Јас сум дефинитивно против! Со денешнава младина ретко кој останува на својот збор како помал дека нема да пуши. Колку ми е само мило што имам став и свое јас, за разлика од некои...
Кога се цигарите во прашање сум најголем противник. До сега не сум пробала цигара, а и не би пробала во иднина. Цигарите се еден од најголемите човекови непријатели, не носат ништо освен штета, но најтажно е тоа што поголем е процентот на пушачи отколку не пушачи во земјава. Татко ми е пушач и многу ми смета кога ќе запали цигара. Доколку во текот на денот имало дим од 3 цигари (најмалку) во моја близина неможам навечер да заспијам. Што ќе добијам доколку пушам цигари? Повеќе пријатели, повеќе почит, повеќе самодоверба, 'слава'? Гледајќи од повеќето во денешно време би кажале да, но што е до мене ниедна од предмалку наведените причини не би ме натерала да запалам цигара. Никогаш не сум гледала задоволство во цигарите. Многумина не гледаат, но за популарност меѓу луѓето во денешно време и тоа се прави. Сите се посегнаа по цигари само за да ги сметаат 'ин' и 'кул' и да придобијат се повеќе 'пријатели'. На тие што пробале и неможат да се откажат - голема им мака. А оние кои досега не се посегнале по цигари - нека се задржат на тоа и понатаму!
Не пушам не ми смета доколку некој запали цигара. Но понекогаш се нервирам кога излегувам и сите околу мене ко оџачи се и целата облека ми замириса на цигари.
Не сум пробала, а нема ни да пробам. Не гледам задоволство во труењето. А кој сака нека си пуши, мене тоа не ми смета. Освен дечко ми. Не би сакала он да пропуши, тоа би ми сметало.
Еее темава за мене да си се испофалам Јас да ви се пофалам девојки од ланскиот мај немам запалено ни една цигара што значи 1година сум непушач. многу се радувам и се годеам со себе што успеав,мислам роман ке напишам од толку што сум среќна (сепак се работи за моете здравје) Сега кога ке се сетам што се и колку нервози трпев за некоја си глупост си викам кај ти беше умот цели 5години Сега и мене ми смета а најмногу, што косата и облеката ми мирисат на тутун. Значи кој сака ке успее па на тие што сакат ама вистински сакат да ги остават и држам срекичка едно за мене
Пушач сум некаде 6-7 години, има периоди кога пушам по пола кутија на ден а има и периоди кога пушам по кутија ипол. пушам дома но не толку, али кога ке излезам на кафе и сл пушам многу повеке, а сега како што не се пуши во кафичите, посебно зимово цело време надвор си стоев...на неколку наврати сакав да ги оставам цигарите, ама неможам, односно не сум се потрудила подобро... несакам да се залажувам дека ке ги оставам кога знам дека нема
Не пушам, ама немам против цигарите. Сум запалила едно- две и тоа од најслабите, тие Слимс со пеперутката, ама џабе. Јаки се тие за мене. Кога едвај научив да вдишам ме гребеше грлото, ми маваше во глава, имав вртоглавици.. Јок, не се за мене. Другарка ми пуши нонстоп, во еден саат 6 цигари пали и понекогаш се расправаме зошто ми смета чадот, ми солзат очите. Секој си има право на избор на оваа тема. Не се ништо страшно според мене. Ама воопшто не ми се допаѓа девојка да мириса на цигари.
Не пушам и сум против пушењето. Во затворени простории не сакам да ми пушат до мене, ми смета чадот. Ме гуши и цела смрдам после на цигари. На отворено што сакаат нека праат. Никад не сум рекла на гостин немој да ми пушиш дома или слично ама многу, многу ми смета.
Цигари пушев пред 2 години и ги откажав. пушев некаде 2 ипол година по кутија ипол денот. Сега ко ќе ми текни се чудам како сум можела да пушам премногу ми сметаат Фала му на бога што ги откажав