Порано многу ми сметаа цигарите и затоа дечко ми не пушеше пред мене 8 месеци. Но потоа почна да пуши пред мене и некако почнав и јас да се навикнувам и да не ми смета. Јас не пушам, немам ставено цигара во уста не ни планирам да ставам. Не сум против цигарите, но тие што пушат треба да се свесни дека си го скратуваат животот.
Не пушам цигари, против нив сум.И тоа е тоа, само едно големо браво за законов (од страна на непушачиве,знам дека на пушачите тоа не им одговара). Но сега кога ќе седнам на вечера,било каде милина.Уживаш во јадењето и осеќаш мирис на храна,а не на цигари, па ме печат и солзат очи...., Спојлер или да неможам од чадот да го видам дечко ми (ова последново беше шала)
Не сум пушач а и не ми сметаат луѓето кои пушат се додека не посакаат дома да ми димат. Е тогаш почнуваат да ми пречат и одма на тераса
многу сум против цигари. има само негативни работи за пушењето : -ниту те прават да се чувствуваш поубаво -штетни се по здравјето -ти смрди косата и облеката -за џабе потрошени пари -и плус стануваш зависен неможеш да се откажеш а на крај ке си умреш од нив тие што не пушат нека не почнуваат никогаш најдобро е
Да. Почнав на 15-16 години, т.е. тогаш првпат пробав. А кога почнав со факултет почнав и редовно да пушам. Многу глупава навика...
Против пушење сум дефинитивно и ми смета кога другарките пушат во моја близина па често знам да ги погледнам накосо.
Непушам цигари ама не сум против тоа ... Иначе би сакала еднаш до два пати неделно на кафе да си запалам некоја али не ми е такво друштвото , така даа ...
јас пушам 7 години веќе, пред една недела решив да не пушам и издржав до денес, 7 дена не пушев ама и кафе не пиев е денес дечко ми свари турско кафе и немаше шанси да не запалам цигара се зезнав ама таа е од утре се надевам пак нема да запалам ни една, искрено не ми е тешко без цигари ама многу јадам, 2 кг имам ставено веќе и незнам што да правам искрено цигарите ме зезнаа многу, и тие што не пушете ви препорачувам никогаш да не почните. Ние сме Женски еден ден ке треба фамилија да се планира, што мене ми се наближува тој период веќе и кога некоа жена е трудна не треба да пуши (барем така знам дека е правилно). но и да не е проблемот бременост, законот за забрането пушење во затворени простории не измрзна посебно оваа зима. како следен фактор против цигарите е трошењето на пари, јас пушев по кутија ипол на ден значи дневно по 150 денари за цигари пресметано на месечно (или па не дај боже на годишно) ниво излеваат многу пари. и сите овие работи и ред многу други решив да не пушам повеке. можеби некогаш ке го прекшам ова ама ќе се обидам да не се случува често
Мене пушачите не ми сметаат..Не сум од оние кои што никоаш не запалиле цигара,сум запалила и тоа не една,не две туку повеќе..Меѓутоа тоа било чисто онака што се вели као ЗБОГ ШЕМЕ..Но не сум ПУШАЧ .. далеку од тоа.Значи многу ретко се дешава да запалам цигара,еднаш во 2 месеца..наспроти моите другарки кои што се страствени пушачи
Не пушам... Не сум против цигарите, гајле ми е- колку сакаат нека пушат луѓево ама во моја близина ми е одвратно... Едноставно го мразам тој мирис.. Кога ќе видам некоја од моиве другарки толку убаво дотерана, на се припазила и кога ќе се поздравиме како во пепељара да сум ја бутнала главата одвратно.
Ne pusam i nikogas ne bi stavila takvo g*mno v usta.Nemozam ni da prestojuvam mnogu vo prostorija kade sto se pusi.A i uste nesto-alergicna sum na luge pusaci...fuj :/
Моментално сум антипушач, не само што не пушам туку и ми смета и чад и пепел и се ми смета. А за иднина не можам да гарантирам...
Никако!Мразам цигари.Еве зошто: *здравјето-прва и основна причина.Абе луѓе побарајте да видите слика од бели дробови на пушач и на непушач.Само толку ви е доволно. *здивот-прегадно мириса здивот на пушачите.Многу е непријатно. *мирисот-со мирисот од цигарата парфемот не постои.Облеката и косата по 1 до 2 испушени цигари мириса,како да сте испучиле 15! *потрошени пари-дали сте свесни колку многу пари троште пушејки по 1 пакла на ден?!Доколку пример цигарите што ги пушите се 100ден. за 1 недела трошите 700 ден.! Многу против,и незнам што е друго потребно за да се прекине со ова пушење!Ве убива!
моментално не пушам,еве скоро 5 месеци немам запалено цигара.а почнав да пушам уште на 12 год. значи имам пушачки сташ од 18 год.и ова ми е втор пат да ги откажам за подолг период.првиот по сериозен пат беше кога останав бремена и немав запалено 1 и пол година.ама па и никогаш не бев некој голем пушач,се случувало да не запалам по 2 дена цигара,и никогаш не палев цигара со кафе или после јадење,нели сите викаат тогаш цигарата е нај слатка,за мене не беше така,за мене цигарата е нај слатка само кога пијам алкохол.многу лесно можам да ги оставам цигарите ама исто така можам и лесно да пропушам пак.
Какви цигари пушите? Не пушам цигари. И мислам дека ова е погодна тема да ви посочам, со најдобри намери:
Не пушам и не планирам.Не сакам да се трујам самата себеси. Мајка ми и татко ми се пушачи и кога пушат бегам што подалеку од нив. Ми иде и цигари и све у печка да ги бутнам!
Никогаш не сум пробала цигара, нема ни да пробамм.. Ми се чини од тоа погадна работа нема во животот.. како можат оние кои се пушачии да го вдишуваат тој дим.. не ми е јасно.. ии стојам црвсто на тоа дека сум ПРОТИВ ПУШЕЊЕ НА ЦИГАРИ..!!!