Не сум пушач, моите дома се, имам пробано, но едноставно не ме влече. Не можам лесно да станам зависна од нешто, за моја среќа. Не ја гледам убавината во нив. Не ми причинија никакво задоволство кога пробав. Не ми смета многу кога сум во иста просторија со пушачи, но мразам чадот да ми го ставаат под нос и да ми оди в лице!
Не сум пушела,не пушам а нема ни да пушам! Ако има нешто што мразам на светов тоа се цигари! А и во моето семејство сите се непушачи така да се држам подалеку од цигари
Не пушам! Тоа е најгрозното нешто во живототт! Моето семејство не пуши и така не сум во близина на цигари (пушачи)!
Сите што ме познаваат велат дека сум најчудниот пушач на свет. Пушам само додека сум на работа, а дома ни на крај памет не ми текнува, и 10 кафиња да испијам нема ни да помислам на цигари. Во Саботите ко си одам од работа во 16ч наредната цигара ја палам дури во понеделник кога ке отидам на работа
Не пушам, и нема никогаш да почнам. Премногу ми смета мирисот, и мразам кога сум во просторија каде што се пуши, и после целата облека, косата, се ми мириса одвратно
Не пушам ама немам против ни тие што пушат. Татко ми вика првата цигара на 7 години ја запалил и до ден денес не може да ги остави. Сведок сум дека се трудеше ама нема шанси бе. Кажав, немам против за тие што пушат додека чадот не иде на кај мене. А ако дојде.. е тогаш почнува кавга. Ми смета бе, се гушам.
Не пушам и сум многу против цигарите. Многу ми сметаат кога ми се пуши во близна и во затворен простор. Секако не си зимам за право да му кажувам на некого што да прави со животот и на што да си ги троши парите, само нека не ми ја држи цигарата до носот Никогаш не сум можела да ги разберам зависниците од цигари, мислам тоа ниту се јаде ниту се пие, пак алкохоличар ќе разбереш, ама пушач неможам да разберам. Прави само вдиши издиши и е зависен Не ми е во план да запалам цигара никогаш, а и многу се скапи бе. Луксуз е денес да даваш по 70 ден за цираги бре...
Пушам и сакам да ги оставам ама некако не иде ама среќа ги намалив највеќе 8 цигари на ден пушам . И да им препорачам на друите кои што се уште не се зависници да ги остават додека е време зошто после ќе се мачат како мене да ги остават ))
Е*ено ПРОТИВ ! Неможам да замислам да фрлам пари на вакви шитови... Мислам имам пушено порано, али не најдов некоја убавина и среќа на време си ги оставив. Али сум дефинитивно против...
После некој месец од овај коментар,пробав цигара ме фати мерак Не пушам нон стоп некогаш ради филм,или на нервоза.На една рака се бројат колку имам испушено од тогаш