не пушам..и ми сметаат неверојатно кога татко ми пуши морам да излегувам надвор од просторијата затоа што одма ме боли главата..... дедо ми исто така пушеше и има веќе 10 години од кога им кажа НЕ на цигарите....
јас пушам... за жал.... почнав на 16 онака демек со другарка ми да бидиме "cool"... Штета шо то ми премина во зависност... сега една пакета дневно не ми бега а имам 20 год....
Пушам само кога сум во друштво,ама ептен реткоо.Немам ништо против тие што пушат ама ако некој друг пуши многу ми смета,ме боли глава,ме печат очите и затоа веднаш се повлекувам
Јас бев НАЈПРОТИВ ЦИГАРИТЕ !!! Не можев да се замислам со цигаре, никако !!! И сеа си се мразам самата себе. Сите у друштвото почнаа да пушат, бев единствена од 20 души која не пушеше И поради моето најсакано друштво, за да не се двоам нели сега за жал, денот не ми минува без барем едно цигаре Не сум зависна, можам да ѓи одкажам ако решам, ама ете, некогаш и нервозата си го прави своето
Не пушам, и немам ништо против пушачи, ама да дојде дома и да ми ја задими цела куќа - е тоа е она за кое сум против.
И што, заради друштвото ти ќе се менуваш? Бог да чува. И каква е таа фаца wasn`t me што си ја ставила? А кој друг бил? Ти ставил некој пиштол на главата пуши или што? Си имаш ти некое свое јас, некои свои принципи кои без разлика на било кој нема да си ги показиш. Бог да чува level 1534254314252.
^ Се сложувам. И моето друштво се пушачи и сепак јас не пушам, само што не сум еднисвена туку и мојата најдобра другарка исто така не пуши. Али, сеедно, и да не беше она јас немаше да пушам. Си имам свое јас, си имам свои ставови кон тоа и свои принципи кои не ги прекршувам и никогаш до сега не сум ги прекршило. Стојам цврсто пред пороците, како кинески ѕид сум Во тие години сум кога е „најопасно“.. сите на мои години започнуваат.. школските дворови се пуни со пушачи бројот си расте, ама ако.. Јас сум си ветила нема и НЕМА да почнам.
Mysterious, не реков дека некој ми стави пиштол на главта и дека некој ме навлекол ! Моја иницијатива, моја одлука. Значи кога поминуваш и повеќе од половина од денот со луѓе кои што пушат, верувај, и ти ќе запалиш, ако не друго барем од љубопитство И уште нешто, не гледам зошто толку остро реагирате, секој има право на свој избор! позз
Не реагирам уоппште строго, ти строго не си видела, а ако си дошла на форум а не си спремна за критика или пофалба на било што што ќе напишеш, напушти терен. Јас верувам дека ќе запалам, затоа што јас сум пушач веќе четири години. И јас бев единствена од моите другарки кои пушев. Оти како што викаш и ти, секој има право на свој избор, ама ова не било твој избор, и самата си кажа. И тие до ден денес на секоја цигара ми викаат, зошто пушиш, откажи ги, затоа што ми се вистински пријатели и им е гајле за мене, а не како твоите ако не запалиш свршено е меѓу нас. Но многу ме нервираат е вакви како тебе, слаби на карактер, јаки само на зборови, а еднаш да им ссниш и ќе ги снема.. Муабетот ми е дека понатаму во животот ќе има толку многу други работи за кои ќе треба ти сама да пресечеш и да си одлучиш. Ако сега сите твои другарки почнат да се пафкаат, трави и такви глупости и ти ќе си со нив? Ако се фрлат во Вардар и ти ќе си со нив? Ова е само добронамерно, ако навистина не сакаш да пушиш, откажи уште додека ти е рано, затоа што поголемо зло кое бавно те убива од цигарите нема!
не пушам ,а и не планирам да пробам .. познавам многу луѓе кои пужат и знам дека честопати се изложени на опасност заради цигарите...
сум против цигарите многу , но понекогаш кога ќе се изнервирам си палам по една две , и со друштво кога сум знам некад да запалам , решителна личност сум и се надевам дека ќе ги прекинам еден ден
Не реков дека не сум спремна за критика или нешто слично. Ме иритираат само луѓе кои мислат дека се знаат Значи девојче не ме ни познаваш, очигледно, не си прочитала добро што напишав предходно Пред да му судам на некој, прво го гледам у очи, неможеш да ми кажуваш каква сум, а уопште да не ме познаваш, не се праам силна на карактер или нешто слично, само ти до далеку го дотурка муабетот
Редовно не, но понекогаш со другарките палам, кафица ово оно. Па со алкохол како одат охоо. Имам понекогаш желба да запалам по некоја но не ми се верува редовен пушач да станам. За против не сум, ако му се пуши на некој нека пуши, за него си пуши.
Јас не пушам ама сите околу мене и родителите и другарките сите пушат и јас преставувам пасивен пушач и понекогаш многу ми смета чадот ама тоа е мора така да биде
Не пушам цигари...но скоро секој околу мене вклучувајќи го и семејство пуши цигари.Така да не сум против...секој со своја желба