Не сум пушач и не би била никогаш....Не сакам свесно да си го уништувам моето здравје.. Еве и дечко ми пуши и се трудам да го одвикнам...сега за сега ги намали и се надевам дека ќе успеам во намерата да ги откаже целосно..
Не сум пушач. Ниту сум пробала, ниту ќе пробам. Многу ми пречат цигарите. Имам некој проблем со носот и ми сметаат јаки мириси, меѓу кои и чадот од цигарите. Најмногу мразам кога пушат во мое присуство и кога им велам дека стварно ми сметаат цигарите, а тие ми се смеат во лице. Инаку секој си е одговорен за својот живот. Нека пуши колку си сака, ама во неговиот дом, а не на јавни места или во твојот дом, каде има непушачи. Бидејќи што сме должни ние непушачите да го трпиме чадот заради нив. Е такви безосетни луѓе најмногу ме иритираат.
Не пушам, т.е никогаш не сум пробала нити планирам да пробам. Не поради некоја причини туку не ме привлекува. Кога бевме средно сите другарки со кои се дружев пушеа,само јас не. Дечко ми исто не пуши,нити пробал некогаш. Немам ништо против нити ми смета доколку некој во друштво пуши, негово право.
Не сум пушач, порано знаев да запалам по една две неделно, али сега цигарите ми се одвратни и ме нервира што морам да делам соба со пушач (брат ми), што си пали цигара кога и да посака, а на мене тоа страшно ми смета
Не сум пушач, имам пробано некое време и едноставно организмот сам не ги сакаше кога и да земев ми се лошеше, знам дека при првите цигари е така, но мене и поприлично долго време, секојдневно пушење ми беше така и престанав да пушам . Не ми сметаат во друштво или некој до мене ако пуши бидејќи дома од три члена што сме двајцата пушат (и тоа повеќе од 1 кутија дневно)и од мала се имам навикнато околу ''такви'' луѓе.
Досега во животов немам пробано цигара,ниту пак планирам да пробам.И дефинитивно сум против пушењето!
Почнав да пушам од пред скоро 6 месеци,до пред тоа бев огромен противник на цигарите. Гледам да ги лимитирам и да не претерувам,свесен сум дека се трујам,али на крај краева,има луѓе што не пушеле а умреле помлади,пу пу скраја да е. Дедо ми од повеќе од 60 години беше пушач,80 ги доживеа.
Кај да е 6 години ќе се сторат откако тегнам цигари. 5 од нив по кутија на ден. Никаква намера немам да се лишам од тоа задоволство ,освен ,да речеме ,ко ќе сум бремена ,за што ми е многу рано. Уживам со секоја алвеола од моиве црно-бели дробови ,утрото го почнувам со цигара ,онака уште неопулена како што треба ,не пушам со кафе туку после кафе ,со алкохол ич не ми одат (а и алкохолот не ми оди )... Не ми смета друг да пуши ,само ако сме во затворена просторија одвреме навреме прописно да се луфтира ,оти ќе почнам да плачам ,сосе мрсули
Kога имав 15\16 години во средно,2-3 другарки се собиравме и си купивме Cлимс тие тенките,не помина 1 недела и се откажавме,ми сметаше миризбата,и кога ке видам девојче убаво,дотерано а со мирис на цигари плус не ми се даваа пари,си ги чував за козметика,имам неколку роднини кои пушат(женски) и лицето им е со дупчина,црнки Cигурно е од цигарите,така да кога бирам помегу здрвјето и цигарите-бирам здравје! Aх да дома само тато пуши и забите ептен му пожолтеја и само на заболекар оди и поправа
Не пушам и никој од моја фамилија не пуши-маж ми пушеше пред 5-6 години али откако завлезе у брак со мене пошто толку многу му пријам ,ги остави цигарите и сега е ТОП!!!!
Пушам инстант веќе 10та година... Многу рано пропушив...на 14 години..=( И жал ми е заради тоа. Кога би можела би ги оставила но страв ми е да пресечам од причина што се плашам да не се разочарам себеси...
аххх... да реЧам колку би сакала да ги мавнам... но не, ''да сакам би ги мавнала''... само сакам да ми помине ''сакањето'' па да ги мавнам засекогаш... амен.
Јас не пушам...Ама цел живот сум пасивен пушач... Таткоми пушеше до пред 9 години, мајками сеуште пуши, братми пуши, најдобрите другарки пушат....и нон стоп сум опкружена со цигари и чад...
Не пушам и сум многу голем нивен противник. Дома пуши само татко ми и знае дека димот ми пречи(почнувам да кашлам и ми солзат очите) па секогаш кога сака да запали излегува на тераса. Не пуши ниту дечко ми, ниту моите другарки и другари(барем така знам ) и немам некои поголеми проблеми.
Пушам еве веке ја почнувам 5 година како активен пушач ,од дома само јас и мајка ми пушиме..а инаку сите мои другарки пушат.