. Претходно бев on-off и сега веќе нема назад. Најдолго откажување беше 4 месеци, прекинав затоа што сакав и не знам зошто повторно почнав. Таква личност сум, само ако внатрешно ептен засакам нешто можам да го направам тоа и за жал ништо друго не може да ме натера. Чадот ми смета многу. Го мразам мирисот на цигарите во косата или кога ќе влезам во некоја екстремно загушлива просторија како на пример на одмор во смештај. Просторија 2 на 2 и 10 пушачи внатре. Се угушив и гитла да ме нема. Кога ќе имам свој дом нема да пушам дома, барем така ми е планот. Не сакам моите деца да дишат штетен воздух како мене, и воедно не сакам усмрдени завеси, перници и така натаму. Дневно пушам две цигари во просек во школо. Голем одмор, мал одмор, е сега после ако се продолжи на кафе испаѓаат повеќе. На искачање стандард кутија, а пари ми идат доста. Особено затоа што се знае во мој округ, немаш цигара? Побарај од Мери. Никогаш не им кажувам не, непријатно ми е. Мразам гребачи, и мразам да се гребам. Тоа се случува ама ептен ретко, затоа што секогаш имам резерва пари во мене па идам да си купам. После јадење, за време кафе или друг пијалок ми е најубаво. План за откажување во скоро време немам, меѓутоа имам за намалување.
Не сум пушач и пушењето ми смета. Затоа гледам да бидам понастрана кога другар(к)ите запалат цигара, а не да правам некои „намќор“ фаци оти ми сметало. Кај нас важи правилото На кој му смета тој бега E дома е друга приказна. Мајка ми е активен пушач и постојано се водат расправии околу тоа меѓу мене и неа. Јас мразам кога запали цигара во моја соба и и’ покажувам прст кон вратата. Долго време ми стоеше и знак за забрането пушење во собата, па и друштвото го терав надвор да излези на цигарче. Па ми смета чадот бе!
Палам цигара само во друштво онака воопшто не ме фаќаат некои кризи па сигурно една кутија ми трае по 5-6 дена еве така скоро 2 години
Строго сум против цигарите, никогаш немам пробано , ни пак сакам да пробам. Најмногу ми пречеше порано во зимно време кога треба да седнеш некаде да се затоплиш , а ватре димотевица од цигари,тоа многу ми пречепе, веднаш ми се вцрвенуваа и насолзуваа очите.
Јас сум против пушењето искрено! Тоа ти е само џабе фрлање на парии и уништување на здравјето..Да имаше барем нешто добро во тоа ќе сфатев на некој начин ама вака не.За тие 60-70 денари шо ќе ги дајш ќе си ги искористиш за нешто поубаво,попотребно и покорисно.И од секогаш сум била строго НЕ за цигари.
Да, пушам едно 6 години сум активен пушач. Порано кога не пушев дома, кога се криев од моите беше многу грдо што пушев кога имав прилика но не секогаш осеќав потреба. После кога дознаа моите си почнав дома да си пушам и супер ми беше искрено, ми траеше кутија на ден просечно. Али знаев и 2 дена една кутија затоа што си пушев само кога си имав потреба. Е сеа пак се кријам Во странство работам и наводно сум непушач и ужасно се нервирам и едвај чекам дома да си дојдам да не се замарам дали мирисам и кога и колку шанси ке имам во денот да запалам цигара! Инаку сум пробала да ги оставам на ден,два и тоа пред да дојдам тука затоа што освен што наводно не треба да пушам една кутија ми кошта 6е. ама беше безуспешен обидот. Не дека неможев туку едноставно сакам да пушам. Тоа си е мое лично задоволство и многу ми пречи кога сум осудувана заради тоа... Можеби некогаш ке ги оставам но во секој случај ке биде затоа што јас така сум одлучила а не затоа што некој друг така сака!
да знаете колку сум горда сто успеав да го тргнам тоа губре .пусев и тоа многу ,едно десетина год,но успеав .и јас велев леле немозам ,зависна сум но еден ден штрак не пусам бре и крај.и еве веке 6 год ми е раат душава.
Пушам,ама не сум некој активен пушач или зависник од цигари. Затоа што се случува да немам запалено и по 3-4 дена,а некогаш и недела. АКо сум излезена на кафе или со друштво и ако запали некој,ќе запалам и јас. А досега,Фала Богу криза за цигара ме нема фатено.
Не пушам и не би пушела. Сум против се што му штеди на здравјето, а особено мразам кога родителите пушат дома во собите каде што седат и нивните дечиња! Кога веќе си решил да го загрозуваш твоето здравје не мора и најблиските да страдаат заради тоа. Си кашлаат децата, им смета, ама неее..како надвор да пушат па сега и на ладново.
Не пушам..а и не би сакала да пушам..многу од моите врсници пушат.. или почнаа да пушат од пред некое време..и незнам какво задоволство им причинува.. ..искрено мене чадот ми е одвратен, но го поднесувам..(сигурно нема да бегам кога сум во нивна близина ) ..Инаку и мајка ми и татко ми се пушачи ..(и тоа мајка ми мава понекогаш и по 2 кутии дневно.. веќе почнав да и ги кријам , но жената никогаш не е запалила цигар внатре..дури и на -10 надвор си пуши..на кој памет е незнам )
Да. пушам цигари. почнав пред 3 години онака чисто да видам што е финатата.почнавме 5 другарки и до ден денес само јас и уште една сме пушачи. пушам по кутија дневно. и воопшто не го оправдувам тоа.не ги сакам цигарите-ги знам сите последици од нив ама ете зависна сум од нив.би сакала да се откажам и имам неколку пати пробано ама онака не издржав до крај . мислам дека ми треба некој голем мотив и причина за да ги откажам. а и треба тоа да го сакам.сеа за сега не го сакам доволно. така да се надевам еден ден ке имам храброст да им кажам НЕ и засекогаш да ги оставам
Edno prashanje: dali nikotinot vo krvta moze da se zabelezi na krvnata slika, t.e. dali preku krvnata slika moze da se primeti deka covekot e pusac? iskreno izvinuvanje za latinicata, od mobilen pisuvam
Мразам цигари ни сум пробала, ни ке пробам во моето семејство цигари пуши само татко ми и тоа строго НА ТАРАСА
Дома кај мене не се пуши, ниту па во друштво имам многу пушачи. Мразам цигари и се друго што го нарушува здравјето, поборник сум за здраво живеење, здрава исхрана, вежбање и такви ствари, а многу сум против цигари, алкохол (во поголеми количини) и други зависности. Никогаш не би направила нешто што би го нарушило моето здравје - животот е еден и сакам да живеам здраво.