Јас сум лично против пушењето, бидејќи тоа е зависност и е штетно самото по себе ,како сите останати пороци. Пред се затоа што сум спортист, и во моето потесно семејство, па и во моето друштво и сите мои блиски луѓе не пушат. Навистина бев среќна кога го донесоа законот , за забрането пушење во затворени простории, на работно место. Сепак секој за себе си бира и најдобро си знае што е лошо ,а што не.
Знам колку е штетно пушењето и свесна сум за последиците меѓутоа нема да се одречам од тоа задоволство. Да, пушач сум. Кога ќе почнам со планирање на семејство тогаш тој период ќе ги прекинам
КОга бев помала мнгу сакав да пробам да пушам цигари. Кога прв пат запалив, за малце и ќе повратев. Неможев никако да го видам задоволството во тоа. Кога помина некое време веќе неможев да им го поднесам ни мирисот, кога пуши некој во моја близина осеќам дека се гушам и ми иде да му ја угаснам цигарата. А тоа е лошо, и затоа не ме обожааваат во моето друштво на пушачи. Си купив еднашка едно многу убаво новчаниче за мобилен и за цигари. Од пусти мерак за новчаничето си купив и кутија Родео слимс. И ден денес ми стои во новчаничето. Неотворена
Не сум пушач и никогаш не би можел да пушам затоа што ќе ме удри на вежбањето и кондицијата кои ми се веќе дел од животната рутина а и не гледам задоволство да ставам дим во бели дробови од кој немам ама баш никаква корист. Единствен проблем ми е што секогаш без исклучок налетувам на жени пушачи па си имам мака да се прилагодам на пасивно пушење.
Пушам, зошто ете ми е задоволство уз кафе, лезетски да си пафкам со цигарата, поубаво ми е кафето со цигара, убаво ми е и после ручек да си запалам, и уз алкохол ми иде... Но не сум некој страствен пушач, една кутија ја пушам 2-3 дена, 5-6 цигари дневно ми е просекот, само кога пијам алкохол тогаш пушам повеќе. И поради тоа можам во секое време да ги откажам, ми се случува со денови да не запалам, дали сум болна, во друштво на непушачи и мали деца, или едноставно таков ми е периодот не ми е никаков проблем и да не запалам цигара, не ме фаќаат кризи или слични ствари. Едноставно пушам зошто ми е убаво, и ќе пушам додека сакам, ако некогаш мислам дека треба да престанам, или дека цигарите почнале сериозно да ми го загрозуваат здравјето во истиот момент ќе ги откажам.
Никогаш не сум била фан на цигарите. Имам земено само димче од другарка да видам што тоа толку им е слатко на сите на што само се потврди дека не можам да ги поднесам, од самиот мирис почнува да ме боли глави и да ми се лоши. И очигледно никогаш нема да сватам како може кога некој уште не јаден сабајле кога ќе запали цигара и кга ќе искоментира колку му е слатка фуј! Како и да е секој си знае што прави со себе. И неможам да ги раберам оние родители кои им кенкаат на глава на децата како не смеат да пушат, како се штетни и дрн дрн дрн, а они самите се пушачи и не им паѓа на крај памет да се откажат од цигарите. Само полошо прават така, наместо да знаат дека детото им пуши цигари тоа ќе ги лаже и ќе се крие од нив.
Немам некој посебно изграден став околу ова. Индивидуален избор. Чадот не ми смета пошто сум израснала во средина со пушачи, но јас лично не сум пушач и не верувам дека некогаш ке бидам. Во моиве 20 години, имам запалено максимум 10 цигари, онака уз друштво, и ниту ми сметаат, ниту пак сфаќам како би можела да станам зависна од вдишување таков чад.
Не пушам,нема ни да пушам,не поднесувам многу цигари. Домашните мои пушат,и јас го вдишувам чадот,колку што е за нив штетно толку е и за мене...ама јас битно си се декларирам како непушач.
Ни јас не сум пушач, ми смета миризбата и порадо би мирисала на парфем отколку на цигари. И моите дома пушат, ужасно многу ми смета, но строго е забрането тоа да го прават кај мене во соба, па на некој начин ете, наоѓаме компромис. Летно време практикуваат да си ги дуваат цигарите на тераса, а зимно време пробуваат да ги намалат за да не се угушат они самите во сопствениот им чад. Затоа, цигари дефинитивно - не, благодарам, ништо добро не носат, а и пре би си купувала секој ден менѓуши од 50 денари, него ли кутија срање што ми го уништува здравјето.
Не не пушам и не не поднесувам цигари. Знам некои ќе кажат дека не треба да судам, дека е нивен живот и бла бла бла , амам јас еднставно неможам да сум до некој што пуши, а уште помалку па да одам со некој што пуши Абе многу ми е одвратно, ме гуши, ми солзат очите , а миризбата ми е една од најгадните миризби.... И мило ми е за законот да не се пуши по кафичи...И многу се нервирам кога ќе ми кажат мој живот ќе се трујам ако сакам Па труј се ти де многу ми е гајле , ама не ми дувај со таа цигарата во лице...знам еднаш требаше да седам во затворен простор ама искрено ич не ми текнува кај и во што...И кај беше прежешко, гужва огромна и не се дишеше , уште па земале многу да пушат...Е мислам тогаш ќе пукнев
Строго сум против пушењето цигари, немам ни дим пробано плус планирам медицинско лице да бивам шо е ова.. Бившиот ми пушеше многу на почетокот ми сметаше ама се навикнав.Незнам мириса некако ама и секси е...Сепак јас сум против!
Мене ми е само многу мило што со дечко ми го делиме истото мислење за цигарите. И он си е закоравен непушач. Дома не ни мириса на цигари За разлика од кај мајка ми, она пушеше по 2 кутии на ден, нон- стоп мирисаше на цигари, па уште кога ќе седнев да јадам, ќе седне до мене и ќе пафка со тоа цигарата Ептен за тоа се расправавме и цело време и префрлав. Мислам дека ќе и беше помило на жената да почнев да пушам, па двете ќе си се труевме, а не јас само да и префрлам . Ама сега сум раат. Дома барем
Можеби ќе бидам малку офф-топик, ама би сакала да слушнам некои искуства од поранешни пушачи. Како успеавте да ги откажете? Јас постојано си ветувам дека ќе ги откажам, и другите ме опоменуваат, ама изгледа се залажувам самата себе, а и другите...
Пушам, ама се контролирам. Да, да, стварно се контролирам. На пр. можам да седам еден месец дома и да не помислам на цигари. Значи кога сум дома воопшто не мислам на нив. Вака кога седнам на кафе, може, колку да правам нешто со рацете. Јас се чудам како некои пушат две пакли на ден. Јас една ќе ја лигавам цела недела, а пушам веќе три години. Така да не сум во почетна фаза. Еден ден кога ќе си оформам фамилија, пушење кај мене дома... нема шанси Надвор! Па ако треба и +50 нека е или -50.
Не пушам. Никако а за тоа сум му благодарна на дечко ми, едно време пред 3-4 години почнав да пушам ама по 1-2 цигара денот, а дечко ми многу ми се лутеше и ми рече да одберам помеѓу цигарите и него и јас го одбрав него, и ден денес сум му благодарна оти ако не ми се лутеше тој јас сега ќе пушев можи и по 1 кутија дневно, а сега неможам ич да ги поднесам само да намирисам одма главата ме боли и фала му на тој што го измислил законов за пушење, раат седам по кафичи и не ми мирисаат алиштата и косата на цигари и здивот не ми смрди (Господ да ми прости), како лај*а да си јадел и згора на се поекономично е
Отсекогаш сум била против цигарите,знам многу личности кои и да сакаат да ги откажат не можат.Не ми е јасно како и болестите не и се доволна причина за да пробаат да ги откажат цигарите.Знам една пријателка на мајками која има тумор на плуќата и никако не може да ги откаже цигарите,се крие од дома за да запали една цигара..Возрасна скоро средновечна жена а толку безкарактерна..Животот и зависи од тоа,сакал неќел мора да ги откажеш...Секако не го знам тоа чувство,имам пробано една-две но уште кога ме закашлаа знаев дека тоа не е за мене.
не пушам,моите се пушачи и многу ми смета чадот и миризбата.Цигарите се најголема глупост.Облеката,рацете,косата, забита..... многу лошо мириса..