Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цигари - Дали пушите или сте против?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 6 август 2011.

?

Дали пушите цигари?

  1. Да

    373 глас(а)
    30,1%
  2. Не

    868 глас(а)
    69,9%
  1. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Сум пробала, и палам понекогаш, не стално. Порано си пушев така почесто, но како и да е не сум зависна. Секој има свој став према тоа :)
     
  2. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Не сум пушач.И немам ништо против тоа.
    А желбата за пушење ми е преголема но има време! :lol:
     
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Против сум кога некои се жалат дека немаат пари, кукаат дека живеат во беда, а цело семејство пушат.
    Тоа не можам да го сфатам, и никогаш и нема.
    Ми смета и кога се пуши во затворен простор, ми солзат очите.

    А дали пушам?
    Имав палено онака, од незнаење што со себе во период на досада, а во јунска сесија исто имав некои проблеми кои ме тиштеа, не дека цигарите ми помогнале или нешто, туку онака од чиста мира ми текна да си купам, за да не зјапам на тераса без да правам ништо, да имам занимација.
    После изгледа автосугестивно мислев дека ми даваат концентрација и се навлеков така еден месец со нив.
    Летото ми беше мерак наутро со кафе да испушам 1-2 на тераса, ми се средуваа некако мислите, размислував за многу работи и секогаш сум сакала да пушам на отворено, да го пуштам димот слободно низ воздухот :lol: . Исто ми беше убаво да пушам на плажа, ептен лезетски се осеќав.
    Но не бев некој пушач, една кутија ми траеше некогаш и по една недела, и повеќе.
    Кога залади, веќе ми студеше да пушам надвор, проблемите што ги имав ми се решија- немаше потреба да зјапам во една точка :lol: и ги оставив.
    До душа не ги фрлив, се уште ги носам во чанта, во случај некој да нема да му дадам, и приметив дека и амбалажата се сменила веќе, а јас уште ја имам кутијата со старата :tmi:

    И така заврши моето пушачко искуство, барем за сега.
    Не гледам корист од пушењето, тоа е една скапа навика од која има повеќе штета отколку некакво задоволство.
     
    На baguf4e и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  4. srn4e

    srn4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    111
    Против тие отрови :)
     
  5. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Сум пробала 2-3 пати, и тоа по 2-3 дима тргнував.. не најдов задоволство таму.. Не сум пушач, воглавно и ми сметаат зачадени простории, но не сум против. Не ја плукам тутунската индустрија.
    Ако некој сака, а знае кога му е доста, нека пуши..
    Заборавив.. зашто има и некои што не знаат кога им е доста, нив не ги оправдувам, тука може да се јават последици и тоа тешки, затоа полека и со усул..
     
  6. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Иако живеам со двајца родители зависници од цигари,никогаш не сум посакала да пробам.И нема ни во иднина да пробам и ги осудувам што пушат цигари бидејќи јас тоа го разбирам како сега да земам секој ден по минимум 50 денари да ги фрлам во канта,а покрај парите и да сакам да поминувам повеќе време со личности што пушат,а ми се драги неможам зошто свесно или несвесно ме трујат.И сум ПРОТИВ,многу ПРОТИВ и не би можела ни со партнер што пуши зошто многу ми смета.
     
  7. Katojiikutaka

    Katojiikutaka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    226
    имам пробано димче,и се отрув ми се чини..од тогаш не ни помислив..
    иначе не ги мраза млуѓето кои пушат,тоа си е нивно право..само неможам да сватам кое им е задоволството,што добиваат со тоа ? и сигурна сум дека никогаш нема да сватам бидејки секој што сум го прашала ми одговорил Незнам. :$
     
  8. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.324
    Допаѓања:
    4.778
    Пушев добри 4 години од кои сум правела 2 паузи ( откажувања неуспешни ) од 3 месеци и 19 дена.
    Денес ми е 6 ден како не пушам и овојпат стварно ми се преку глава.Решена сум конечно да се отарасам од нив.Си имав огромни проблеми секое сабајле, губев воздух, повраќав и кашлав.Нонстоп си барав изговори, те ми било од пастата за заби, те од парфемот што го шприцам па од тоа ми се згадило :^)
    Како и да е, веќе цигара не ставам во уста!
     
  9. My.Cloud

    My.Cloud Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    62
    Какви цигари,исто ни ја димот не можам да го поднесам.У автобус одредени луѓе мирисаат на цигари мислиш ќе скокнеш низ прозор со сиот памет :puke:
     
  10. K0ST0VA

    K0ST0VA Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    58
    Не пушам и сум многу против. Само колку ти го оштетуваат организмот и белите дробови. :puke: си го скратуваш животот. А некои да ми се прават фраери почнуваат да пушат од петто одделение. Божеее.пропалитети. :fubar: :puke:
     
  11. ANELIJA

    ANELIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    154
    Прочитав неколку страни назад речиси сите напишале дека се непушачи,е јас мили мои да си кажам релано(без тоа палам по некоја ова она ,се вели влечам за да не изгаси) јас сум пушач и пушам по една пакла дневно,сум помислувала да ги оставам но неможам.навика ми станале веќе 4 годинини |( |(
     
  12. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    Никогаш никогаш никогаш х100000000000000000000
    Сите дома кај мене пушат признавам ми сметаа!!
    И тоа премногуу!
    Сметам дека тоа ти се само залудно фрлени пари
    еве една пресметка
    една кутија цигари е 50 ден да речеме 50 ден по една кутија на ден во годината ќе бидат 50х365=18250
    Ее вие знаете ли кои пари се тие бе!!
    А некои шо дават и по 80 70 ден за цигари скоро дупло
    со тие пари можеш да си ги купиш штиклите кои оддамна си ги посакувала а си немала пари да ги купиш кои биле скапи...Со тие пари можеш да идеш негде во станство на 2 недели и повеќе!!
    И ај рачунај 18250 ден во теков на 10 години знаете колку испаѓа? 182500
    И ај сега да ве видам дали кје се откажете или не!
    Истотака и штетат на сите органи во вашето тело!!
     
  13. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    секогаш сум била против цигарите и никогаш не сум сакала да пушам,ама откако се преселив овде ми беше многу тешко,особено кога спремав испити на италијански и пред еден испит имам испушено две оти бев многу нервозна и под стрес,значи прв пат во мои 20 години без никој да знае запалив цигара и не беше некое задоволство...можи би запалила пак но не наогам некое задоволство во пушењето за да продолжам. :)
     
  14. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    И кај мене домашите пушат, тоа многу ми смета, а и е залудно фрлање пари :?:
    За тие пари можам да си ја купам омилената блуза патики и сл. а не да чекам на мајка ми и татко ми да им ја дадат платата :fubar:
    А и + тоа штетат на сите органи и на забите
    Бај да веј не пушам и нема да пушам зашто знам какви се последиците :x
    Кај нас во маало еден човек почина од рак :( (што се не му изнадаваа за да оздраве) ;(
     
  15. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Немам запалено цигара и не ни планирам, дефинитивно сум против нив! :x :puke:
    Многу мразам кога до мене некој ми дими со цигарата и онака гајле нема :devil:
    Секогаш на тој што е во моја близина и има запалено цигара, му викам ако може да се потргне малце и да не ми дими за да не мирисам на цигари, кога не пушам! иначе кога сум во дневна и пушат моите, секогаш отварам прозор малце да се изветрее затоа што ќе се угушам иначе :lol:
     
  16. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    немам ни едно истушено а нема ни да испушам и сум строго против нив
     
  17. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Против цигарите. Немам запалено и одвратно ми е кога ќе мириса некој на цигари |( А некогаш па кај мене и дома пушат и многу ми смета, ем штети на здравјето, ем премногу фрлаш пари. Некој ако пуши по една пакета цигари ете од 50 денари нека биди, наместо цигари можи да си купува секој ден чоколадо :angel: Или па да си ги штеди парите и да си купи нешто разумно :)
     
    На Eleonorastrumica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Не сум пушач, а сум против кога ми доаѓаат дома пушачи - нормално ги бркам на тераса.
    Многу ме израдува законот против пушење во внатрешни простории. Не за друго, кога си доаѓам дома, не корнам на чад и не морам да се луфтирам ко недоветна.
    Со сета почит кон страствените пушачи, но за мене тоа е одвратна навика, бадијала потрошени пари и уништено здравје.
     
    На Eleonorastrumica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    И јас не сум пушач и сум многу против пушењето кај мене дома сите пушеа,па зедов и маж пушач али никогаш не сум пробала да пушам ниту пак сакам зошто уште кога ќе ја мириснам кутијата ми се гади а не пак тоа да го пушам
     
  20. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.244
    Пушач сум 8-9 години. Не сум од оние што сакаат да ги остават ама не можат од пуста навика, туку едноставно уживам во секоја запалена цигара. Не дека не сум зависна ама се обидувам колку толку јас да ги контролирам нив, а не они мене. Секогаш кога сум болна или кашлам не пушам или палам 1-2 со кафе и сум си ветила дека нема да пушам за време на бременост и доење, тоа ми е и воспитување од мајка ми. Исто не пушам во близина на трудници, стари луѓе или кога има многу непушачи што им смета. По гости обавезно прашувам дали се пуши кај нив дома, а ако се непушачи и колку и да се љубезни и да инсистираат да пушам внатре, обавезно излегувам на тераса.
    Е во кафич ако ми стават пепељара тогаш не се замарам искрено и си пушам.

    Свесна сум дека се штетни и дека за некого можеби имаат непријатна миризба. Дури и јас што сум пушач некогаш знае да ми засмета чадот, особено за време на јадење. Тогаш па на крај на памет не ми текнува да палам цигара. Лошо е да мирисам постојано на цигари,ама веќе не се ни приметувам :wasntme: за секој случај почесто мијам коса, заби и перам или луфтирам алишта. Не сум имала до сега дечко што воопшто не пуши иначе сигурно ќе сум морала повеќе да се воздржувам, ама изгледа потсвесно така ги бирам :D