Имам пробано како мала, од љубопитност. И тоа дома пред моите...лошо искуство. Сите ѕвезди ги видов Мене цигарите ми се многу бесмислена работа - фрлање пари за нешто што не прави ништо друго освен штета за телото. Уништување на самиот себе. Лоши се за здравјето, лоши се за забите, за здивот... ниту се јадат, ниту имаат некоја друга корист. Ајде некој ќе рече пуши заради стрес. Е богами со тоа што ќе се отруеш самиот себе баш ќе си го решиш проблемот. Кој сака нека пуши, негов избор, ама мене многу ме нервира ефектот врз непушачите. Добро што сега со закон малку се потсреди пишењето на јавни места, зошто лично за мене, на моменти навистина престојувањето во зачадени простории ми беше неподносливо! Во контекст на муабетов
Јас пушев 7 години и еден ден реков од денес непушам и еве 2 години непушам,само треба силна волја и решителност и мене на почетокот ми беше тешко навикната секое сабајле кафе со цигара, никако не ми одеше кафето без цигара или кога ќе се најдам си палев цигара. Мислам дека се е навика како сега можам кафе без цигара и кога ќе се најадам да не запалм цигара.
Јас кога бев мала, го гледав татко ми како пуши и еднап му реков: Дај да пробам. И тој ми ја дава цигарата и вика влечи најсилно што можеш. И јас нормално послушав и нормално после цел саат не можев да се оправам и сега не пушам, бар не редовно, понекогаш кога добро ќе се опијам сакам едно димче
Пушев некое време, но сега не. И да ви кажам многу ми е поубаво вака, ем си имам нон-стоп парички ем не се трујам ко турчин некој . А да, и сега кога ќе видам чад од цигари ми се гади, не можам да ги смислам
Порано не сум пушела,но сега почнавме со другарките така да купуваме по една кутија,онака на зафрканција,како да ни биде по забавно
сум се форсирал да почнам да пушам..не ми оди .. го неам стилот.. а и башка се зезавме со еден другар кога ја држиш цигарата измеѓу третиот и четвртиот прст како што јас го праам тоа.. ХАХАХАХАХА изгледа као да пушам нешо друго по оштро затоа не узпат.. во моето школо Хемиско ...има забрана за пушење... несмее нигде во простории на школо да се задими една... КАЗНА ДО 200-300 ЕВРА ..бркање од школо и слично ... според мене дискриминирачки .. АМА СЕПАК ..напнаа некој ... на пола часови не доаѓаат за да пушат ЏАНАЦИ
Јас само незнам што гледаат толку убаво во нив.. НА пример да беше нешто убаво еве да кажеме си јадеш сладолед ова она убаво е. ама па цигари?? што е убаво кај нив?? Едноставно сами си одлучуваат да си го скратат животот.. тоа е..
Колку што чув од мајка ми,која активно пуши 20 години,не им е убаво ни нив,ама пак ниедна зависност не е лесна за одвикнување без разлика колку сакаме да ја откажеме. И жал ми е за неа. Свесно си го уништува животот. Што се однесува до мене,не ги сакам ни малку,ама па не до тој степен да сакам да ги затворат пушачите у просторија и да им пуштаат чад па да видат како им е! Едноставно,неутрален сум. Ако му е уживање со шоља кафе да испушат една,неможам јас да им го скратам задоволството. Нека си прават што сакаат. Јас ќе сум на друго место и ќе јадам сладолед.
Не пушам, не ги поднесувам цигарите и не ги оправдувам! Извинете пушачи, ама за законот за забрана во затворени простории целосно го поддржувам !
Ако оставате цигари, оставете ги кај мене Пушам цигари да, и тоа многу. Пушач сум од 8 одд.- рано знам ама ете... Тогаш не пушев многу, а сега една кутија на ден не ми стиза. Знам дека не е убаво и мене лично ми пречи, ама тоа е, треба ептен јака воља за да се остават. Стварно се зависност! И покрај тоа, кога многу ќе се пуши во некоја просторија ми пречи димот. Очите ми солзат. И кога пепељарата ќе е полна со пикавци ме штипка носот. Пушач сум и стварно не ми е јасно зошто е така.
пушев 3 години и престанав еве веке повеке од една година не пушам и сеа кога ке помислам некогаш да запалам ми се гади и не можам... но многу подобро се чувствувам од кога престанав да пушам и мислам дека никогаш повеке нема да пушам
Не пушам, ниту сум против некој ако сака да пуши. Секој со својот избор и своите одлуки. А дека бев пресреќна со законот за непушење во затворени простории, бев. Неможев да дишам кога бев излезена, сите ти се чини ти чадат во фаца, башка што кога некој ќе се напие повеќе, па не гледа кај све ја мафта цигарата, па се враќаш дома со дупки по блузите...