Имам проблем баш на оваа тема.. Не можам да поднесам мојот партнер да пуши, но тој го прави тоа.. Не забранувам ништо, единствено не можам да го поднесам фактот што пуши.. Сме зборувале сто пати за тоа, вели дека разбира, но сеуште не решил целосно да се откаже од нив, а упорно тврди дека може да го стори затоа што не е зависен, понекогаш минуваат 3-4 дена без да запали цигара. Но дојдовме до заклучок дека порадо би останал без мене, отколку без нив..
Порано не поднесував цигари, многу ми сметаше чадот, ама во последно време се случува понекогаш чат-пат да земам некој дим. Само се надевам дека нема да ми прејде во навика
Пушам...а и кога не пушев никогаш не ми сметале,зато го мразам најпојке законот за цигарите,и многу мразам луге кои изводат демек не можеле да поднесат мирисале цели порано по кафичите хахахах глупости зато сега на мишки и на манџа мириса хахахах
Не пушам, и не верувам да пропушам. Не дека немам пробано цигара ... ама ете, не ми е потребно, плус дополнителни економии ... не не, јок. Али не сум против некој да пуши затоа што сите околу мене пушат, почнувајќи од дечко ми, преку другарки, па мајка ми, па сето Окружење околу ми пуши ... ама фини се, не ми викаат дека ако пропушам(цигари) ќе бидам фраерка Тоа си е избор на секој човек. Е сега дека ми смета чадот ми смета, ама тој ја ветрее собата, а кај нас дома не се пуши, мајка ми си ја бркаме по надвор да заврши работа ... и така, не ми се пројавил некој проблем, до сега барем, пу пу да не ги урочам
Не пушам, ама сите околу мене пушат, така што сум надгласана, џабе е да зборам и да се бунам Инаку секако сум против, зашто е штетно и фрлени пари, ама од друга страна и гледам колку им е тешко на пушачите да се одвикнат.
СТРОГО ПРОТИВ!!!!!!!! Татко ми пуши кај нас, но мајка ми не го остава да пуши сегде, па оди или на тараса или во вц
Пушам, и ми претставува задоволство да запалам цигара со кафе. Но и јас не го поднесувам чадот од цигари, обавезно после цигара, луфтирам во дневна. Мразам кога некој пуши во соба кај што спие, никогаш не сум запалила и мислам дека не би можела да заспијам ако ми влезе мирис од цигара.
Не сум пушач, иако имам пробано, но сепак не фала.На моменти страшно ми смета чадот од цигарите, па да мрчам.Кај мене само мајка ми е пушачот дома па си оди надвор на тераса да си заврши работа
Не и нема шанси тоа гомно во мојата уста не го ставам Иако имам пробано како мала ме лажеа и јас дете ај ама тоа еден дим што е ништо .. Несакам,неможам и не почнувам тоа е се
Отсекодас сум мразела цигари,не сакам да престојувам во затворен простор со пусаци,страсно ме иритираат луге пуцаци без разлика дали ми се фамилија,пријатели,децко итн. Некако...сто знам сто да рецам...никогас не би ни пробала...
ја веќе месец-два не пушам..и многу ми е поубаво..не дека бев некој зависник..али сеа се осеќам поубаво..иначе не сум против
и ја сакам да ги откажам имам више пати пробано али некоако не ми оди тоа откажувањето секад попуштам и палам цигара
Ма пушам ко Турчин што би се рекло Не е за фалење,ама тоа е... На работа знам да не запалам цигара и по 8 саати,ама затоа кога ке дојдам дома... А, кога ке дојде зима, како мечка во длабок сон сум-нигде не ми се излегува заради цигариве.Одвратно ми е да стојам надвор и да пушам ко избркана,а и ми нема мерак. Законов против пушење ме утепа.Всушност, кога ке размислам, само ми ги смени навиките,а порокот си остана...Не може некој на сила да ме натера да не пушам!